Не мора да си правник за да го познаваш законот. Инаку, потребно да се направи иницијатива за да и се помогне на девојката од Кавадарци и другите со таков предмет. А тие кое се сликале лично целосно голи, нека си одлучи државата, има институции. За мене е неприфатливо.
Сега една другарка ми пиша дека и она е една од нив. Бившиот и ги пуштил личните податоци, со слика од неа најобично облечена. Добила 20 непознати повици и 50 follow requests. Незнае што да прави ни дали вреди да се пријави во полиција.
Имам предлог да напишеме статус на фб, инста твитер со текст пример: Дали вие од МВР ( да ги тагнеме) и вие од ( тие за компјутерски криминал, или како да беа) Кога би виделе ваша сестра, жена, роднина во таа група со слика лични податоци и број би превземале ли тогаш нешто??? Вака некако или ако има некој друга идеја и да кружи по социалниве мрежи и со хаштг.
Што нема, испаѓа за инат објавуваат податоци. Како толку може да сакаш да му наштетиш на некој, особено некој кој бил дел од твојот живот.
Мене веќе почнува да ме плаши оваа работа, не дај боже некој кретен да ми зимс мои фотограафи од мој профил на социјалните мрежи па уште и мобилен број и адреса да дава... Оваа работа е сериозна некои девојки немаат јак карактер може дс западнат и во депресија од такви хиени што поскоро дс ги стигне божјата казна.
Може да биде и на Англиски споделувано со хаштаг. Нека иде поглобално. Нека се види како државата/ите штити/ат манијаци.
92.000+ прегледи и 90% позитивни коментари кај девојчево. Твитер исто врие. Нема да има мал одзив протест. Само треба добра организација.
Има две групи на Телеграм од Јавна соба. Едната е до 2к членови, другата е со 3к членови. По се, изгледа таа со 7к членови ја избришале, бидејќи ја нема. А во другите две нема ништо пишувано. Најверојатно и таму е бришено од разговорите. Иначе има и опција за да ја пријавиш групата.
Единствен начин да чукнат глава е ако им постои закана од правен аспект за кривично да бидат гонети, а воедно и закана од губење работна позиција и статус во општеството. Мислам дека прво и основно девојчињава кои се нашле во групата треба да соработуваат меѓусебно. Да го соберат сиот доказен материјал кој го имаат, а и идентитетите на 90 посто од сељациве реално многу лесно може да се откријат (кои се и што се, каде работат за да имаат последици и од тој аспект) со оглед на тоа што толку им е капацитетот. Понатака за протест, сета поддршка од другарки, сестри/братучетки на другарката, колешки итн. Следно, излегување на масовни протести со фаците на копуциве закачени на огромни банери, со имиња и презимиња, да ги знае цела држава. Мојот предлог е и да се преброиме сите на Феминава кои би ги поддржале и доколку некоја од тука познава некое од девојчињава, да се дадат идеи, да им се каже дека има и други кои стојат зад нивните права, кои веруваат дека ова мора да запре и конечно кривично да одговараат сите кои се дел од бедотијава.
Ај сликава што ја пратиле ја пратиле. Ама што ќе им е бројов објаснете ми? И што ако и ѕвонат? Што и викаат? "Јака си" "Ух како би ти го.." Се кладам дека немаат храброст да кажат такво нешто..
Ова што другарка ти го вели го велат и 90% од жртвите, а вака ништо не правиме. Се разбира дека вреди. Треба секоја жртва да пријави, без срам, таа нема зошто да се срами. Колку повеќе, толку подобро. А ние останатите да ве подржиме за овој проблем да се реши. Па дури и мажите треба да не подржат денес некои лица кои не ги знаете може да се жртви, но утре може жртви да биде вашата сопруга, сестра, ќерка.
Јас да бев во групата, би ги извадила сите што се со број и име и би ги напишала некој пост. Ако смеат мои лични податоци да шират, зашто сум го барала. Смеат сите да знаат кои 40 годишни дркаат на 16 годишни девојчиња, зашто и они си го бараат. 90 посто од голите слики се девојчиња што се малолетни или пак се најобични слики со нивни лични податоци. Доколку ви стигаат пораки од најразлични типци, фино лепо идете и пријавете ги за сексуално вознемирување. Ако веќе не можете да пријавите да се најде кој ја проширил сликата, имајте ги боревите и имињата од батките што ве замараат. Гниди неиживеани.
Веќе работава не е се сликала гола, зашто се сликала гола, требала да знае подобро. Моментално кој и да било може да стави моја најнормана слика и да пише број. Напатени души за секс. Последен пат кога биле блиску до пичка било мајка им коа ги раѓала.