Bez razlika sto i da dobijat.Porakite se kodirani i tesko mozes da im vlezes vo traga.Zatoa Telegram stana popularna.Ja koristat za sekakov vid kriminal,prenos na informacii i slicno.
За се' се согласувам. Ама најголемиот проблем е во тоа што во величествената патријархално слика за културно општество, не е важно дали машкото пратило слика или не. И нема врска со памет нит години. Важно е дека женската сексуалност МОРА да биде стигматизирана, во спротивно општеството ќе западне во блуд и разврат и неморално општење. Женското тело МОРА да биде цензурирано зашто самото по себе е срамно, и затоа воспитана и културна девојка никогаш нема да ја изрази отворено својата сексуалност, затоа што без разлика на тоа каков е нејзиниот интелект, доколку го направи тоа, таа е курва по дифолт, и нејзината култура, разум и воспитаност се едначат со нула. А мажите, мажите само имаат нагони.
Мажите воопшто не се "криви,,. Јас во мојов животен век не сум сретнала група девојки да споделуваат dick pic што рандом загорени манијаци им ги праќале , па уште помалку со име презиме и линкови од профили да се ставени. Ама не пак жените се криви за целиот хаос што се случува ,ги наведуваат сиротите мажиња !
Прво нека си ја завршат работата, отпосле нека биде известена јавноста. Не како сега. Не го интересира секого да слуша со денови за абоминациите на 21. век.
До сега устата пена ми фати од зборување и зборување на децата И двете немаа појма дека постои таква група и ја немаа инсталирано на телефоните ама срце мир не ми дава каков луд свет е моментално а не знаеш од што попрво да ги браниш, и учиш советуваш многу тешко многу труд треба со овие деца
@Dust ако велиш не мораат девојчињата да праќаат свои слики, онда мора ли машко што ќе добие таква слика да ја сподели? Или треба да ни е нормално да постојат такви манијаци па ние да пазиме. Едит - и патем немој ни во хотел да одиш или во кафич и трговски во тоалет зашто може имаат камери па и твои слики/снимки да завршат во погрешни раце.
Епа Даст што да збориме веќе кога имаме сепарација на 'паметни' и 'непаметни' кои погрешиле. Само што јас мислам дека секоја жртва на интернет булинг и педофилија треба да се заштити и акцентот да се фрли врз манијаците а ти да објасниш кои се паметни а кои не се. Good luck девојче, кажано без најмалку иронија или злоба, стварно го мислам ова. Дај Боже да си топ родител и никад да не те боли глава од твое. Али ако некад погреши да знаеш дека секогаш ќе инсистирам да ја одбранам и заштитам, макар онлајн од жени кои ќе ја наречат непаметна пошто се вљубила или погрешила.
Ноуп, манијаците во затвор и сечење на пенисот а жените на едукација да имаат повеќе самопочит и сексуалноста да не ја доживуваат како табу тема.. Затоа што во моиве 29год не видов ниедна жена да е фраерКА што легнала со 10 а мажите се фраери што поминале низ истото. Истото важи и за сликиве.. тие се фраерите а жените заебаните Утре некоја да отвори таква група за мали пениси, мажите ќе се осетат како жртви.. и тоа и би биле во тој случај. Ама дури ни тогаш нема да бидат "поважни" од мажите.. Самите себе се деградираме ама па кога ќе ни стават товар на плеќи, ретко која жена "машки" го издржала..
Не ми е ич срам што праќале девојките слики, нивно е да одлучат цицките кој ќе им ги гледа и не барајте вина на погрешно место. Срам ми е што постојат такви луѓе што оправдуваат преочигледно зло. Најгрозното нешто во светов да го направиш, пак ќе има некој што тоа го поддржува. Мизерија
По мое мислење и двете страни се криви, жените испаѓа дека и самите си покажуват дека служат како сексуален објект преку праќање на такви слики. Друго е сексуалност а друго е порнографија. Зошто на некои голи манекенки ке се споделуваат сликите бидејки иако се голи не се вулгарни. А тиа меженцата шо ги споделуваат се дно дна..
А бе аман со жените веќе! Ако му пуштам слика на дечко ми не значи дека сум крива ако утре се скараме и ја злоупотреби! Никој не му дава такво право. И жити се кажи ми кои се тие манекенки што се голи, али не се вулгарни те молам
Како и да ја свртам работава едноставно не можам да најдам вина во девојчињата. Ниту па би нашла вина да беа и возрасни жени. Ја дале на некој довербата и тој ја изневерил, толку е просто. Па луѓе, на суд не се признава како доказ снимка ако е снимана без да знае лицето. Како е во ред слика што е пратена во приватен чет да биде злоупотребена? Важна ли е воопшто причината зошто е пратена? Овие биле девојчиња, деца се, значи треба секако со закон да се заштитени. Зашто дете се смета дека не знае што е најдобро за себе се уште, во фаза е на градење на личноста. Грешки се прават, сите сме правеле. Смешно е да зборуваме за девојчиња и зашто го направиле тоа. На тие години ееееј.... @Dust дури и да е сликата со дел од тело пишувале и име и презиме, што дека е само дел од тело. Има и слики преземени од социјални мрежи, замисли си ставила слика на фб и некој ја земал и ја споделил и пишува гадости за неа без да знаеш. А сликата ти е само за пријатели да ја видат. Не си ја ставил ни јавно. Убаво ли ќе ти биде? Па имаш рандом споделувања на броеви и етикетирање на некои како лесни и дека одма давале, замисли бројот ти го оставиле таму да ти вртат секакви манијаци зашто си му згрешила нешто на Петко пример, па он сега ќе ти врати. Или си му дала еднаш на Станко, ама не си сакала ништо повеќе. Грозно е ова. Одвратно. Најлошо е што возрасни лица ова го читале, се приклучиле, луѓе со деца. И ние тука не зборуваме за тоа колку се тие гнасни, зборуваме за мали девојчиња дека требало да знаат подобро. Е до таму сме.
Ауу за дечко е тоа незнам ке се покаже дека е идиот тоа е друг маабет, а за некои 40 50 годишни манијаци у таа група ја на таков никогаш не би му пратила слика натртена на огледало
А бе се работи за 12 13 годишни девојчиња кои пуштаат слики на нет!! Алоо девојчиња!!! Ако јас како полнолетна жена пуштам голи слики на дечко ми и он ги објави е едно а тоа што 12 годишни праќале е сосема друго!!! Не е поентата дали жената е крива или не, туку до кој степен дојдовме да деца, деца, да испраќаат ескплицитни слики.