Воглавно членовите имаат IQ пониско од температурава надвор моментално, па се зачленуваат со име,презиме па чак и сличе на профил.
Еве @Feminka22 нека објави, дека член е. Ама незнам дали смеее пошто сепак лични податоци се, не смее цел фејс да ги види.. незнам. Нема правда тука. Пак ќе испаднеш ти крива или Феминка.
Немаат сите анонимни имиња. Последниот пат кога беше активна групава, првиот што го побарав беше постар маж, тренер на женски ракометен клуб ( со жена и ќерки)
Како може да се пристапи на групата? Се работи за сомнеж дека има споделени слики на моја блиска личност, дали ако пристапи бо групата може да види наназад? стварно не знам како функционира апликацијата, но ако некој е член ве молам нека ми пише
Ако они не се плашат, зашто јас да се плашам? крив е тој што е педофил или јас зашто сум кажала дека е педофил?
Само преку линк. Ама не ти препорачувам. Минатиот пат се јавуваа од полиција на моја другарка, зашто беше член у групата (немаше ништо праќано..)
Значи сепак полицијата може да им влезе во трага, со толку технологија и интелигенција колку што имаат? И што треба да значи тоа што никаква правна разврска нема? Значи мое право е дали и со кого ќе имам што и да е. Никој нема право да остава мои лични податоци со ,,дообјаснувачки,, коментари, за да ме малтретираат по телефони и социјални мрежи психопати што со стап не би ги допрела. Насилство е. А и тие што ги поддржуваат и оправдуваат нека им е јасно дека поддржуваат насилство. И тие што не ги гонат го прават истото.
Знам за повеќе каде им се јавија да дојдат во станица да дадат изјава. Доколку не можете да пријавите за телеграм. Пријавете ги тие што пишуваат на Инстаграм, ФБ или пак што ви ѕвонат.
И да ги најдат, пак никнуваат нови групи. Никој не изгорел, барем не јавно за да служи како пример за другите.
Епа затоа протест. Да си се процесира, судски, со пресуди, со сите салтанати. Со камери, со шоу- нека бидат славни, кога сакаат веќе толку Што е ова ако не насилство врз жени?
И пак нема да се засрамени, тоа е некоја дно категорија на луѓе што става своја слика и име и пак пишува такви гадости
И јас истото го кажувам. Протест дефинитивно треба, ама против кого? Јас би почнала од полицијата што ги знае кои се, има законско право да ги гони кривично, а пак ништо не се превзема.
Ама секако ќе поможи. И досега женско на слика виделе, па и отсега. Ќе пуштам донација, за сапун во затвор да имаат Да, против институциите на системот што не си ја работат работата @Bezimenka90