Јас мислам дека и те како ќе помогне. И самото лице да не се засрами, па сопругата, мајката, сестрата, таткото ќе се засрамат и ќе го воспитаат. Таков ни е менталитетот што ќе кажат другите.
Е тоа не ги разбирам. И што ако сум се сликала? Сум се сликала едни очи да ме гледаат само, не да ме гледа и Стојан од Раброво. Тоа што некој мочко толку бил повреден од својата љубов и има емоционална зрелост од 11 години, не го оправдува да праќа на кој сака.
Ова е врвот, тие луѓе се меѓу нас, можеби и на повисоки функции од нас. Дали се чувствувате безбедно? Јас не. Демнат по профили и си ги истураат своите гадоштини. Не се чувствувам слободно да објавам што сакам со мое име и презиме, не сум слободна да постирам слики на социјални мрежи, почнав да ги бришам и тие што ги имам. Зошто ? Ради такви ликови што својот лошотилак и неоствареност го истураат врз некој трет, што се им пречи и можат да ти го срушат животот. Девојчево верувам има поддршка од најблиските затоа јавно објави. Што правиме со девојчињата кои тоа го немаат? Кога нивната околина па дури и родители ќе впери прст во нив? жал ми е, многу. жал ми е за секоја една, за се што минува женскиот пол, како да не ни е доволно...
Искрено можам да признаам дека кога го слушав ова со татко ми на вести, неговиот коментар беше да не треба вака, ама што сака па она да покаже со сликата? Можам да замислам уште колку девојки има што не би добиле поддршка
Тие истите и на Фејсбук пишат се' и сешто. Кај нас како и да вртиш пак ќе е крив тој шо "ДаВа", пак девојчињата ќе бидат ставени на тапет, пак овие ќе се јаки еб*чишта. Само знам дека овај пат, нема така да им помини!
И што е тоа дете од 15 години криво? Што некој ја изманипулирал? Или едноставно не знаела подобро? И тоа дава зелено светло, Шефкет Рамадани и локи поки да ја гледаат? Сликава е превземена од тука https://a1on.mk/macedonia/javna-sob...lefonski-broevi-od-devojchinja-od-makedonija/
Комплетно те разбирам, постари луѓе, други генерации, растени во време уште полошо од нашево (за женскиот пол). Време кога имало домаќинки и мажи кои одат на работа. Тешко им е да излезат од матрицата во која што се воспитувани, да сфатат дека секој има право на експресионирање на себе како сака, без да биде осудуван од околината се додека тоа е не криминално нели. Затоа и кажувам, треба комплетно да се смени размислувањето на народот, од корен.
Раѓајте ќерки вие, чувајте ги како капка на дланка, за да можат педофили лабаво да си разменуваат податоци за 14 годишни девојчиња, без никој ништо да им направи. Па ќе ја начека бре некој, ќе и направи нешто, 5000 души веќе ја имаат пикирано. Ниедно дете не е сигурно, сериозно сега ако ништо не направиме да си удриме сите еден шамар колку сме безрбетни и дремеме со прст во нос. Дајте да ги контактираме ова невладиниве, вријам цел ден.
Да се надоврзам и јас мислам дека би имало ефект. Минатиот пат кога почнаа да ги разоткриваат, ако се сеќавате групата од 7000+ членови во рок од еден ден мислам 2-3000 ја напуштија. Сепак, не е исто само другар ти да те знае дека си манијак и педофил или цела држава. Со господов комплекс се само додека се анонимни. Кога ќе ги откријат инстантно стануваат исплашени канализациски глувци.
И јас исто мислам. Да се најдев на местото на девојчињата, а да ги знаев со име и презиме, ќе им пишев на сопругите, на мајките, на другарите негови како ме вознемирил. Ако полиција не прави ништо, како што вика Ана на видеото, тогаш нека се објаснуваат дома на сопругите и родителите.
Тоа не е заштита, ќе земе друг телефон и ќе слика со него. Аххх сум кажала стопати, и на 14 години девојче само да ти се нуди за секс, ти си возрасен, таа е дете и тука нема никаков изговор што те штити. И да ти прати слика, и да ти дојде гола, и да видиш туѓа слика од дете, ја бришеш и продолжуваш со животот.
Јас одамна изгубив верба во невладини, уште кога видов кој се не се изнапика, а е со истите карактеристики на каузата против што се бори, еве нека ме демантират барем сега. Ќе објават два три поста, една колумна и толку, секое чудо за три дена. Едно да ви кажам, мораме да форсираме жени на повеќе позиции. Ако некогаш се наоѓате во состојба да помогнете/подучете, сторете го тоа, за вашата комшика, другарка или помала познаничка. Билдајте жени да бидат силни и независни, потурнете ги тие во вашата околина за понапред, за да не ни се дешава ова, за да не ни се дешава ограничени чичиња да коментираат нечие дете.
Читаат дека се збори по медиуми. А за девојчето изреагираа неколкумина да не праќале малолетнички. Полнолетни може
Не ми се верува, со тоа што ништо не превземаат, дозволуваат педофили и манијаци, да се шетаат слободно. Па тие и на нивните ќерки можат да им направат нешто, не се нормални, чим се „возбудуваат“ на 15 години деца. Страшно.
Какви гадни коментари има на фејсбук по порталине што објавуваат за 28 годишната девојка која проговори на инстаграм. Можно е и тие се дел од групата. Какви гадови бе, најстрого треба да се казнат и сите да ги знаат со име и презиме, женско да не допрат никогаш во животот! Простаци неизживеани!
Девојчињата на кои им ѕвонат, треба броевите да ги соберат или поединечно да ги пријават за вознемирување во МВР. Тие што ѕвонат може да ги најдеш со додавање на контакт преку Вибер, и ако истиот има, обично и слика и име излегува. Да се соберат овие податоци и да се објават негде, па да видам дали ќе им биде убаво така јавно експонирани, сите да дознаат, и мајки, и баби и сестри, со што се занимаваат.