Не ги сфаќам стварно. Па имаш сестра, мајка, ќе имаш ќерка. Тебе штркот ли те донел? Па и мајка ти се ебела. Како не прави тоа курви зашто сме имале секс со дечко ни? Па со кој треба да имам? Минатиот пат имаше видеа, девојчиња што не знаат дека се снимани. До толку ли се бе? Еднаш у живот секс ќе имаат и ќе го снимаат за успомен? Девојка ти видела што гомно си, ти раскинала, и сега од многу љубов живот ќе и уништиш? Гниди
Збориме за насилство, вистинки проблем еј, кој им е проблемов бе со глупиве споредби со пијачки и коли? Тотално промашена поента, ама и ова "едуцирај го син ти" кога го ставаат вака просто кажано, не знам зошто очекуваат фрустрирани имбецили кои немаат повеќе од 3 мозочни клетки да го разберат како што треба?
И мајки и баби и сестри ќе кажат сама си го барала, шо барала да се слика. Нивна фото монтажа може ќе помогне, да му е срам од другарите И сето тоа за разбибрига може, за озбилно мора институциите озбилно да си ја сфатат работата. Притисок врз нив. И министер, и свети министер...
Прочитав тука идеи за масовен протест и тоа би било одлично да се изврши притисок за заострување на законските регулативи како и спроведување на дело на веќе постоечките. Но кога станува збор за менталитетот, тука корените на проблемот се многу подлабоки и протест не би променил ништо. Се додека машката сексуалност и промискуитетност се глорифицираат и ставаат на пиедестал, се додека за маж е сосема нормално па и пожелно да си каже колку му се ебе, колку јака цицка има Стојна и како би и влегол како пензионер во банка, додека пак на женската сексуалност се гледа со ужас па дури и со страв пошо нели жена не смее да има нагони за секс треба само да рашири нозе за да го задоволи стопанот, се додека на сексот се гледа како на чин кој е понижувачки за жената, а еден вид триумф за мажот, се додека се користат термини како "му дадов" и "ме скина", како и мудри мисли од типот "дури кучката не мрдне со опашката кучињата не одат по неа" со кои се ослободуваат од морална одговорност мажите и се протнува тезата дека за силувањето е крива жртвата која со своето однесување или облека го испровоцирала јадниот силувач, се додека за неверен маж крива е другата жена пошо тој си е нели маж и е нормално да ебе се што ќе стигне...се дотогаш ќе има вакви ситуации. И што е најтрагично, јас сум песимист кога станува за збор за промена во блиска иднина...сепак ваквата состојба е резултат на векови и векови користење секакви механизми, од типот на општествено жигосување, јавно срамотење, религиозна индоктринација, закани со пекол, како и ветувања за рај се со цел да се скроти жената и нејзината сексуалност, односно да се стави под машка контрола.
Ќе ве замолам сите што се членови репорт на групата! Ако видите личност исто нели облечена најнормално или име презиме и телефон тоа е кривично дело и треба да се пријави!
Затоа треба јавно да бидат објавени сите кои се или биле дел од групата. Сите ама баш сите, без разлика дали бил службеник, тренер, кошаркар, кравар, продавач полицаец... Сите со име, презиме и адреса и да се поведе постапка, да си одговараат кривично пред оние на кои им наштетиле, а потоа и морално да бидат жигосани до крај на животот. А не само преку зборување ќе се објават на неколку места и тоа. Ако не најде жртви во Куманово, ќе најде во Струга или Гевгелија, кој на тие девојчиња ќе им каже дека е сексуален манијак?? Никој... Затоа јавно. Истотака, да се направи протест и да се бара да се донесе закон за заштита на сите малолетнии полнолетни лица со јаки казни за да не им текне повеќе на вакво нешто.
Се согласувам. Ама дури претходно пред кооперација си го ладеа, ова денес е малку пострашно и мора , по стоти пат да речам, системски да се санкционира. За да разберат дека не е во ред. Дури и ако не им е јасно, зошто не е во ред ( јер мозок не пресадуваме) да знаат дека не е во ред, и уште еднаш да не им текне. Мора да се запре, инаку бурка спремајте.
Толку од Фросето сега оваа е на ред велат. Цел живот така ќе не гледаат кога им се дозволува. Најтажно е шо се сложни, ние сме поделени. Објавија сите медиуми, ама само за кликови и сеир во коментари. Додека да се направи нешто пола од нив ќе излезат од групата. Се плашам дека сите овие кои велат "оти се сликаше" се спремни да речат "провокативно беше облечена, сама сакаше не ја силував". А 6000 такви во групата не се мал број, плус поддршката. Дишиме ист воздух со овие. Чудово ќе помини, ама менталитетот останува. И не би рекла дека само кај нас е така, проблем на светско ниво. И јас не се надевам на промена за брзо. Само не сакам да заврши вака и да им се прогледа низ прсти, по којзнае кој пат. Мора да сфатат дека има закони и ПРАВА.
Според ова што го видов, ние не смееме од дома да излеземе. Знам дека ти не го напиша ова, зборувам за коментарите. „Што си се сликала гола?“ , „Зошто имаш заводлива фаца?“... Омилената споредба на неандерталцине им е таа со клучот и бравата.
Во нормални услови прва би излегла на протест, ама вака - реално не. Може да се проба, иако не верувам дека ќе бидат масовни. Срамота е држава да не може да се справи со 0,38% од зрелата популација. Најди ги и пикни ги в затвор сите. Нека гледаат ѕидови. Не може цел женски род да е заложник на 7000 болни умови. Дури не се затресат столчиња никој нема да мрдне со прст. Факт.
Колку си само во право и колку вистина има во овој пост, баш го опишува мкд општество до срж. Нема доверба во институциите бидејќи не само што на некој начин поддржуваат насилство, туку и нивните припадници го спроведуваат по сите основи не само сексуално. Искрено, јас не се чувствувам сигурно или заштитено на било кој начин во оваа држава и по било кој основ, а верувам и многи други го делат ова чувство. Почнувајќи од судство, законодавна, извршна власт, полиција, здравство, се ама се е катастрофа. На сите основи нашиот систем потфрла. Единствено што ми дава надеж е се поголемата свесност на дел од младите лица, како и дел од постарите. Но свесноста без поддршка од државата нема да вроди со плод.
Самите и се предавате и си се сметате како плен од корен гледана ситуација ова е заради предаденоста на жената кон мажот и гледана како плен бе како лавот што ја гледа срната, и вие да уживате у сексо и да не употребувате збор скина ме вај онај или да се правдате втор ми е ке има вака, радуваме тоа што многу луѓе се дигнаа ова да беше пред 10 години ние кога бевме малолетни никој немаше да се дигне дури девојчиња голи се објавуваа на фб..
Јас и верувам многу други не се чувствуваат безбедно. Најпрво, тоа е моја приватност, мои лични слики и мои лични податоци. Самото тоа што полицијата не превзема ништо, ги прави нив недопирливи и семоќни. Тоа им дава на нив до знаење дека чим сајбер сексуалното вознемирување им го прегледале низ прсти, дека и секое физичко би. Ме следеле и манијаци, и мажи што си го дркале у јавност. Кажано и нишо не било направено. Што ако ете, некој толку психички пореметен, педофил или нимфоман, му се засвиѓа некое девојче? Малолетно или полнолетно не е битно, проблемот од нешто што е на интернет, станува проблем во самиот живот.
Се додека не се обединиме, ние жените... дали за протест, дали за претставка, дали за да објавуваме дик-пикс (ко шо спомнав), ништо нема да се смени. Вака, сите сме изреволтирани, ама кога ќе дојде потреба од реална акција на терен, никој нема. Ајде да организираме протест. Која ќе излези освен мене?
И јас се најдов во тоа дувло таму, со се име и презиме од инста акаунтот. И вчера пишав кога ми стигнаа преку 100 follow i message requests, па се деактивирав прво па мењав никнејм, слики, податоци, се избришав, а private ми е акаунтот. А и некои што ми пишаа ми кажаа дека така рандом на инста ме пронашле.
Кога реков дека членка имаше вршено двојна виктимизација, а и величење на ќотекот, мислев на оваа. Штом ги ставате коментарите, тогаш не гледам причина да не ги ставам деградирачките мислења на членкава. Како што гледам, профилот и` е се` уште достапен. За жал, мнозинството од жените во нашите простори се како неа. Можеби сум провокаторка, ама посилно беше од мене.
Ќе објавиш слика од непрописно паркирана кола со видлив број на регистарски таблички, ќе ти рипнат 100 души дека ќе те тужи сопственикот ради заштита на лични податоци. Ќе објавиш слика најдена лична карта за да се најде тој што ја изгубил, ќе ти рипнат 100 души дека ќе те тужи сопственикот ради заштита на лични податоци. Објавуваат слики од голи девојчиња, па и малолетни, и нешто слабо реакции? Па и сами биле криви. Или голо тело не е личен податок, важно матичниот број да не се објави и личната карта да не се фотокопира по банки? Еден куп нелогичности. Треба да протестираме, да се направат законски промени и да ги најдат тие што објавувале. Не може до толку да не се знае кој е. И јас би излегла на протест, или ако има иницијатива со потписи за законски измени би се потпишала.