Е... јас и ти ќе мафкаме парола. Сум организирала протест за слична проблематика. Знаеш колкумина се појавија? 10... сосе мене, маж ми и ќерка ми. Овој народ не знае ништо да преземе самоиницијативно. Партија ако не ги собери, не ни знаат дали треба за нешто да се соберат.
Јас. Ама како јас, ти и уште двајца ќе организраме протест? Како без да изгледаме како гуски шо рече Кате? Со 10 души нема ништо, само за нас полошо ќе си напрајме, ќе не распнат дека внимание бараме и дека на сред пандемија се бериме. Патем, на кој начин се организира? Сепак треба некој позади нас да застани.
Јас би излегла прва ама фактор растојание. Логистички - пошто како женско не се чувствувам дека државата ме заштитува и приватноста ми е нарушена, би излегла на протест вака Или нешто во тој стил. Мислиш дека ќе се соберете доволно од форумов или треба да се прошири кампања?
Кривично дело е кога се споделува информација или фотографија која е приватна и не е јавно објавена од страна на "жртвата". Доколку е споделена фотографија од јавен профил на социјална мрежа објавена од ваша страна не е кривично дело. Прашајте адвокат или ако има тука нека објаснат. За време на пандемија? Како што се сеќавам се буневте кога верници одеа у црква. Или пак вирусов пријателски ќе биде настроен сеа? Страници наназад пишав дека неможе нешто тука државата бидејќи телеграм не работи на принцип како останатите социјални мрежи. Може да се дознаат само ако се намамат некако или пак некоја девојка чии фотографии биле објавени, ако таа каже кому праќала па така инаку друг начин нема. Иста ситуација само пред некој месец. Ми кажаа па морав да влезам у групата да видам. Што е најтрагично има и девојчиња па и тие коментираат види оваа каква е види онаа каква е. Моја другарка дури и на порно сајт ја има, цела галерија од инстаграм слики.
Кога моја фотографија е пропратена со лични податоци, нарушување на закон е За Фросе беше, адвокатот на мочкото да го прашате.
@WildMk јас би излегла. Ама не треба да се собереме 20 луѓе вкупно, туку илјадници жени и мажи. Мора да има голема бунт за да се донесе некоја промена, а не за 2-3 дена да се заборави и за 5-6 месеци пак да се појави овој проблем.
Нема да се соберат ни од форумов, ни од социјалните мрежи, ни од никаде. Надвор Ќе носиме маски. Нема да се бацваме и гушкаме. Никој не треба да застани позади нас. Ние ќе застаниме за себе. Не мора ни организација да има регистрирано. Не сум сигурна само дали мора да се пријави протестот во општината каде би се одржувал и дали треба да има редари.
Реално, не можат да најдат идентитет на тие што праќаат освен ако сами не се издадат. Телеграм не сака да даде ничии податоци макар и планирање на терористички напад да е. А оти едноставно не го блокираат Telegram целосно во земјава? Ко во Кина, Русија.. и не знам каде на друго место е блокирана.
Абе Македонија е. Ако не го знам јас, некој јас шо знам, го знае него. 2 мил сме ... Бруклин во Њу Јорк има поќе жители од цела наша држава
Телеграм е да многу јака платформа, но може да се банира да не биде достапна во одредена држава.Како многу други апликации во светот.Само да се сака да се реши случајот.
Ако таа фотографија не е праќана во порака и е објавена јавно од твоја страна не е прекршок. Повторувам, јавно објавена и сите можат да ја гледаат. Ако е така како што велите би требало да може да тужиш некој затоа што те погледнал на улица. Нема логика. Па незнам ама како хиени бевте за вернициве што одеа у црква. Како во очи да ве бодеше некој а сеа протест спремате, сеа нема корона. Се искористувате у своја полза буквално. Не е чесно. Телеграм нема такви информации, затоа и нема што да даде, користи end to end енкрипција која нуди 100% приватност на корисниците. Не функционира како другите мрежи. Пишував наназад. И да банираат телеграм ќе си користат ВПН и пак иста песна.
Сите треба да бидат анонимни. Пошто нема приватност. Мислам подобро е отколку бурка. Не е v for vendetta ама некој слоган во тој стил да се смисли. Башка медиумски ќе привлече внимание.Без медиумско покривање слабо притисок се праи.
Ако излезам да протестирам за проблемов со Телеграм, дефинитивно нема да имам 'своја полза'. Го поминав јас времето кога се срамев да не ме види некој гола. Во црква е затворено... ако не...
Зошто да бидат сите анонимни? Јас стојам зад моите ставови. Немам проблем да ме знае некој оти сум протестирала за регулирање на проблеми со сексуално злоставување.
Би излегла. Ама жално е што овие манијациве утре пратеници може да ни бидат. Ако е вистина она што кажа Милошевски. и добро,да прашам, само кај нас тоа телеграм за вакви работи се користи?
Телеграм за многу работи се користи, ама изгледа само тоа баграта таму ќе пукне ако не испогани некого во текот на денот