Не е точно. Телеграм има телефонски број и IP адреса на секој корисник. Тие одбиваат да го откријат тоа за било кое лице. 90% од тие во групата не ни знаат што е впн, не па да користат...
Апсолутно дека некое движење или организација која се бави со заштита на жените треба да покрене иницијатива. Се е подруго кога е поткрепено од институција. Да се направи прво онлајн протест, а потоа да се продолжи по улици. Можеле полските жени да му отидат пред врата на лидерот на владејачката партија, ние за што сме?! Кога веќе еднаш овој народ ќе полуди и ќе пушти да го понесат фрустрациите од години и години ќутење и ведење глава за се?!
Која е потребата да се сликам гола и да ставам на инстаграм? Или да му праќам на некој нудс од мене у доверба? И болно е тоа што мажи праќаат и малолетни девојчиња
Не можам да разберам како вас не ви е јасно зошто некој праќал голи слики некому. Па добро бе, до толку ли никогаш не сте биле сексуално возбудени?
И? Која институција ќе преземе нешто? Сите се информирани, сите го знааат проблемов... и ништо немаат направено изминатава година. Јас не се надевам ни на владини, ни на невладини. Се' што ги води нив е лична корист.
Не е работава за голи слики, сликата на Ана беше во бикини на плажа, на другарка ми беше со фармерки и најобична мајца. Проблемот е зошто некој рандом лик или бивши би ти наштетил така без ништо да му направиш. Ова се вика revenge porn!
Како 'изиграваме' жртви? За тебе во ред е да ти испрати слика другарка ти и ти да ја објавиш јавно на интернет? ... пример...
Не не не сакав да кажам дека протестов за своја полза го искористувате. Туку зошто се буневте за верниците. И тие со маски ќе одеа ако требаше, ама им беше скроз забрането. А сеа протес може нема да се бацуваме нема да се гушкаме и ајде. Тоа сакав да кажам. Ако важат правилата нека бидат за сите барем, да бидеме чесни и реални. Ако тогаш се буневме дека има корона за празниците ќе има и сега за протест. Од кога знам за социјални мреќи има вакви ретарди. Hi5 ако се сеќавате. Пред добри 12-13 години се користеше ако не и повеќе. И таму имаше вакви. Како што знам од официјалните податоци и правила на телеграм тие не складираат никакви ваши податоци, користат потполна енд ту енд енкрипција и со тоа ви нудат 100% приватност. Да беше така многу терористички напади ќе се сопреа бидејќи исис како што знам користеа телеграм, според она што читав. Терористички напад е далеку посериозен проблем од група манијаци што дркаат на слики.. Ама штом тогаш неможело да се открие и спречи за ваква случка па ич. Тоа и мене не ми е јасно. Одат по лед па се жалат кога ќе пукне. Се случувало ова и порано ама они сепак ги прават истите постапки и пак се жалат. Ај кога праќаш барем размисли за последиците па одлучи. Еве имам праќано и искрено кога ми кажаа ме имало во групата изреагирав ок но за среќа беше слика од инстаграм.
Епа тоа е, ако има некоја членка која има некоја линија по која може да стапи во контакт со нив, да се види што им се врти во паметот. Ако воопшто нешто им се врти... Друг начин нема.
Јас имам линии... Знаеш на какви муабети сум наидувала и од нив?? Неќиш да знајш. Семинари сакаат, пари за 'проекти' кои едни на други НВО-ата си ги презентираат...
Напаѓајте колку сакате. Мене не ми е во ред секоја втора слика да ми е у бикини и тоа профилот да ми биде јавен со неколку илјади следачи. Може да ми каже некој која е поентата на се ова? Еве дискутираме
ај жити сѐ самоиспрати се од темава. Не изиграваат, туку се жртви. На мој профил ќе ставам што сакам, тоа на никој не му дава за право да споделува, да коментира, и да д**а. И ако се потрудиш да прочиташ, и слики од облечени девојки се споделувале.
Не се само слики во бикини и не се само голи слики. Во групата се споделувале и слики на девојки каде што се облечени и закопчани до гуша што се вика. Што правиме сега?
Знаете дека секоја слика објавена јавно на социјална мрежа не е никаква злоупотреба на податок, макар споделувана и во групи? Кога споделуваш, сам си го носеш ризикот да се најде кај што не треба. Секој може да ја симне и препраќа. Конкретно кај Ана, сликата е јавно споделена, без разлика дали е отворен или затворен профил. Податоци од типот ЕМБГ е казниво со закон. Телефонски број имате и јавно достапен на интернет. Проверете 188 мислам беше.
И јас имам право како и ти да пишувам тука што сакам. Ама немаш право да кажуваш на некој што да праи.