И јас тоа го викам, ама проблемот е што девојчињата немаат самодоверба. Гледаме што се случува кога некоја јавно ќе објави, коментарите прават да се чувствуваат дека тие се криви, дека тоа што им се случило е срамота за нив. Е ама да излезат во се' поголем број, да добијат поддршка друго ќе е. Јас
Ако не сакаш тоа подобро да ги прочиташ правилата на социјалната мрежа пред да станеш член од истата и пред да споделиш слика и секако законите во врска со тоа на одредена држава во која живееш. Јас те разбирам ама такви правила за жал постојат само во нашите глави.
Како прво, било кој што се сликал и пратил слики некому во ПРИВАТНА ПОРАКА, а не ги објавил јавно на порно сајт Е ЖРТВА, затоа што тие слики се пратени во доверба а, не со цел да се дистрибуираат на други. Како второ, ние мажите 10 пати почесто праќаме голи слики, па не гледам осуда за тоа? (Не треба ни да има, се додека е со согласност од примачот - само правам паралела) Просто неверојатно... Не ми се верува какви муабети правите во 21 век. Се додека разменувањето слики е со согласност од двете страни, не треба да има никаков проблем, ниту пак вас да ви претставува проблем зошто некој праќа, а уште помалку да ви даде за право да ги обвинувате жртвите чиишто голи слики протекле без нивна дозвола. У ж а с
Оти е нормално да имаш ставено слики у бикини. За цел свет е нормално! А тоа шо одредени психопати не можат да си го задржат у гаќите не е проблем на никое девојче! Понекат со твоите мислења шо ги пишуваш, мислам дека си трол.
Никој нема право да препраќа такви слики. Ама треба да се размисли убаво пред да се прати и на последиците не треба да се има доверба у секој
Јас сеуште стојам зад тоа дека и ние треба да ги објавуваме сликите од мажите кои приватно ни ги праќале. Да видиш како и за тоа ќе има проблеми. Ко ќе почнат со муабети: Мааал му еее!! Влакнест му е!! Абе овај женет еее!! Абе овој девојка имаа! Па мајка му и татко му ко ќе му го видат мочалото на излог... па-па-па
А мене не ми е во ред кога девојчиња одат по улица нај "пристојно" облечени, од глава до пети, со тренерки и коса во репче, без шминка, па пак им се свирка, им се довикува, силувани се, ама ај валда ќе дојде ден кога ќе сфатите дека можеш и со постелнина да се покриеш, ако некој сака да ти направи нешто, ќе ти направи.
Отвори си нова тема за таа дискусија, денес овде за друго се збори и малку сме повеќе напиздени. Да ти кажам зошто јас лично? Оти нејќам да сум родена во Авганистан, земјата кајшто било нормално да се носат сукњи пред 50 години, ама денес не е. Оти релативизирате на ниво на земја индија- не било сексуално вознемирување на дете ако го испофаќа некој без да го соблече Е таков е мајндсетот.
Колку и да изгледа во моментот „фер“ - јас не гледам решение во тоа. Ама, разликата е што ни тогаш на некои мажи нема да и дојде паметот и ќе си размислуваат исто ко дотогаш...
И маж да ти е и дечко ако има некои задни намери може и да бидеш фотографирана или снимена без твое знаење. Зошто барем за вакви работи жени не се подржувате. Дебати за се можам да разберам ама за ова. За жените се прави бум за половите органи за мажиите ништо.Разбудете се утре можеби и ние би биле во таква ситуација. Права за жените.Дури и на познати им се случува оба еве пример Sia и многу други и никој не помага. А мажите уживаат и прават сеир со ниски селски манијаќални муабети
То ти е исто ко да речиш: Излезе со него, епа не глуми сега жртва А ти си го знаела може и цел живот, може и на татко ти пријател му е, ама ете, те испофаќал, или те силувал... Не треба да имаш доверба во секој.... да... Ама не можеш ни да живееш нормално, ако немаш доверба во никој.
Аха, исто... Виде со оној 'ебачот' на Фросе шо се случи. Иако нејзе ја судев што објавила, ама некои и не заслужуваат поинаку.
Ако е јавно споделена, не е кривично дело. Сам објавуваш. Никој не ја зима без твое знаење. Малолетници, особено под 14 години, посебно се инкриминирани. На кратко, кривично не верувам дека ќе одговараат оти има начини да се извлечат. Морално, да. Општеството треба да ги казни. И еве ќе кажам, воспитувајте ги своите машки деца, ама и женски. Проблемот е подлабок. Сведоци сме и на некој Тик Ток предизвици кои завршува фатално кај деца. Затоа повеќе контрола и кај машките, и кај женските. Разговори, што и да треба, ама родителите, наставниците, психолози, мора да бидат вклучени. Особено што еве знаеме какви се луѓе живеат меѓу нас и дека истите тие може да бидат искористени.
Наместо како тинејџерка да застанеш у одбрана, на девојчиња и жени, чии слики биле искористени без нивна дозвола и да кажеш дека у 21 век, е нормално некој психопати, да споделуваат информации и слики за секс (каде жртвата нема појма за истото), ти кажуваш дека е нејзина вина шо објавила слика во бикини?