Јас од истиве причини и фросе ја поддржував кога објави. Нека се знаат кога се толку самоуверени. Пошто малце ми е мака од мажи што све и свашта пишуваат за жени, ама пошто никогаш не се дознава, никако не се казнуваат, затоа си земаат ваков замав. Слика да му пуштиш на некого во приватна порака и да ја сподели со илјадници едноставно е погрешно, како да ви кажам поинаку. Ако има основа за тужба (Јуле вика нема, ама тоа што го пиша Биља погоре, не е баш дека нема), треба да се тужи. Ако некој сподели слика која веќе е прикачена на социјални мрежи, со лични податоци, пак треба да се тужи. Ако некој сподели слика и дава сексуални коментари за сликата - ај кажети ми стварно се прашувам, не е тоа сексуално вознемирување? Не е исто како да ме види некој по улица и да ми рече Курво? Прашувам сериозно, како би се гледало на ова законски?
Полицијата и обвинителството треба да истражат... ако не ми веруваат. Како прајш ти, ко за украс да се и полицајците и обвинителите.
Немаме закон за сексуално вознемирување. Сега го работат во собрание. Кузнај шо закон е и тој... во таа темата за обвинувањето на Милошевски, пишува дека регистар на жртви ќе правеле. Ако е виситна, тогаш јас не знам шо кур закон е таков? Да ме бележи државата оти сум жртва??
Врати се назад во темава и кажи ми кое 14 годишно девојче дало согласност или изразило воља, нејзина слика да споделуваат и коментираат за дркање, мороните во групата.
За малолетниците одма кажав дека они си се посебна категорија и како такви, делата се инкриминарани. Еве чл.149 што вели. Ај да проверам на pravo.org дали има промени
Арно си пишува @JuLleE , реално ви кажува кои се препреки што може да се случат. Ако веќе одиш кон нешто, треба да знаеш што све може да ти го акнат како лупхол за да се извлечат. Еве адвокатот од џудистот бараше некои дупки во закон за да го пуштат од притвор исто силувач, педофил. Колку повеќе вакви совети даваат образовани жени што ја разбираат тематикава, толку подобро, колку и да сакам да го акнам од земја лап топов кога читам. @Mantub и јас исто. Не може вака едноставно веќе, ќе полудиме сите колективно од менталитетов глупав никаков.
Како би се заштитила од некој ако има скриена камера и после ти се заканува со видеото, а ти не можеш ништо да направиш околку тоа бидејќи полицијата не се замара со полнолетни жени?
И петиција ќе заврши работа. Можеби законот дозволува да се сподели веќе објавена слика по соц. мрежи, но законот може да претрпи промени и да забрани споделување на веќе објавена слика со цел нарушување углед на личноста и поттикнување на други неморални дејствија. Ако јас ставам слика на соц. мрежа притоа сакајќи да покажам уметност, стил, креативност-тоа не значи дека некој може да стави мој број и да ме опишува како личност која за една пијачка може да легне со секого. Закони се менуваат заради влијание, притисок. Со молчење и преќутување - не. @martiiinna Приватна тужба.
Нели гледаш и читаш страни наназад? Се постираат рандом жени и бараат нивни информации. На некој може да му текне да објави и од тебе слика, да бара број, адреса и да пишува свашта. Не ми се верува која игнорантност ја поседувате.
Јуле, ај молимте ако не ти е проблем објасни упростено во две реченици, нели е казниво според овај скрин шотов што го имаш ставено? 148 за тоа што викаш како ќе докажат дека само нив им пратиле во приватна порака, а овие ги споделиле со илјадници? А 149 за давање адреси или телефонски броеви?
Човек неможе вечно да живее во страв. Покрај тоа младите лесно се подложени на лаѓи,има некои кои трпат закани,има камери во форма на клуч или украс и многу е лесно.Сигурно кога човек е со партнер нема да пребарува како луд да пронајде камера и слично.Многу ситуации посекако дали е свесно или несвесно треба меѓусебно да се подржаваме и помогнеме кога не личуваат.Бидејќи кога мажите ќе објават слика и да е целосно гол нема да биде мета како жената. Сакала пратила на партнер..Зошто да биде мета на уште 7000 будали и да биде декларирана како курва ороспија и слично. И плус споделување на локација и телефонски број.
Запознена сум со случајот, фала ти на објаснувањето во секој случај. И јас комотно можам да се најдам во таа група, сум ставала слики и по купачи и во кратко фустанче. Неспорно е дека е кривично дело и дека треба да одговараат за тоа. Но, поентата ми беше дека не е иста таа слика, со друга интимна слика кај што сум скроз гола пример. А таквата слика сум ја пратила во доверба на дечко ми. Го посочив ова, да не бидиме наивни и да праќаме такви слики пошто многу малку е потребно да бидат злоупотребени и колку можиме да се заштитиме од такво сценарио.
Крајно сум револтирана ид ваквите пишувања. Па одозгора и од тие коментарите што и ги пишуваат на девојката под видео ццц со кој го делиме воздухот незнам навистина, сега ако не се првземе нешто стварно незнам што да кажам за нашата сирота држава.
Еве јас ќе се вмешам во дискусијата. Мене ме додадоа 400-500 души во рок од неколку дена. Немам провокативни слики. Се немам сликано гола никогаш! Профилот ми е приватен, а бројот имам потпишано во А1 дека не сакам да биде јавно достапен! Значи не е достапен и некој да бара мој податок на информации! Мојот број претпоставувам дека беше споделен бидејќи добив многу повици и сега дали тоа не е кривично дело што го споделил, плус со име и презиме?
Според 148 лицето треба да докаже дека не дал дозволува да се споделува конкретно фотографијата, ако е пратена во лична порака, и треба да докаже дека само нему му ја испратил. Јас како адвокат на обвинетиот ќе барам да ми докажат дека токму тоа лице ја пуштило без дозвола. Во вториот случај, многу наши податоци ги има јавно достапни, со наша согласност, така да за издавање на телефонски број или адреса нема да одговара никој. Сликите пак, што се обајвени на социјалните мрежи и да се злоупотребуваат во вакви групи, за жал еве гледаш дека не се кривично санкционираат. Ако сакаат правна разврска, им треба добар адвокат, и секако докази. А се работи за група од 5000 илјади челнови.
Одредени жени имаат желба или потреба, свесна или несвесна, да му се допаднат на машкиот род а воедно и да ги дисквалификуваат останатите жени (конкуренцијата) со тоа што ќе го осудат нивното однесување а истовремено ќе се оградат од истото. Тоа, комбинирано со религиозно и конзервативно патријархално воспитување доведува до некои од погорните постови.
Така е... на мајка тие златни, најубај се, најпаметни... То жените се курвишта, Леон мамичка е иначе умно дете