На „Телеграм“ се шират интимни фотографии

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од black-angel, 26 јануари 2020.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.401
    Допаѓања:
    260.089
    Не знам само на кој суд ќе докажеш дека бројот ти е злоупотребен, искрено. Сигурно, ако не на овие страни, бројот го имаш некаде споделено.
    За споделување на слики ќе се извадат, а не па за телефонски број.
     
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Штотуку ми пратија одговор на тоа едуцирај го син ти демек научи ја ќерка ти вака така. Реков тоа ќе биде океј кога ќе биде обострано, да не го поминува пола град и кога слободната волја за секс ќе биде еднаква без дискриминација.
    А се додека се прави муабети за ''ејјј брат оваа е јака пичка, еејј добра е овааа, уфф каков гз има'' тогаш тоа научи ја ќерка ти не држи вода.
     
    На cresa-jagoda, mode-kristina и Summerbaby им се допаѓа ова.
  3. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.808
    Допаѓања:
    25.968
    Пол:
    Машки
    Кој го објавил срањево жити се? Некој од „влијателниве“ акаунти на инста?
     
    На cresa-jagoda, noteforself, Kanya и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    43.295
    Пол:
    Женски
    Ете, ова е причина да не се ќути!
     
    На mode-kristina и crimson им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.395
    Пол:
    Женски
    Не знам дали би излегла на протест затоа што многу жени околу мене се како таа сопругата - Не пуштајте ги мажите на родителска, наставничката ги заведува.
    За протест треба да имаш барем малку надеж да те води дека ќе смени нешто, а искрено мислам дека немам енергија, пошто немам надеж дека ќе се смени нешто многу, да не кажам ич.
    На кого ќе притискаме со протест, менталитетот не се менува со протест.
    Единствено за кое имам некоја надеж е да се смени образованието, да се подобри, да се воведе учење што е морално добро, што не е, а не трупање материјали како на пример географија, колку овци има во исланд. (facepalm)
    Ние овде зборуваме за Јавна соба, Милошоски изјавува дека пратеник силувал жена и уште е на функција, туго несречо.
     
    Последна измена: 27 јануари 2021
    На cresa-jagoda, noteforself, Lagoon и 8 други им се допаѓа ова.
  6. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Па нормално дека бројот го имаат пријатели, познаници. Ама само толку. Злоупотребен е со самото тоа што ѕвонат по милион пати дневно, тоа е нарушување на мир! Имам доказ од историја на разговор.
    Сите го критикуваат МВР ама еве лично мене МВР ми излезе во пресрет, пронајдена е личноста што ми ѕвонеше по 10 пати дневно и е казнета и не ѕвони повеќе! Покрај него имаше и други ама тие со обична закана се повлекоа!

    Ако е во ред тоа што го прави немаше да биде казнет од страна на МВР. Така да совет не чекајте, пријавувајте!
     
    На Idedemja, Ana789, MeowMeow и 9 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Шо сакаш да кажиш всушност?
    Дека џабе има правен систем?
    Џабе постојат закони и институции?

    Ами нека ги затворат.

    Шо ќе ни се та полиција, та обвинителство, та судии...
    Чим е толку безнадежно.
     
    На arabella_, noteforself, Lagoon и 9 други им се допаѓа ова.
  8. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    1.483
    Мора да почнете да се ставате во различни ситуации пред да почнете да ги обвинувате жртвите. Ако ТИ не правиш така (споделиш слика), не значи дека друг нема да направи така. Дете не мисли исто. Секој има различен мајндсет. Овде има огромна улога психологијата и домашното едуцирање. Непознавањето на интернетот е одамна надминат проблем и родителите/старателите немаат никакво оправдување кога се работи за неразговарање на оваа тема. За децата се чувствуваат доволно сигурно, мора да се работи на доверба. Стравот од осуда не смее да постои зошто секој човек може да биде подложен на манипулација, особено деца. Прочитав многу гнасни коментари од родители кои очигледно фејсбук го користат замо за глупирање наместо да го искористат целиот интернет за информирање на различни теми. Секој е виновен во овој случај - освен жртвата. Од медиуми, до родители, учители, образовен систем.... Игнорирањето на девијантните појави прават полошо во општеството. „Сама си го барала“ менталитетот е длабоко вкоренет насекаде низ светот. Мора да работиме на тоа на културен начин да ги едуцираме овие луѓе дека не се во право. Клучно е „културен“ зошто ако почнеме со исмевања, нема да има резултат и кај ваквите ќе се направи шатдаун на тие малку мозочни клетки што ги имаат. Можеби и самите се жртви, ама не сакаат да си признаат. Ако не, ќе одгледаат деца кои ќе го мислат истото како и тие - дека сама си го барала и ќе продолжиме да гледаме правдања на оваа тема.

    Друга, уште поважна работа - мора да се работи на подобри закони за заштита на жртвата и казни на злосторниците. Оние неколку невладини организации немаат поддршка од никој друг, а кога тоа е така, секако дека не можат да се изборат за промена. Мора да има измени на престарите закони зошто вака како што е сега, единствено се штитат злосторниците, додека жртвите со години се влечкаат без исход. Далеку сме од ова но мора да се почне од некаде.
    „Во јавното обвинителство ги следат сите информации и за повторното активирање на “Јавна соба”, а предметот од пред една година бил во предистражна постапка.“
    Ова е одвратно. Освен дека во групата има вработени во МВР кои сами си се штитат, друго објаснување за влечкање на ова - нема. Клучно е да се работи на ажурност од институциите. Злосторниците си продолжуваат со своите постапки, а нивното неказнување им го овозможува тоа.

    Споделена слика на интернет не смее да се користи за никаква друга намена без претходна согласност од сопственикот. Знам дека ќе има „зошто објавувала“, затоа што е тоа нејзино право, не е право на некојси да ја користи нејзината слика и телефонски број, тоа мора да се разграничи.

    Секакви правдања и „ама...“ на оваа тема се неопростиви.
     
    На Idedemja, Ivan4e04, edna_malecka и 12 други им се допаѓа ова.
  9. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.375
    Допаѓања:
    10.530
    Пол:
    Женски
    Ако ти "немаш потреба" тоа да го правиш океј, не значи дека сите се како тебе.

    Има девојки и жени што пратиле слики на дечко, маж со кои што се долго време и имале доверба, па после раскинување или развод сликите се споделени.

    И да прателе на некој со кои што не се во врска/брак или слично, не значи дека се они криви, туку тие што ги препратиле, и само тие!

    Зошто ако пратиш слика на некој не толку близок по дифолт треба да значи дека тој мора/треба да сподели?

    Додека не го сфатите ова, не излегувајте на протести.
     
    На noteforself, WildMk, Hellobeautiful и 3 други им се допаѓа ова.
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.530
    Пол:
    Женски
    Видело синчето цицка и лошите девојчиња го расипале, инаку воспитувањето му било топ претходно. Кутро дете, ја мислам да им напраиме некоја група за поддршка на вакви истрауматизирани мажи. Сепак, не е лесно да постоиш во свет кај што има жени што носат купачи и се сликаат.
    Сексуални работнички? Па тоа го немало во нивното време :^)
     
    На Idedemja, Avery, Ana789 и 24 други им се допаѓа ова.
  11. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    668
    Допаѓања:
    1.789
    На темата зошто жените сме повеќе озборуваани и мета , кога дадов мислење дека делумно е до нас сите удрија по моите ставови.Сега во ваква ситуација кога читам коментари на некои девојќи сфатив дека сум во право. Жално е ...
     
    На edna_malecka, WildMk и mode-kristina им се допаѓа ова.
  12. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    15.740
    Пол:
    Женски
    Речено од правник: 2 и 2 не се секогаш 4. Правда нема, оти сум ја барала за сосема друго и не сум ја нашла. Ние немаме правен систем. Законот е само напишан на хартија, а во пракса го нема. Жално е што до тука дојде ситуацијата. Фросе ја судевме до некаде, ама сега гледам дека арно направила. Максимум една недела на телевизија ќе ја зборуваат групата и ќе видите дека толку ќе биде, ќе се заташка.
     
    На Idedemja, Ivan4e04, arabella_ и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.867
    Допаѓања:
    41.234
    Пол:
    Женски
    А која е поентата машко да ти бара nudes?Дечко ти во кој имаш доверба?
    Кога поставувате глупи прашања размислувате пред да стиснете испрати?
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.401
    Допаѓања:
    260.089
    Како МВР го казнија? Која му е казната?
    Вајлд јас само сакам да ви укажам дека има начини да се извлечат.
    И јас сум згрозена, вознимирена, ама ете ја знам и другата страна.
    Повеќе би имало ефект осудата од општеството отколку дека кривично ќе одговараат. Може за малолетниците, ама во другите случаи многу тешко.
    Пријавувајте, притисок да се врши, да пробаме да смениме нешто, да се пронајде проблемот, да се решаваат работите системски.
    Еве ќе ја избришат групата, ако успеат ќе казнат еден, двајца, и толку. За неколку месеци пак група.
    Пак жените ќе бидат малтертирани, злоупотребувани, стигматизирани, дека они си го бараат, и сето тоа пак ќе произведе нови жртви.
    Нам ни треба решение со ќе ќе се влијае врз мажи, жени, сеедно, врз деца и тинејџери, се со цел да се намалат овие девијантни појави и трендови.
     
    На jarec6, Biljarkata, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Не знам точно, не е ни моја работа да знам. Знам дека ми јавија дека го средиле проблемот бидејќи лично таму поднесов пријава. И навистина од тогаш повеќе не се јави.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Ах.. па не можеш да го запреш криминалното однесување.
    Во природата на луѓето е да бидат и себични, и користољубиви и да нанесуваат зло едни на други.
    Овој вид на криминал и да исчезне, друг ќе се појави.

    Пред 50 години ККК палеле црнци на клада, пред 500 црквата палела жени на клада

    Со време, како се менува општеството, знаењето и размислувањето на луѓето, така се менуваат и формите на криминал.

    Секогаш криминалот ќе биде пред законот.

    Иначе да... треба да се смени начинот на кој размислуваме... а за тоа треба време...
    Законите и казните се дел од 'едукативниот' систем.
     
    На jarec6, Annath, arabella_ и 4 други им се допаѓа ова.
  17. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.405
    Темава е доста комплексна. За почеток, не би се согласила на малолетник да се допушти да споделува слики на социјални мрежи, воопшто да креира профил, затоа што телеграм е само јавното лице на темната страна на интернетот. Постоеле, постојат и ќе постојат воајери, педофили, манијаци, силувачи. За жал, никогаш нема да се искорени, се додека постои човековата раса.
    Телеграм не го гледам воопшто како кривец, се работи за платформа како Viber, What'sapp. Дури добро е што има одлично заштитени апликации, преку кои слободно може да се изразиш, без да го имаш стравот од трети лица. Тоа што некој ја злоупотребува неговата намена е сосема друга работа.
    Сликите доколку се споделени јавно, буквално може секој да ги користи за било какви цели. Дека тоа е во ред, не е, но не е кривично дело со оглед дека самиот си се согласил да јавно споделуваш свои фотографии.
    Од друга страна, тајното снимање, користење на приватни фотографии упатени само и само кон оној што се насочени и истите јавно да се споделуваат, е веќе дело за судење и истото треба да биде казнето.
    Имам профили на социјални мрежи, максимално заштитени, ништо да не се гледа и немам слики. Не е дека не се чувствувам слободно и имам страв, туку сметам дека нема потреба да го ставам животот на тапет.
    Едното го повлекува другото, социјални мрежи не треба да има, ако нема, ќе нема ни што да се споделува. Ќе ја затворат оваа група, ќе има наредна, ако не е телеграм, ќе биде нешто друго. И се ќе се врти во круг.
    Решение нема, едноставно да се внимава што и каде се објавува, да се чуваат профилите затворени, да имаш пријатели кои ги познаваш.
    Лоши времиња, со уште полоши последици. Што убаво со тетрис си игравме...
     
    На Idedemja, edna_malecka, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Абе шо.. сенкир ко игравме тетрис немаше сексуална злоупотреба.

    И динамитот Алфред Нобел го направил за копање рудници, па луѓе му нашле и друга примена.. односно-да се убиваат едни со други.

    Како што и рече: Однесување кое деструктивно ни е во природата... - порано, сега и секогаш... веројатно
     
    На Annath и Kanya им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.401
    Допаѓања:
    260.089
    Како го средиле?
    Многу чудно ова твоето.
    Инаку не е казнет, туку најверојатно предупреден. Ете затоа не ти се јавува. Или дека излезе работава јавна, па се стишија.
     
    На cresa-jagoda, eliesaab и Limpan им се допаѓа ова.
  20. spacegirl92

    spacegirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2016
    Пораки:
    573
    Допаѓања:
    3.031
    Пол:
    Женски
    Јас не знам уште колку девојки треба да оцрнат, за да се затвори таа проклета група. Дневно по колку стотици фотографии се споделуваат само. Да бевме нормална држава, до сега ќе згаснеше групата и лицата ќе беа приведени. Арно преска прочитав некаде, МВР не реагира затоа што само 2800 членови се џандари..
     
    На Annath, edna_malecka, noteforself и 7 други им се допаѓа ова.