Дојдени сме до степен да пишеш коментар за девојчињата, а никако за машките што ги коментирале тие слики, е за тој степен секирај се пошо е степен на дно Ќерка ако имаш кажи и, немој да се шминкаш некој ќе те силува, а мажите со нагони само ќе ги правдаме. Маж ти ако те изневери, швалерката да ја бараш, никако маж ти, он маж е, мора да си проба.
https://lokalno.mk/poznat-administr...-000-telefonski-broevi-od-grupata-javna-soba/ некој здраво ке го јаде
Зашо вртеш маабет на тебе шо ти одговара не е целта тоа да се каже друго е бе ние да се сликаме полнолетни друго е деца разбираш не е маабето за силување или за машки нагони
Во хотели има ли камери, што мислите? На оваа тема зборувавме со една другарка и таа ми вели „Леле, па добро ако има камери, а отидат дечко и девојка?“. Велам „ништо, ако имаат камери, може ги гледаат, но не можат да ги објавуваат“. Оваа тема падна откако и кажав дека во македонски и во еден српски хотел каде бев сама во соба, се истуширав и се шетав по долна облека, опа отпосле си реков, добро, а што ако имаат камери? Вие имате ли инфо за оваа работа? Јас мислам дека хотелите можеби и имаат камери, затоа што секаков народ доаѓа, може да се оштети нешто и слично.
Ако имам ќерка сигурно нема да дозволам да се шминка на 13 години, ќе ја научам да се чува себе си, да се цени себе си!! А ако имам син и ако го начекам и покрај целото мое воспитување, да направи било што со што ќе повреди женско, има да си добие од мене казна. А за овие гнасиве, затвор за децата и одговорност за родителите.
Дали ако некој возрасен, полнолетен човек на малолетно девојче и' рече дека мора да направи нешто ради х причина или ако оди кај него ќе и' даде нешто, и таа го направи тоа, дали и тие случаи на педофилија ги слушате и од вашите високи воспитани, морални позиции викате за тоа дете дека е крива што го навела на педофилот да е педофил? Ги прочитав сите мислења тука и колку неизненадувачки е тоа што постојано се нафрлаат зборови како "курветина", "невоспитана", "неморална",а колку малку се дава акцент на зборот педофилија. Дали вие што ги обвинувате девојчињата сте добро? Дали сериозно е можно да сте проживеале триесетина години и да имате толку глупави, victim blaming размислувања и некако да е океј во вашата глава да барате вина најмногу кај малолетници. Зошто се малолетниците заштитени со закон? Бидејќи мора да се, тие не се психички развиени доволно за да носат одлуки и да сносуваат последици. А за полнолетните девојки, тие не дале дозвола нивните слики да бидат ширени низ јавноста, познат ви е зборот дозвола? Како што девојка ако рече не за секс ,без разлика дали на рандом лик или дечко и', и ако тој игнорира дали таа дала дозвола или не тоа е силување и е кривично дело. Така и ова е кривично дело, ма да по глупостиве што ги изначитав нема да сум изненадена и некои од вас да сте и за силување со мислење си го барала, види како е облечена.
Не мислам дека има. Хотелите живеат од гости. Брзо ќе се расчуеше такво нешто и ќе пропаднеа, зошто да пропаднат само за да те гледаат тебе кај се тушираш и да лежат в затвор? И да се оштети нешто, го пријавува собарката сабајле. А ако си слушнала, и да се оштети нешто што никој не го видел и одкако си заминала пак никој не те побарал за обештетување пошо никој не знае кој го оштетил бидејќи нема камери.
Абе дај Боже да го дознаат тој прво што ја напраил групата, а после и тие што праќаа слики и јавно да ги кажат да можам една клоца меѓу нозе да им закачам. Бев во групата, се приклучив да видам каква е таа фама и луѓе не знаев дали да плачам дали да фатам да се карам таму. 7000 пендреци се стаиле во група СИТЕ со лажни имиња потпишани и разменуваат слики од малолетнички ко сликички од албум да разменуваат. По минимум 1000 души беа онлајн нон-стоп. И машки што ги имам во контакти беа во групата и крајно сум згрозена од нив и од нивното неморално понашање. Бтв сопственикот на групата е потпишан како Медо И Медо драги мои грам мозок нема.Му пишав на приватен чат, му кажав дека сум пријавила во полиција му се заканував, го колнев го пцуев.И Медо мува не го лази, бидејќи Телеграм е руска апликција направена од руски хакери и нашиве малце потешко ќе успеат да навлезат во сржта на групата и на сопственикот. Содржината во групата верујте ми неќете да ја знаете.. ЗГРОЗЕНА СУМ од тоа какви копита ни шетаат по Македонијава и какви морони добиле право да живеат. Такви пораки луѓе, такво несоодветно и крајно згрозувачко понашање НИКОГАШ немам видено во мојот живот.За содржината која беше праќана да не зборам.. Девојчињата кои за жал се мета во оваа гадна шала од мене имаат силна поддршка и гушки и нека знаат дека они не се виновни и дека еден ден ќе се дознае кој е позади ова. Ама искрено посакувам да даде Господ, од нивните сестри и мајки лошото да им се врати, затоа што таа група машки/мажи таму, се луѓе со комплекс на нижа вредност кои едноставно патат по женско и женските полови органи, ама бидејќи очигледно немаат муда да пристапат до девојче се занимаваат со малолетничка порнографија. @Kimberly11 да ти одговорам за казната. за ова затвор се лежи прво, бидејќи станува збор за малолетничка порнографија, второ се работи за недозволено ширење туѓи приватни фотографии, и трето може некој да ги тужи поради загрозување на приватност и идентитет бидејќи под секоја пратена слика пишува име и презиме на девојчето, телефонски броеви имаат праќано за да ѕвонат ( и мојот го имаат пратено ). Така да парично не можат да поминат И не треба.
Океј, не за џабе се викаат интимни фотографии што по дефиниција значи дека не треба да се споделуваат. Ама, кој и да праќа вакви слики треба да е свесен дека постојат последици, ништо не е идеално. Не праам slut shaming, јас имам споделено многу вакви слики со дечко ми, ама му верувам, но сепак сум свесна за ризикот. Значи, не треба да се верува на никој, и секогаш ќе има ризик нешто да се заебе. Така да сите треба да се свесни, особено ако не знаат да проценат на какви сељачишта праќаат.
Коа зборував дека сме станале ептен Амсриканци, ми се смееа одредени членови. Ете сеа до каде стасавме. Ужас. Контрола. Алооо МВР!
Истава група е префрлена и на Вибер зашто мислат дека и таму ќе останат неказнети.Од ова телеграмот има и приватни тужби така да на велико ќе се јаде стапот.Се додека не се рашири дека се казнува за ваков акт,ќе се отвараат вакви групи.Казната е инаку година затвор + парична оштета а за малолетничките кои пријавиле се лежи 8 години.
Mene mi se povraka vo kakov svet zhiveam, site se poludeni, mazhi zheni, mladi stari. Funkcioneri i biznismeni vkluceni. Ete kakvi ke se dokopaat do vlast nad nas, ti budala uci stanuvaj covek, tvoite budali sto te vospituvale da pravat covek od tebe koga nekoj manijak i smizla mrsulava ke bidat nad tebe zosto se pokvareni i imaat grb vrski.
Што убав беше светот додека не постоеше интернет. Сега кога секој има дофат, разни апликации за ширење информации свашта се прави.
Сељаци неизживеани. која раја се собрала мајко мила. За жал и во живо слушав и гледав како влегуваат во групата. Ова уште минатата недела. Не сфатив што зборуваа ама слушнав дека спомнуваат слики од голи девојки. Не ни знаев дека постоела ваква група. Не обратив толку внимание ама сега се сетив. ми се повраќа пошто човекот што гледаше има 15 годишна ќерка врсничка со тие на слики Абе сите до еден нека се најдат манијаци и нека им стегнат тужби. Посебно тој што ја создал групата и тие редовно што споделуваат. Во денешно време доверба во никој. Затоа ни сум се сликала, ни сум помислила да праќам такви слики...ни на дечко, ни на никој. Колку и да верувам од кај знам кој може да му види по пораки или да се плашам дали телефон ќе му го украдат. Се надевам во иднина повнимателни ќе бидат на кого праќаат такви слики.