Не гледам решение освен да се организирате за масовни протести и Македонија да го забрани Телеграм. Протестирање за да се забрани според мене би имало најмногу ефект.
Имам предлог, само незнам како оди процедурата, а тоа е да поднесеме петиција за инкриминирање на овој чин, или промена на постојниот закон, или забрана на апликации за кои нема пристап државата...да се стави во собраниска поцедура ситиацијава, ако веќе полицијата не превзема ништо, бидејќи со постојниот закон не може
Кажав, пред да пратам сум размислила дека такво нешто може да се деси и затоа реагирав смирено кога ми кажаа дека пратиле слика од мене во групата. Разбирам зошто се сликале голи само не разбирам зошто упорно кукаат кога знаат дека истото се случувало, се случува и ќе се случува за жал и пак праќаат и пак праќаат. Едноставно не праќајте за да не дојде до проблем. А да го искорените тоа од машките е просто невозможно.
1520 лајкови а акаунтот има 600 следбеници... Како се шири канцеров па тоа е неверојатно Еве сега гледам и од боемот repost...
Не разбираат дека со оваа работа некои ќе посегнат по животот. Ајде ние што сме возрасни девојки, ама за штотуку пркнати деца ( тинејџерки ) не би рекла баш...
А што лошо има на постот? Некој рече да ги едуцираат само машките а тој го пречкрта тоа и пиша да се едуцираат општо децата без разлика на пол. И тоа ли ви смета? Демек синовите да си ги едуцираат а ние женските едуцирани се раѓаме? Или пак не ни треба едукација нас, распашана банда.
Не разбираш дека не почнало од тебе, мене или некој трет. Почнало од некој што има мандало меѓу нозе. На тоа му треба едукација. На пример, како е создаден, како се родил, кој го едуцирал, кој го израснал. Кога гледаат вакви слики не ја гледаат нивната мајка во нив. Тоа треба да им се удри во глава.
Ти нели имаше пишано дека си била жртва на јавна соба? Не беше доволно едуцирана или зошто ти се случи тоа?
Искрено? Мислам дека законите се многу ограничени, застарени, неефикасни во поглед на вакви девијантни појави. Не само кај нас, туку и пошироко. Јас како ученик на старата школа, сум поборник на порепресивни методи и порадикални видови на казнување. Да ти се изнам..ам на кривична пријава што една година се процесуира и нема судска завршница. Затоа и нема крај на ваквите појави. И нема да има. И после оваа, ќе се појави нова " Јавна соба", и нова, и нова...
Од досега виденото ова се 90% малолетни деца машкуданци шо се палат на порничи Е сеа им влегоја многу женски партали ги прават и им ги помешаа конците неможат раат да уговарат
Добро бе маме му ебам, дали сте нормални? Вие што сте у кланот што барала слики да постирала бла бла. Вие некогаш сте се враќале сами дома у сред бел ден или ноќе, и ве следел некој, и ви дофрлал нешто? Сте биле извадени од кожа дека ќе ве нападне, дека ќе ве силува, ќе ве убие? Што сте биле криви бре, мајке ми, не сте нормални. Ви пишал на социјални мрежи некој, леле кукле колку си убава, и го игнорирате и на крај ви пишува ред одвратности што ќе ви направи кога ќе ве сретне во град. Што сте криви бре, ненормални едни? Не сте? Епа што се криви девојчиња што постираат слики од себе, убави, згодни, млади или да, знам, кантарот е тука...која попоштена е. Секако дека попоштените ќе ги ожени некој, овие “калаштуриве“ кој ќе ги гледа. Ама ете, ќе ве ожени некој и пак ќе ги гледа и во група ќе се придружи и телефонски броеви ќе бара. Нема да зборам за мажите, ретко и зборувам за нив, зборувам секогаш за жените, затоа што секогаш најодвратните коментари доаѓаат од нив. Затоа што треба да си бидеме поддршка едни на други, а ножот до грло си го ставаме. Лични интимни слики на партнерот? Не сте свесни под каква манипулација често се праќани и истите. Не сте свесни колку се малтретирани, омаловажувани и во самата врска. И едвај успеваат да спасат глава од такви, за после... 'што му праќала слики дрн мрн' Да не си му во кожа на човека. Ама емпатија да се немало. Не станува збор за само споделување слики. Ова е нашата груба реалност. Покажување сила, покажување кој е посилниот пол, каде ни е нам жените местото. Што мислите, овие мислат дека стварно нешто ќе ебат од овие девојки? Зошто им се броеви, локации? Покажување сила, омаловажување, не вредиш, а мене никој ништо не ми може. Родово базирано насилство. Затоа што си жена. Затоа што според нивните стандарди немаш морал, а тие најморални. Локација? Човече, па овој на врата може да ти дојде и освен психички и физички да те силува и убие. Дали се нормални? Глупави дечишта и скриени педофили. И решение? Решението било да се немало доверба во никого. Да не се постирало слики. Да не се праќало на дечковци. Ќе се чуваш за брак и не ме интересира. Ќе се затвориш, ќе се изолираш и ќе живееш во мрак, без да бидеш своја, затоа што наместо да си дадеме поддршка да го промениме ова, ние ќе се обликуваме по моделите на овие неизживеани клошари и шовинисти и ќе ја браниме нивната мизогинија.
Добро ете нема да праќам, нема да се сликам по купачи. Што е со фактот дека ете може не сум у добри односи со некој или сака да ми наштети. И го стави мојот број у групата и почне да си измислува секакви глупости? Зашто имало и такви случаи. И ќе ми се јавуваат секакви али будали, сексуално ќе ме вознемируваат, ќе се најде некој педофил, воајер нимфоман ќе ме следи. И што тогаш? Сум го барала ли и тогаш? Ќе сум крива ли и тогаш? Никој ништо не бара. Не сум шетала полугола коа ми свиркале и кога збореле свашта по улици. Заштите си ги децата. Ќе се најде некој ќе ги манипулира. Порнографијата е најмејнстрим индустрија моментално и секаде околу нас е тоа и сметаат дека е нормално. Оффтопик али е многу страшно колку порнографијата ја има испревртени перцепцијата за секс и голотија. Битно они лана роудс и сите инстаграм онлифанс си ги следат што се сликаат полуголи и што наплаќаат за голи слики. И ги викаат колку јаки пички се. Али не дај Боже Марија од Карпош 3 да се сликне на плажа.. Чујте и прочујте работава Колку немаат попаметна работа па ги интересира која со кого и каде се дупела, премногу слободно време и премногу злоба.
Вака, за мене ова е многу црно-бела ствар. Нема што да се дискутира: ние како луѓе секогаш ќе можеме да ги контролираме само нашите сопствени акции и реакции! Е сега, со ова кажано, не значи дека добиваме комплетна слобода и оправданост да правиме одредени работи несметајќи на тоа дека нашите акции некого ќе повредат, дека ќе имаат последици или едноставно дека се злобни и нехумани. Во сите вакви случаи, во кои нечија приватност, нечиј мир, нечија репутација, нечие здравје се нарушени, секогаш ќе го сметам виновен тој што посегнал по такви акции истото да го направи. Кажано со примери: Се изначитав денес дека ако некое девојче не сака ова да и' се случи, треба да размислува однапред за ваква опасност и последица(со што и делумно се сложувам бидејќи е неминовно во денешниов свет); дека ако "патела" за лајкови и секоја втора слика и е разголена или провокативна, дека истото девојче заслужува некој да ја омалажува и буквално да ја продава по групи. Сите ние што ставаме слики, постови, коментари, ставови по социјални мрежи - со тоа ние одлучуваме како ќе се претставиме на нашата одредена публика или цела јавност. До толку ние ги контролираме нашите акции кои важат само за нас. Но, кога некоја личност ќе се осуди да УКРАДЕ нешто што тебе ти припаѓа и притоа те претставува на начин кој само ти наштетува, тогаш тоа е прекршок прво гледано од морален аспект, па потоа зависно од законите во државата. Ставете се ве молам на местото на сиве овие девојчиња. Јас денес се почувствував толку несигурно и валкано на самата помисла некој да ми ја искористи само мојата профилна слика на фејзбук (каде што сум покриена до врат) и таа да стане предмет на размени на такви гадни коментари. А да не зборуваме за тоа колку е трауматично и вознемирувачко непознати луѓе да ти ѕвонат на телефон со...какви намери? Запрашајте се, дали вие би го искористиле моментот кога би виделе некоја слика од девојка во бикини на соц. мрежа, да ја препраќате и коментирате? Или пак ќе речете океј, не ми се допаѓа вака што се покажува на нејзиниот профил и едноставно да си продолжите со скролање без да наштетите некому? Никогаш нема да заборавам една статија во која прочитав една статистика со прашање конкретно до машкиот пол: Дали доколку никој не би дознал и не би претрпеле никакви последици за тоа, би силувале жена? Со оглед на тоа дека одговорите биле анонимни, преовладуваше одговорот ДА. Исто и тука со ситуацијата во групата - дај им маска(username) на луѓето и ќе дознаеш какви се навистина. Без разлика кој е мотивот на сите девојки во светот за постирање на разголени или провокативни (сè е ова сепак субјективно) слики, тоа го прават во свое име и понатаму не е твое ти да делуваш врз тоа! За мене тоа е многу едноставно, јас се познавам себеси како личност, знам да препознаам добро од лошо и никогаш нема никому да наштетам без разлика на околностите! Ако видам машко у купачи на инста слика, не, нема да го препраќам и споделувам по цел интернет со податоци за неговиот идентитет. Ако некое машко ми прати приватни голи слики само за мои очи, не, нема никогаш да ги злоупотребам истите. Не се мои тоа да го правам, не сакам да повредам никого. Сакам да мислам дека и јас некој ден ќе можам да пратам слики некому, бидејќи за мене тоа е природно! Како и да е, во никој случај не е крива жртвата, ма ни 0,01%. Колку сакајте верглајте. Нема тука мотиви, нема тука причини, нема извори. Битно е делото и виновен е сторителот.
Во проблем кој главно го засега женскиот пол, најдоа "маженцава" вниманието да го вртат у своја корист. Да, треба и двата пола да се едуцираат тоа е најосновното нешто и треба да се подразбира. Ама, ај кажи ми дали си сретнала група од 5000+ жени што праќаат било какви слики од мажи и споделуваат нивни лични информации, за потоа тие мажи да бидат малтретирани со повици, пораки или не дај боже на врата да им се начукаат непознати лица секако, со лоша намера. И да постои некогаш таква група, пак жената ќе го јаде али ај. И сега кога очигледно жените се жртви, не знам како и вие и останати на темава како припадници на женски пол наоѓате вина во своите а не во овие сељаци. И само споредете ја едукацијата во однос на двата пола. Кажи ми едукацијата за женските што би подразбирала во случајов? Дека не треба да се слика? А тек машкиве колку работи уствари не треба да прават, наспроти она "не се сликај" за женските.
Значи не е хумано стварно да рече некој "е сама си го барала,зошто постирала слики по купаќи или зошто и е јавен профилот". Никој не треба да земе за право да злоупотребува туѓи слики и да ги постира на тие чатови шо и да се небитно,автоматски ја нарушува приватноста на тие девојчиња,згора на тоа оваа "држава",ако можам така да ја наречам ништо не превзема,стварно не е фер никој да не сноси одговорност за ова. Ако не биде никој казнет за ова,тие ќе си тераат со ова,а и бетер ќе биде.