И моите ја осудуваат ситуацијава. Туку сакав да кажам дека ми сметаше тоа што некои низ револт како да искажуваат омраза кон цел машки род. Па мајке му, јес да сме излегле од вагина и мајка не чувала, воспитала и се тоа. Ама да не заборавиме дека имаме и татко кој и тој се жртвува за нас, работи, заработува и се тоа. Па не е кул и фер цел машки род да се понижува дури и во ваква ситуација. Тоа сакав да кажам. А со другарками зборев за тоа одамна. Тоа се слики од инстаграм, а нејзиниот профил е јавен, така да секој може да ги види, превземе и се тоа. Нема што да се прави освен да се помириш со тоа. Со глава у ѕид не оди ни така. Пошто имам праќано интимни слики само посакував да не е една од тие, иако пред да ги пратам знаев дека може да дојде до такво нешто. За да не се чувствувате така и за да не дојде до тоа не ви препорачувам да праќате такви слики на било кој. Ни во сопствена сенка немај верба велат.
Цуцо, девојката што оди за пари, или со албанци, или што шири нозе за професија, кого го повредува? Сфаќаш дека логиката на постот е, научете ја девојката ова да не го прави, оти по наши машки стандарди, таа е курва, а ние нејќеме курви, сакаме покорни невини девојчиња. Ете ако не сфаќаш, ќе ти објаснам. Зошто да не може девојка да има секс за една вечер? Казниво е со закон нешто? Или не е поштена така, не ја бива за жена. Сите овие деградирачки зборови не се за да се научат девојките да не повредуваат некого, туку да се научат да бидат покорни.
Зашто толку фама кревате за ова? Точно е дека и машките и женските деца треба да се воспитаат. Не се слагам тоа што се спомнати Албанците и тие се луѓе нема потреба ширење омраза. А за жал многу девојчиња го прават напишаново. За жал.
Колку фини невини жени имало, не бе они немаат секс, не сакаат секс... Како е можно жена да напаѓа жена? Утре ако не на вас може да се случи на ќерка ви, другарка ви, сестра ви...
Душо сами го прават чинот или со некој маж/дечко ? И кој тоа има право да кажува кога и со кого треба да има односи ? Ти ли си таа ?
Уште на старт морам да напоменам дека не сакам постов да се сфати во насока обвинување на девојките што се сликале провокативно затоа што воопшто не ми е тоа намерата. Ако возрасна и зрела личност, со изграден карактер сака да објавува такви слики тоа е нејзина одлука.(тоа секако не му дава за право на некој да дели телефони и да ја олајава по групи) Но ако зборуваме за девојчиња од некоја пубертетска и тинејџерска возраст тогаш дефинитивно на тие девојчиња им треба некакво насочување и совети...тоа е возраст во која многу девојчиња се чувствуваат несигурни во себе, збунети, со разни комплекси во врска со изгледот, им треба одобрување од околината, сакаат да бидат запазени од спротивниот пол што е и нормално, меѓутоа не секогаш се доволно зрели да го одберат вистинскиот начин за тоа. Внимание и популарност кај спротивниот пол не се добива со провокативни фотографии и стотици лајкови, т.е. популарност може да се добие, тоа е неоспорно, но каква е таа популарност? Какви ликови би биле привлечени од тоа? Краткотрајна, површна популарност кај плитки и запечени ликови кои механички кликаат лајкови штом видат газе или цице да ѕирка од сликата и одма се префрлаат на наредната таква слика и ја повторуваат постапката Не им треба на девојките таква популарност, не затоа што Жаки комшиката ќе коментира дека биле вакви или онакви, туку затоа што нема да им донесе ништо добро освен моментален его буст. Запечениците кои им стискаат лајкови и им пишуваат ласкави коментари воопшто не се заинтересирани за нив како личности, туку ги гледаат само како сексуални објекти, кои се притоа и лесно заменливи. Внимание може да се привлече и на многу поквалитетен начин, со духовитост, со креативност, со интелигенција, начитаност, информираност на најразлични теми, бавење со спорт, пишување, праење мимови, цртање, во зависност од афинитетите. Да се научат да се ценат себеси, да имаат свои принципи, свое јас и да не подлегнуваат под емотивни манипулации, од типот ако ме сакаш ќе ми пратиш гола слика/ќе имаме секс, или на притисоци од околината во стилот абе ајде сите го прават тоа зошто не и ти? Да имаат секс зошто го сакаат тоа, и кога ќе сакаат, а не за да задржат дечко, или за да ги засакал дечкото, или зошто се на возраст кога требало да се има секс, или зашто ќе бидат сметани за затуцани во спротивно. За машките...не знам од кај да почнам, треба да им се извади од глава таа матрица браво ебачу на тато све живо и диво испроеба образот ни го обели, да им се објасни дека сексот е интимен чин, и не си фраер ако пред другарите праиш муабети леле брат што сум и праел на оваа синоќа, матка и пробив, напротив сељо си, а многу често и лажго. Ако за некоја сметаш дека е преслободна за твој вкус, слободно заобиколи ја и барај си некоја по твој вкус, не прво да и се лигавиш леле срц бомба си, па после да ја олајаваш и етикетираш и да мудруваш како таа била само за забава, а за озбилно ќе си бараш жена домаќинка. Да им се објасни и дека одбивањата и раскинувањата се нормален дел од животот, секој поминал низ тоа, и е крајно ниско да се одмаздуваат со ширење муабети за девојката, или како во случајов објавување фотографии...не е тоа машкост, напротив одлика е на слабичи и дебили. А и ова го забораив, не знам дали е могуче да им се даде до знаење на младунците од машки пол дека фактот што имале секс со Албанка, Гркинка или Бугарка ама баш ич не значи дека со тој чин ја понижиле девојката, а со тоа индиректно и им се одмаздиле на тие држави за некои историски неправди и случувања...мислам стварно е крајно време да се сфати дека сексот не е чин во кој супериорниот доминантен мажјак триумфира над девојката и воедно ја деградира со тоа. Сексот треба да биде взаемно уживање, е сеа ако сте толку лош ебач уживањето нема да биде взаемно, али тоа не значи дека сте го освоиле Солун или Пирин, значи само дека више нема да ја видите цурата.
Жално е што се' додека на нивна сестра, ќерка нема да и' се случи ова зло, нема да ја сфатат големината на истото... Жално е за девојките кои психички го трпат ова. Никој не би се чувствувал безбедно вака. А полицијата нема ништо да превземе, гарант имаат некои врски таму. Не помагаат ни протести кај нас... Само бидете внимателни со своите слики девојки, внимавајте на кого испраќате. Да не им даваме материјали. Само така може ова да запре. Бидете силни, ништо не ни можат!
Инаку, ставете 1* review на Telegram на Play Store со опис дека дозволуваат детска порнографија. Не дека ќе смени нешто, ама сепак, ако доволно луѓе стават, ќе смени
Кого повредува? Сериозна ли си? И после вие истите ќе велите овде како сте биле за едукација, за здраво општество ама истовремено дека секс за една вечер или за одредена услига е ок? Замисли имаш таква ќерка, па после кажи дали повредува некој или не. Замисли некои доаѓаат до одредена работа ширејќи нозе а ти дома со диплома со мастер со докторат ќе дремеш и ќе бидеш принудена да служиш во некој кафич за да си платиш сметки или пак да бегаш од државава. Врти сучи пак сте дел од покваренава матрица со такви мислења. Се е една мрежа а вие имате улога за таа да функционира. Покрај девојки кои се нудат за една вечер, за одредена услуга и слично како очекуваш да нема манијачишта кои се палат ако само со прст им мрднеш? Па тие дегенерати токму поради такви девојки сметаат дека цел женски род е таков.
Леле, леле што прочитав. И тоа од женско. Знаеш машките спонзоруши колку се распространети веќе? Па еден сам си правеше филмови и ми викаше аа па чим имаш ти кола, ако бидеме во врска ќе биде и моја. Ете типецот сакал женска со нејзина кола бидејќи он немал. Што е тука поразлично?
Девојче, чиј живот става во опасност оваа девојка што ја опишуваш? Кого ќе доведе до самоубиство? Кого ќе го следи, и ќе го става под ризик да го силува? Во ред е, разбрав, од најпоштените си. Не знам колку години имаш, ама во ред е. Не треба да се има секс за една вечер. Сами си го бараме. Гуд ток
Само едно сфатив. На некои луѓе и со инка да им се сипе ова, повторно нема да го сфатат. И да, жена на жена е најголем непријател. Полесно може да им се објасни на луѓе кои зборуваат на друг јазик отколку на луѓе што наоѓаат друга смисла во нечии зборови.