Има мажишта поради кои жените трпат закани, има малолетни од страв не споделуваат што им се случило ,има девојки кои споделиле со партнер на кои му веруваат, има фотографии на кои додаваат погрдни зборови и приватни информации и нарушуваат личен углед,има девојќи кои се скришно снимени и фотографирани.Кој и да е случајов ако судиш си дел од таа група на 10000 ограничени мозоци кои се радуваат на фотки и видеа. Утре може да си ти,јас и било кој друг во моментов или ваши деца.Клара Цеткин за ова ли се бореше за ова ли за го пишувате алоо
Има, знам дека има ама поретно. Женските се повеќе, сакаш нејќеш тоа е, и самата го знаеш тоа. Џабе пробуваш да го прикриеш тоа, повеќето жени се такви тоа е факт. Веројатно искачаш по дискотеки клубови ова она.. Исто како што повеќе манијаци и силувачи има машки. Јас немам слушнато за женско силувач. Дури незнам кога последен пат имам прочитано такво нешто.
Добро бе девојче квантна физика ли е да не разбереш? Ај вака наједноставно. Најголем дел од вакви насилства се родово базирани, во превод мажи врз жени.Колкав е бројот на мажи што силуваат жени, а колкав е обратниот број? Колкав е бројот на мажи што силуваат малолетни девојчиња наспроти обратното? Колкав е бројот на вакви групи создадени од мажи наспроти од жени? Ај размисли. Следно, НИКОЈ не вика дека проблемот се мажите како род.Не, најозбилно, 99% од жените НЕ сакаат да кажат дека СИТЕ мажи се силувачи и педофили, ниту пак некоја од нас тука ги мрази. Туку проблемот е што огромен процент од жртвите се жени и НОРМАЛНО Е на нив да се обрне повеќе внимание.Еве тебе логички ти е ако постојат 10 силувани жени и 1 силуван маж повеќе внимание да се обрне на вториот случај?Стварно сакам да знам како ви работи логиката. И на крај, стигнуваме до моментот што "едуцирај го син ти" значи се обрне внимание во раната возраст за да се спречат колку може појави како горенаведените.Зашто тие што го прават ова не се некои психопати, тоа се луѓе/деца што буквално се научени дека сето тоа е нормално, растени се со помислата дека можат да ги поседуваат жените.Сега појасно е?? И затоа вакви постови од типот "учете ги сите деца" се глупи, пошто го тргаат акцентот од вистинскиот проблем. Значи само малку повеќе луѓе да размислуваа пред да скокнат со површни коментари, светот ќе беше поубаво место за живеење.
Мислам дека не сфаќаш што е напишано од @kravce Услуга мисли на сексуалните работнички. Време е да се надминат оние застарени стандарди дека девојката дава зошто во еден таков чин има две личности - значи дека и момчето бара и овде е проблем тоа што тој не е стигматизиран како лесен зошто е машко туку стигматизирано е женското...зошто е женско. @quattro ти пак не го имаш прочитано она што ти го пишав? Или не сакаш да читаш такви работи во страв дека ќе се согласиш? @Kimberly11 за тоа постои сексуална едукација, знаеш, онаа против која пред некој месец скокаа сигурно овие што се дел од групава.
Не знам смајливо што ти значи, секс за една вечер еве до што води. Ако ви е ова во ред ако има секој право на се. Според мене е ужасно.
А женските со кого имаат секс за една вечер, сами или со мажи? Шо прајме со машките кои гледаат само да го пикнат некаде м? Маж ако има секс за една вечер, а жена не? Мислам дека многу изначитав за денеска.
Да, но во групата не се објавуваат само девојчиња со провокативни слики, иако сметам дека никој нема право да ги објавува и нив. Но, се објавуваат слики најнормални како секој што објавува по фармерки, маичка. Исто објавуваат и само име и презиме телефонски број и вулгарен опис на личноста. Дали е ова во ред? Како тие девојчиња заслужиле да се најдат таму? (Притоа пак ќе напоменам дека никој не заслужил, дури ни тие што доброволно се снимале или сликале)
1. Имам видено машко кое нуди сексуални услуги за финансиски бенефит. 2. Многу ти е погрешен ставот дека ако си пратила слика очекувано е да се најде таму. Ти си ја пратила на тој 1 или 2. 3 петмина, не на сите 7000 членови или на цела Мкд. И не е воопшто во ред што ова го прифаќаш ко нормално. Ако сами не се почитуваме кој ќе нѐ почитува?!
Кога веќе се осудува ме интересира, зошто не се осудувани тие што даваат работа врз основа на тој "критериум". Каков е тој работодавач или што и да е, да вработува така, кога си има процедура за тоа. Не е малоумно, непрофесионално итн за едно ширење на нозе некој тоа да го направи. И уште нешто не ми е јасно, кој тоа ги одреди критериумите за која е лесна која не, и кои се? Сега јас незнам во која категорија спаѓам, дали во лесна роба, тешка, квлаитетна "роба"(предмет) или сум светица на татко, брат, па и маж се дур одам по негов кејф.
Па не, извини еве, не ми беше јасно дали само жените се разболуваат од секс од една вечер или и мажите? Се што е наброено, се што е спомнато, е толку длабоко наметнато врз жената, да разбере дека она не е сексуално битие, и дека секое нејзино прифаќање на себеси како личност што сака секс, е одвратно и токму тоа ја прави само курва и ништо повеќе. Не знам како да објаснам искрено. Можеби настапив премногу нападно, еве ќе се извинам, ама... не знам како да објаснам. Жените на дневна база живот им се стресува од мажи, од родово базирано насилство, вознемирување, не можат сами на улица да излезат, слики да постираат, затоа што се нападнати од мажи. Кога тоа ќе им се случува на мажите, ќе зборуваме за двојна едукација.
Да не го занемариме фактот дека тие нормалните слики може да се пратени од жени/девојки. Љубомората е опасна болест и ништо не ми го трга од главата тоа дека меѓу нас има и подмукли кои со цел да ѝ наштетат на друга девојка се спремни и на ова.
@OmniaVanitas Лошо лие некој да се придржува кон моралните вредности? Лошо лие да се биди мирен, повлечен, конзервативен, поштен? Животот нее розов за да правиме се што сакаме.. Има граници.
Попусто се мачиш да објаснуваш. Мислењето нема да им го промениш, макар пишувала со денови. Тие што обвинуваат жртви, ќе обвинуваат и понатаму. Гледам дека се премногу самоуверени.