Е.. ама кој високо лета ниско паѓа другари. @Kimberly11 очигледно не може да разбере дека утре некој може да ја стави на тапет закопчана до грло и да ја етикетира како радодајка. Душо колку и да не е вистина тоа, што мислиш тебе кој ќе ти верува?
Проблемот е што не е морално да сакаш да му наштетиш на некого, да го гледаш како предмет, да го нарекуваш со погрдни зборови, да му се исмејуваш да го омаловажуваш, да му судиш така што ќе направиш приватна порно страна за (ќе го наречам) силување на нечија приватност и интегритет
Не. Кој рече дека е? Дали ако не си тоа треба да биде покана за некој да ти наштети со тоа што ќе објави слика од тебе на таква група? Дали смеат да постојат само „мирен, повлечен, конзервативен, поштен“ за да бидеш заштитен? Зошто са ова единствените норми? Зошто ова не го барате од машки туку упорно се женските тие кои не се вклопуваат во ВАШИТЕ стандарди. Од кога објавување слика значи дека не си поштен? Граници поставуваш и ти самиот како индивидуа. Додека судиш некој што ништо не ти наштетил, светот не може да биде розов. А може да биде ако не судиш и се' додека нечии туѓи постапки не те повредуваат тебе или некој друг.
Почнаа од статусот на тој што пишал да не се едуцираат синовите туку ќерките, да немале односи уште на прво гледање, или со Албанци, дека за да ги вработат требало да одат со шефови итн..
Не брат може и да е школска од средно шо сака да ти наштети. И јас и ти добро знаеме какви гласини и невистини се ширеле, а немале допирна точка со вистината. Сето ова е злоба.
За да те етикетира доволно е да не си сакала да излезеш со него, уствари доволно е само што дишеш. Некои работи очигледно не ти се јасни и живееш во розов свет.
Аха, значи за ваква тема најрелевантно е да се збори тоа што некои иделе со Албанци. Боже сачувај, јасен ми е менталниот склоп.
Ако не читаат да знаат дека се манијаци најголеми им посакувам 5 ќерки па да видиме дали ќе бараат да им испраќаат такви сликички пуу. А и да знаат дека пред се ѓи родила ЖЕНА
Кога веќе читаат, од толку порно сајтови достапни шо мајка праите група да споделувате нечии слики?Болест
Жени, не се проблем сликите што се делат, се делат телефони, се врши малтертирање на девојкоте/жените. Знаете кој страв го живеат? Што ако е некој манијак и ја начека ја нападне и не дај боже ја силува. Многу поголем е проблемот од пуштање слика. Овде има класично злоставување на жени!! И да, некои доволно е ова да се самоубие.
Па како тргнала работава, колку не разбираме што е зло, и колку има простотилук во нашава нација, доволна причина за да те етикетира е ете така да и наштетам на некоја еве ко женско зошто и завидувам
Хммм...па да ги едуцираа синовите да немаат секс на прво глеање, аутоматски и ќерките ќе немаа со кого.