Од толку статии и постови што прочитав, не знам од што да бидам позгрозена.. Што се случува? Какво е ова време во кое живееме? Очигледно да се биде припадник на ЖЕНСКИОТ ПОЛ е веќе страшно нешто. До каде ќе оди оваква ситуација? Полицијата во државава и надлежните за кои се платени дали воопшто се замараат малку од малку да се постигне нешто, зашто веќе еднаш кажав и ќе повторам, ова што се случува не е нормално општество!!! Апелирам до сите и ве замолувам, на форумов 90% сме жени, нема никака полза од тоа да се напаѓаме меѓусебе кога и онака сме нападнати од изпаченово македонско општество во кое живееме. Никако не стојам зад ставот дека сите мажи и млади момчиња се исти, постојат такви што се со добро воспатиание од домашните и капа да им се симне на таквите, но што е со останатиов народ?????? Млади деца од 16-17 години, мажи од 30 па нагоре до 50 години и дури постари?? Зошто ги оправдуваме нив? Да се вратиме назад во време кога не постеа смартфони, интернет, секакви социјални мрежи. Кога постоеше самопочитување, другарство, единство, вистинска љубов спрема дечко, девојка, другар, другарка. Сите го ругаме тоа време, но да не заборавиме дека тоа време е едното од најдобрите. Како возрасна личност осеќам должност да се обратам на форумов зошто има многу МЛАДИ феминки и момчиња овде. Разбирам дека тинејџерските години се најлудиот период од животот, но тука треба да земат улога и родителите на децата. Не е доволно само родителскиот надзор, да земе телефонот и скришно да се врти во него, СЕДНЕТЕ И РАЗГОВАРАЈТЕ СО СВОИТЕ ДЕЦА МАШКИ И ЖЕНСКИ ПОДЕДНАКВО! Да точно е тоа дека групата е формирана од страна на МАШКИ, но никако не е за оправдување фактот праќањето на голи слики, видеа, и тако даље на некого. Не може ништо да ме убеди дека тоа е сега нормално. Што е нормално објаснете тие што ги подржувате? Сликањето на гениталните ограни и праќање на некого? Па колку и да сум заљубена во некого тоа не би го направила. Викате се закануваат, затоа постои семејството! Семејството е тоа што ќе ве подржи, верувајте, ова го пишувам бидејќи од толку членови на форумов, ќе се најде да прочита некој што е жртва на таа грозна ЈАВНА СОБА. И ако веќе се случило такво нешто, наивноста на девојките скапо се плаќа во денешницава, какви се тие фраери што ги праќаат таквите слики? Каде се родителите? Каде е полицијата? Таквите деца треба кривично да одговараат и да се превосипитаат под итна постапка, но уште пострашно е тоа што во таа група има и 50 годишни мажи.. Светот е страшен, веќе не е безбедно место никаде, според другиве да се биде женско е денес срам, секој може да те нападне психички, физички, сексуално, и секако дека женското ќе биде криво. Ставете си прст на челото малку и размислете 3 пати пред да направите нешто. Дали вашиот живот, вашата гордост, и сите ваши вредности се помалку вредни од едно меретно машко? Родители, зборувајте со вашите деца, едуцирајте ги колку што можете подобро, да не дозволиме во иднина да се случуваат вакви работи. Чувајте се девојки.
Браво за трудот на сите. Но повторно "идеално" решение останува да се изгласи во собрание за забрана на Телеграм.
Исто како и останатите чет апликации, така е и оваа. Телеграм не е проблемот. Ако не се таму, ќе се на друго место. Не знам дали читате дека луѓе си го користеле за сосема легитимни водења бизнис, се" до моментот кога не се појавила оваа група и почнале да ги прашуваат дали се таму токму заради таа група.
Ете девојката што е моментално актуелна се сликала на одмор во купачи може има убаво тело и сака да го покаже. Може се трудела околу него, може и е гордост. И на крај некоја напатена душичка (читај, ваљда пишал и она го изогнирирала) комплексите си ги лечи во група на Телеграм за педофилчиња. До кога вака?
Влегов да исплукам по гојдата. Прочитав дека девојчињата сами се ... пази ... понижвале. То ми е знак да преќинам да читам. I'm out.