Не знам што ве чуди за Кајгана кога 99% од членовите се како манијаците од Телеграм, а можеби се и тие и плус коментаторите од Фејсбук.
Исто така не знам како не сфаќаат дека поголем дел од девојчињата не објавуваат слики за да бидат приметени или да добијат внимание. Како што кажа членката погоре некои може вежбале, се труделе околу телото, а можеби и цел живот имале проблеми со вишок килограми на пример. Па сега се горди на постигнатите резултатите па затоа објавиле. Друго има фитнес тренери што објавуваат редовно слики по купачи за да го покажат резултатот и да привлечат клиенти. А исто така има и девојки кои објавуваат слики затоа што заработуваат од тоа. Знам дека не е прифатено тоа многу кај нас, но ете некои навистина ги плаќаат за реклами итн. И нивните профили се јавни. Значи има милион причини зошто можеби објавиле такви слики, ама во никој случај не се виновни!
Ги подржувам сите што вложувате напори да се укине групата, но тоа не е начин.. Ќе направат нова на не знам си каква мрежа, мора некако поинаку да се дејствува
Да се појави слика од блиска личност до владеачката партија и корона ќе ја фати групата, ќе се прогласи за умрено.
Не сум правник ниту овластено лице за вакви случаи, но според тебе мислиш дека ќе престанат педофилите со праќање ако им се избрише групата? Не верувам ни дека е само една група, за оваа знаеме јавно но гарант има уште многу други. Полицијата треба масовно да се ангажира.
Значи се изначитав секакви коментари па уште и од жени. Ај вака од просто, попросто не може да биде, едно кратко објаснување. Не се ставаат само голи/провокативни слики. Има најобични слики симнати од фејсбук/инстаграм кое што секое девојче кое има социјална мрежа ги има. И пишува под сликата пример лупетам сеа Марија од Свирипичино, број тој и тој, јако курви4е е хехе. Значи ова може да се случи на било кое девојче. Може ваш бивши, дури и бивша другарка која има ваш број да стави ваша слика и да го напише тоа за да ви наштети. Дали вие ќе имате било каква вина?!?
Врв ми беше кога некој ќе пишеше да се рипортне групата и оној Циа ќе се избацеше: Не се*и. Океј нема. @staycalm, на секое кикнување, ново име за влез.
Групата ќе се затвори, нова ќе се отвори. Треба закон за сексуално вознемирување! Што друго да кажам кога еве вечерва шетав со моите деца, сама бев, на 5 метри од нас група млади стојат на паркингот и ми дофрлуваат дека сум била секси. Првин не обрнав внимание додека ги одминував, бидејќи беше темно, и со децата бев, ама тогаш еден довикна по мене! И што да правам? се свртев и побрзав натаму. Да се расправам ли па да ме нападнат пред децата, дали се пијани или дрогирани, секако без мозок се. А бев во зимска јакна, со капа на глава и тренерки. Ми се плаче! Пред децата еееј
Баниран сум на новата група. Не можам да влезам воопшто Инаку, не ми се верува колку се прости луѓево во групава. Мислам, очекував да се глупи, ал не до толку. Пишав кој сака да му пратам фотки од ХХ девојче да ми пише на приватен, ми пишаа 10 души, 8 од нив го отворија линкот што им го пратив и им дознав IP адреса...
Се додека тие што треба да работат си спијат на задникот, и никој не се замара со дешавкиве, ќе биде вака. Што ми е гајле не сум јас во групата, не е сестра ми. Да, точно не си ти, но утре може ќерка ти ќе биде и тоа со обична слика забулена до глава, не се сите голи содржини. Полнолетна си ти, не можеме ништо да направиме. Огромно браво за тие што ги носат носат закониве, многу се помачиле..
Која црна полиција ќе се ангажира кога во групата има и полицајци? Една пријавила во полиција, а тие ноншалантно и' рекле дека има над 20 вакви групи.