Па ова исто му доаѓа ко "не носи сукња, на некој манијак ќе му се дигне, си го барала ако нападне". П.с манијак, а не мањак
Ова е коментар под видеото на девојката, незнам типов дали се заебава или не, но ако не се заебава секоја му чест Spoiler
Што си има врска носењето сукња, со споделувањето на фотографии каде што сте минимално облечени, тие фотографии се ставени за да може секој да ги гледа, па и пози лудило, со напучени усти,се глуми живот како од бајките, сакате да ве видат сите за пусти лајкови и популарност. Без притоа да не бидете мета на педофили кои се ложат на такви фотографии. И не не ги опрвдувам овие напалениве МАНИЈАЦИ, ама ги имало и ке ги има и тоа не може никој да го промени. Но тоа што секојдневно се шерува на социјалните мрежи кои не ти гарантираат никаква сигурност е загрозувачко и излезено од контрола. Почнувајки од девојчиња на 10 годишна возраст кои што тверкаат на тик ток, па до објавување на секакви експлицитни фотографии.
Само на тие девојчиња сакам да му дадам подршка најнајголема, да знаат дека не се сами и да не се чуствуваат тие виновни. Исто како на фб или инста и тука читам секакви коментари и не му посакувам на никој да се најде во кожа на девојките жртви. Не е срам да имаш доверба во некој туку срам е да споделуваш интима која ти била доверена само тебе. Таквите мажи не заслужуваат да видат жена до крајот на животот, ми се гади од помислата моја фотографија да се споделува пред 6000 мажи па и број, адреса. Многу добро ги знам правилата на социјалните мрежи и знам дека откако ќе постирам фотографија на интернет таа станува достапна за споделување, но овде се работи за човечност... Не значи ако девојка постира слика на инстаграм од на плажа дека му се нуди на манијаци и дека е девојка без морал. Девојки бидете храбри и не дозволувајте ова да ви влијае на на ништо во животот туку само извлечете поука вие помладите...и не заборавајте дека имате огромна поддршка
Многу сме прости луѓе, многу. Друго стварно не знам што да кажам, сè е кажано веќе. Од една страна и повеќе од доволно е кажано, од друга премалку е кажано. Освен тука, на Фемина, имам впечаток дека на никоја друга социјална мрежа нема толку голема свест во однос на тоа, не мислат дека ова е катастрофа, и наместо да ги плукаат тоа манијаците, ги плукаат девојките кои, сигурно несакајќи, се нашле таму. Освен на фб, таквите простачки коментари ги има и на Инстаграм. Пример, еве коментар под видеото на девојката која јавно се изјасни (патем, браво за храброста), од кој желудник ми се преврти, колку мал IQ треба да имаш за ова да го пишеш:
Ех колку се каам сега што не праев screenshot од дик пикс од short little dick man што ми стигаа во инбокс, па да ги праќам таму и да ги именувам со име, со адреса со се. Гнаси едни гнасни. А и те како материјал имав, посебно од тој кретен што ги сподели моите слики.
’Па како мислиш. Мора да се знае која со кого имала секс, срам да и е. На клада! Ќе ги гориме како вештерки, ќе ги обележиме наоколу да се шетаат како ороспии, што има они да имаат секс, сега има цела Македонија да ги знае. Фала богу што има вакви групи, да може ние поштените да фатиме некој дечко. Нека види и тој каква е таа таму што му се сфиѓа, пред три месеци идела со некој од Маџари и замисли имале секс! Курва.’ Си подповратив малце во себе. Каде има група за жени каде се споделуваат манијаци и предатори, да знаеме со кого утре ќе си имаме работа. Овие "ороспииве" освен егото на некој сељак што ќе му го повредат, не знам што штета ќе направат, ама од предаториве не знам како ќе се спасиме. И чита некое девојче од 15,16 години, што ни криво ни должно му вртат секакви предатори на телефон, ѕирка низ прозор да не се појави некој на врата, и од срам и страв ќе ќути, ќе трпи и утре може и да се самоповреди. Затоа што што мајка барала да се слика и да се става на интернет. Не сме нормални. А овие маженцава што споделуваат адреси и телефони, што очигледно имаат познанства со жртвиве, свесни се со кого све ги споделуваат информациите? Непозната багра на манијаци, што утре може на таа другарка, бивша девојка, комшика или колешка животот да и го земе. Кривично да се одговара. И да се обележат. Не сакаме да знаеме кои се "ороспии", кој со кого, за себе си одговара. Сакаме да знаеме кои се предатори.
Ги поддржуваш со тоа што прво вината ја бараш кај тие што постираат а не кај манијаците. Ти можеш на ќерка ти дома да и кажуваш да не споделува сѐ, а секоја осуда кон жените во јавност - во главата на тие што прават и активно учествуваат во групиве е преведена како поддршка за нивните гнасни дела. *** Зошто уште не постои некој закон што ќе опфати вакви работи на интернет?
А, што е со споделувањето приватни информации и лични телефонски броеви и градови? Вешто избегнуваш тој дел од проблемот за нели, девојката крива да е, а не гнасните балкански гомна. Имај на ум, 8 000 гниди има во групата. Бројот и градот и шо не друго е споделено со 8 000 гниди. Те молам, зборај ми како е тоа во ред. Или не можиш? Зошто?
Небитно е тоа, битно другарка на Спенџарска била, затоа заслужила изгледа А овие сега што се буткаат во затворени групи, еве пошто читаат на фемина, би сакала да ги прашам, дали сега здружено мастурбираат на слики? Се осеќаат поблиску еден со друг така? Групно дркање си имаат?
Знајте како знам да сум досадна, на секое не одговарање, оти вака нема да е крива женската туку ќе се криви другарите- дркаџии, ќе го цитирам наново.
Да ви кажам право, за било кој друг протест за подобрување на условите на живеење не би верувала дека може да има влијание зошто има огромна поделеност на народов почнувајќи на национална основа, па сѐ до политичка определба. Секогаш е „не излегувам за инат на тој слепецот што гласа за ДПМНЕ/СДСМ/ЛЕВИЦА. Зошто бе да му помагам јас на него да може да диши чист воздух? Нека се отруе ѓубрето, јас и онака ќе си одам во викендицата во Маврово“. И отприлика за сите нешта е вака. Но тука се работи за загрозување безбедност и насилство на родова основа. Не дека некогаш во минатото жените сме стекнале некое право за нашето постоење, општо на светско ниво, по полесниот пат. Сега ни се случува иста таква битка на 21ви век и ако постои начин на побуна на кој ниту МВР нема да остане имуно, тоа се масовни протести со блокирање на било какво нормално функционирање во главниот град. Знам дека посебно во пандемија звучи како невозможна мисија зошто нели треба внимавање и сѐ тоа, плус секој со обврски, работа и слично, но знајте дека ако си помолчиме уште малку вака и Саудиска Арабија нема да ни биде рамна. Најискрено мислам ако не се реагира сега, во иднина да не очекуваме дека ќе спречиме. Да се направи event на фб и да се споделува, со добро образложение против кого е насочен, што бара и кон какви измени цели тој револт. Навистина верувам дека ќе има некаков ефект во однос на преземањето на подрастични мерки барем за откривање на идентитетите на дел од гнидиве. Инаку вака со едно девојче кое имало храброст да се спротивстави и проговори јавно, ништо не правиме. Освен тоа што сега сите манијаци ѝ се нафрлија нејзе со гнасните коментари и уште повеќе повици, па најголемиот психолошки товар таа го сноси. Џабе е Браво Ана, никаков бенефит од изразување згрозеност само на форумов или расправање со една-две Стојни што решиле дека до примерноста било, додека не превземеме нешто, додека не застанеме да ѝ помогнеме нејзе, на сите жртви и самите себе за поголема безбедност во иднина.
За ова и јас знам со сигурност дека ќе го најдат по број оној кој те вознемирува, дури и ако ти не знаеш кој е, истиот го викаат на службен разговор во полиција. Е сега моментот кога некој рандом лик прави оглас од твоја слика, твој број во група како Јавна соба, и резултат на тоа тебе ти ѕвонат секојдневно стотици манијаци. Ако ова не е загрозување на безбедноста со умисла, не знам што е. Колку што знам таму и адреси се споделуваат, па се бараат девојки по градови и сл. Треба ли нешто да се случи за да се превземе нешто?
Да се согласувам со дечкото. Особено ко ќе е тоа невино девојче што одбило секс со некој си и тој решил да ја прикаже на свет што курвиште е ,јер кај смее некој него да го одбие. НЕНОРМАЛНИИИИ