Е така. Јавно да си се кажуваат кои се со вакви размислувања. Претпоставувам член е дотичниот. Дали девојчиња јасно ви е од какви треба да бегате? Сами си се издаваат, ваше е само да ги одбегнувате нашироко како чума да имаат. Кога никој нема да ги сака пошто се социопати и мизогинисти, ќе си останат сами. Со доволно слободно време да реплицираат на секој коментар на паметна девојка блуејќи отров. Вака сакам сите членови да си кажуваат јавно кои се и каде членуваат, па ќе видиме која девојка ќе сака да биде во нивна близина.
Најмногу ми е криво што од жени слушам коментари: сама си го бараше, па кој ја тераше да се слика... А, на овие манијаци Господ да им даде по 5 ќерки, па да им биде страв во диско да ги пуштат, ма да тие не размислуваат бре, стварно немам зборови. А за траумите, не сакам да зборувам за тоа. Пред некоја година (претпоставувам бившата на мојот тогашен дечко) ги даваше моите податоци, со адреса, број, слики на такви четови. Луѓе навечер не спиев, ми звонеа постојано, ме чекаа кај мене во населба, психички паднав... Не ми е јасно колку треба да си отиден со умот за тоа да го направиш. И ден денеска, се стресувам кога ќе ми текне на тој период. Се јавував во полиција, ми кажаа дека не можат ништо да направат. Сменив број, и среќа прекинаа. И, јас сама ли си го барав???
Џабе ќе сум трошела време и нерви, и тоа било процедура. Требало записник, па тој записник да се пушти на повисоко ниво, па тие ќе одлучеле дали има или нема случај за истражување. Најубаво бројот да го сменам, беше нивното решение
Ете каде е поврзаноста! Во закржлавениот ум! Твојот и на таквите како тебе! Не би ме зачудило да си дел од групава, најсериозно
Додека бев во групата постираа скриншот од слика на инстаграм од некое девојче кое на сликата беше рандом сликана во парк со oversized дуксер и бараа информаци и nudes од неа. Девојчето веројатно не беше ни полнолетна. Не си барајте оправдание во сликите по купаќи за вашите манијакални испади.
Едуцирање на синот е со цел да се спречи силување, тепање или друго насилство врз жена. Едуцирање на ќерка ако се мисли на тоа да нема ќерката секс за една вечер или за услуга, пак се мисли на едуцирање и на ќерка и син затоа што СО КОЈ ИМА ТАА ЌЕРКА СЕКС ЗА ЕДНА ВЕЧЕР? КОЈ И ГИ НУДИ ТИЕ УСЛУГИ? @SugarHoney и @Kimberly11 според вас жената сама ги прави овие работи? Според вас жената го ограбува мажот? Да се разбереме, за мене ова не е лошо затоа што е со дозвола на двајцата. Додека силување, упатување сексистички коментари и се останато е нешто кое сигурно не се прави со дозвола на жената (доколку таа е жртвата). За телеграм и собите јас стварно не знам што да кажам. Крајно сум згрозена од тоа какви мажи се движат околу нас. На толку порничи достапни, на толку слики со таа намена, тие бараат задоволство во жени кои не сакаат нивните слики да се користени со таа цел. Ама па толку се изопачени и забранетото им е послатко. Сите до еден се потенцијални силувачи за мене!
Жално е што некои луѓе не можат изгледа да разберат дека во монструознана група, се споделуваат и РАНДОМ СЛИКИ ОД СЕКОЈДНЕВИЕТО, ДЕЦА НА ШКОЛО, ВО ПАРК, СО ДРУГАРКИ ПЛУС НИВНИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Ајде ве молам нека ми одговорат паметните, каде го гледате нормалново кај фраериве тука? Ми се гади кога читам, женско не смее да се слика во купаќи оти си го бара? Па што е разликава дали ќе ја видиш на инста или во живо на плажа? Со скафандер да одиме да не му се присака случајно??
За да не мора сите да бидат паметни, треба некои да бидат казнети и да знаат дека тоа не е во ред. Загрозуваш некого-казниво е. Можам до задутре да ви објаснувам за приватност на податоци ама пошто тешко е да се разбере, казната лесно се разбира. Сега единствено мора да се спроведе правда, за да стане јасно. А тоа се спроведува локално, нема никаква врска со вашите виртуелни права и слободи на глобален белосветски булинг
И тогаш може да му се присака пошто усната ти е полна плус си ја намачкала со црвен кармин - си го бараааш !! Spoiler Значи не можам веќе да ги читам ваквите коментари - ми се повраќа
Луѓе настрана сето ова со групава, еве јас пред некој ден спуштив ТикТок, па реков да видам што е толку популарен. Во рок од 3 дена не знам колку девојчина малолетни видов како опнале танга и тверкаат на некои музики. Поентата на ова ми е дека многу родители не контролираат што и како прават нивните деца, потфрлиле. Мислам дека и со ваквото однесување на некој начин придонесуваат се повеќе манијаци да им се лепат и да бараат NUDES по групиве за нив. Свесна сум дека буквално секоја девојка е мета на ваквите, без разлика дали се сликала по танга или шета цела завиена, ама поголема е веројатноста ако спаѓа во овие првите.
Два члена најдени се @ALISA0000 го виде едниот Па ја почнав неговиот број малце да го праќам. Еве го другиот- ака Чорба Милан
Сеуште не ми е јасно како јавноста е толку дефокусирана од вистинскиот огромен проблем кој постои со оваа група, а тоа е ширење на детска порнографија, нешто што е грозоморно, педофилско и одвратно. Има ли некој да крене глас за ова и да биде главна тема секаде и по медиуми и по портали? И каде е тука МВР да интервенира во оваквите случаи каде сериозно се прекршуваат законите, а казните може да бидат и двоцифрен затвор? Доволно е жртвите да кажат кому ги праќале тие слики, и тие да го јадат за дистрибуирање на детска порнографија, ниту контакти од телеграм, ниту чуда се потребни.
Жално е што се немаат основните вредности кај поединци. Ако некој бил толку паметен, култрен и се по ред, немаше да биде вака. МВР, нема да направи ништо околу овој случај. Они само ќе и речат дека она своеволно имала слики или не знам објавила и дека е самата одговорна за себеси.
Абе се ќе сфатам. Ама грозните коментари ОД ЖЕНИ и тоа и тука не. Да ве прашам, арни сте што го оправдувате ова? Од толку што живеете во розево меурче затоа не ја гледате целата слика. Жално е. Утре недај Боже на секој може да му се деси.
Детиште Ми збореше калаш ќе земел..Чачкалица една мала @Purplelilac админот кузнае кај е.Може да е само бот. Јас од вчера ги реметам со познаник, им праќаме стикери и гифови и никој не изреагира. Ќе отворам лаптоп сеа да видам