Се согласувам потполно. Но во врска со правилата на социјалните медуми, кај некои еве инстаграм,да може да се превземе фотографија, но ако е фотографија која содржи порнографски елемени или видеа со еден репорт инстаграм како апликација ги бриши. Исто така постои опција за пријава на инстаграм дека твои лични податоци се злоупотребени, и инстаграм веднаш реагира. А меѓусебното препраќање во нормална држава се казнува по принцип на ширење на порнографски материјал или сајбербулинг за навредливи зборови и закани особено ако поголема бројка на луѓе е во прашање.
Имав една другарка и вчера гледам на инстаграм споделува за случајов и секако ги поддржува жените. А кога ќе искочеше навечер секој втор збор и беше види ја каква е ко курва. Има и вакви лажни феминисткињи.
Такви секогаш и секоја ситуација ќе има. Што го сметаат споделувањето на видеото како тренд, а не како да е масовен проблем.
Трагично е тоа што пола од овие на форумов плукаат по која стигнат каква била како се облакала а тука спасители глумат.
Ме тераш да листам у темите за мк фаци, блогерки и други куп теми. А моментално немам време тоа да го правам не знам дали сте свесни колку се само навредувани и понижувани жени на форумов. Најдобро е ако имаш време сама да читнеш
Бубаче немој те молам, ја следиш темата и свашта се има пишувано и се лепат етикети. Не е ништо поразлично.
Едно е да критикуваш стајлинг зошто ти е кич или too much или шминката не и ок или е премногу. Друго е да кажеш дека е си го барала што е мета на манијаци и педофили. Ако имаш памет како што велиш, би требало да ја сфатиш разликата.
Не е така. Кога некој ве погаѓа и не ви одговара тоа што го пишува рипате ете вака.Не зборам за шминка. За друго зборам патем ако си таква феминистка шо мајка бараш да и коментираш стајлинг пример и да ја ругаш? Нели жените во све треба да се поддржаваат
Не знам кон кој администратор асоцираше коментарот, ама беше прилично нов, од сегашните случувања со Јавна соба, па по некоја логика, би требало да биде за моменталниот.
Добро, те сфаќам. И во модни критики имаат дадено коментар “ко куче да те бркало” и тоа од феминки со дупли профили,па сега изиграваат феминистки големи. Тие вода у очи немаат. Тоа е веќе друго. Поентата е дека поединци никогаш нема да се научат на култура на изразување во јавност, со сите манири и вредности. Вчера избришав пријател од фб затоа што имаше ставено на фб пост и доле имаше коментар од кој ми се згрози. Порано се знаеше врата од кола се отвора,капут се симнува, стол се поместува и сега тоа било нула вредност,сме биле размазени лигли,многу очекувања и барање сме имале. Што му стана на ова општество?