Пуштете ,,шушкач" во Јавна соба и видете за кои девојки се споделува (обавезно скринпринтови како докази), контактирајте ги тие девојки и заедно со нив, превземете нешто. Ова требаше уште првиот пат да го направите, но и сега не е многу касно.
Тргнав цел реферат да пишувам и го избришав, досадна сум си на себеси веќе, не па на други едно исто да повторувам по 300.000 пати. Не можам мозок некому со инка да му турам, ако скриншотови каде се пишува за слики од 14 годишни девојчиња, пласирање на информации за девојчиња кои во дуксери шетаат, споделување порнографски материјали и пишување најдовратни коментари не ви ги отворија очите, нема ништо да ви ги отвори. Па не знам каков социопат треба да си, да немаш трошка грам на емпатија и човечност во себе за цело време да дефокусираш од главниот проблем, да ни ја потиш пиздата овде на сите со глупости додека се пробуваме ние некако очајно решение да најдеме. Утре можете вие да сте НИЧИМ ИЗАЗВАНИ во групата, значи сте шетале во парк, ве сликал некој и пишал дајте слики или контакт од курвава, ви пишуваат 100 души наеднаш. Убаво ќе ви биде? Сами ќе сте си криви? Социопати без трошка емпатија во себеси.
Хахахах ова е сашко од 4chan, не му замерувајте... https://desuarchive.org/int/search/username/Stefan/
@Kimberly11 Ај смири се. Досадна си. Нели и ти беше на ум инфлуенсерка да бидеш? Кога ќе ти стават слики твои со се облека топтан и кога ќе ги читаш фантазиите на чичиња што ти мислат ќе те видам вака дали ќе бамкаш.
Штом има, супер. Сега треба да работите со повеќе памет. Ангажирајте адвокат да ве советува и без да се дознава многу во јавност што правите/превземате со адвокатот, а кога се ќе биде готово и со докази, тогаш пуштете во јавност и во институциите надлежни за таков криминал.
Гледаш дека сепак не сфаќаш што ти се објаснува? Ај да џвакаме. Едно е некоја позната личност, пеачка, водителка, дизајнерка и други на кои клучен им е стајлингот да искоментираат луѓево дали им се свиѓа или не. Некои работи кои се објавуваат се смешни, на пример штикла и танга, а сликана до магаре и кравче на ливада. НЕ Е ИСТО СО ДЕЛЕЊЕ СЛИКИ СО АДРЕСА, БРОЈ, ИМЕ, ПРЕЗИМЕ САМО ЗОШТО МУ РАСКИНАЛА НА БИВШИОТ ИЛИ СЛИКИ ОД МАЛОЛЕТНИЧКИ. Утре може да осване и твоја слика, најнормална, со твоја адреса и број. Психопати ќе си...вршат работа на твоја слика. Дали ќе ти биде тебе тоа нормално? Дали ќе кажеш дека си крива? Чукнете се у тоа главите малку и побатајте го паметот за кој зборите.
Точно тоа сакам да го кажам. Мене ме нападнаа "феминисткиве" затоа што прашав која е потребата секоја втора слика да ми биде по бикини и да праќам голи слики од мене и да имам јавен профил и цела Македонија да ми го гледа? И јас бев нападната. Интернетот е најголемо зло на денешницава се што ставаме се може да се искористи против нас. Не може у секој да се има доверба плус да гледаме да се заштитиме што е можно повеќе. Што ако сум убава и згодна? Мора тоа цела Македонија да го гледа? И нормално дека ќе се превземаат слики кога секој ќе има пристап до профилот. А тоа дека се споделувани и фотографии од облечени девојки немам коментар. Мушкиве изгледа имаат нешто вродено голи да не гледаат преку облека. Болест. Тоа што се споделуваат деца под 18, треба да лежат пошо очигледно се педофили. @GirlRose ти вака си веруваш во се што ќе прочиташ? Тешко тебе. Фала, и ти си исто досадна.
Што се однесува до малолетничките , децата не се криви. Криви се родителите што не гледаат како девојчето нивно се слика на интернет, со кој се допишува и што прави. Исто и машкото што не го научиле како треба да се однесува со женско. И јас вчера имав 15 години што се вика. И немав ниедна провокативна слика и бев свесна за се. Пак ќе кажам домашно воспитување. За адреса и број делење, тоа е катастрофа и не е во ред.
https://desuarchive.org/int/thread/137468526/#137495055 Хахахах вие не сте виделе ништо, луркајте тука https://boards.4chan.org/pol/catalog
Кај го пишав тоа жити мајка. Ај доста е од мене. Со вакви луѓе не вреди чоек да се докажува и да расправа.
Дај кој знае да хакнува нека ми пише. Ми ја нема таа страната шо ја користев прошли пат за телеграм да читам
Ајде ние да организираме протест, ама сериозно. Барањето од протестирачите: - МВР и обвинителство да истражи и да ги најде лицата кои објавуваат приватни податоци од девојки (име, презиме, адреса, телефонски број), па да следат соодветни судски постапки. - На девојките жртви на случувањата со Телеграм и нивните фамилии, да им се обезбеди правна и психолошка помош на сметка на државата. - Истрагата и постапките да бидат транспарентни, МВР да прави јавни брифинзи на телевизија секој ден. Како Филипче што правеше со пандемијата. Тоа што еден куп веќе ги знаете со име и презиме е од помош. Листа да направиме и да ја доставиме до МВР. Испраќајте ми податоци во порака, ќе ја составам листата. Правник некој да ми поможи да го составиме барањето. Која сака? Ве има еден куп. Да договориме датум и да пријавиме дека ќе има протест. Редари од нас доброволци ќе избереме. Во порака пријавете ми доколку се нафаќате да сте редари. Пароли, секој сам нека си прави. Некој да ми кажи од каде се купува мегафон. Мислам доволно време е до наредниот викенд (6-7 февруари) да ги истераме овие работи. Дајте прво точно време да определиме. Идеи, предлози, дополнувања се добредојдени. Предлагајте.
Уште и невини деца спомнува. Како не му е срам да се засрами, бе? Жените во Македонија не знаеле што е љубов! Божем тој знае! Оф, што нема да прочитам!