Енкриптирана жими к*р. Смешни сте со изразиве. Одделот за сајбер криминал може да ги бутне со еден прст. Со еден повик до Интерпол, групава ќе беше падната на колена. Ама џабе кога џандарско групно дудлање е во акција.
Јасно ми е мене, ама како што кажав длабоко да се копа. Ние имаме врвни ит техничари кои можат да ја бутнат цела апликација, само се потребни денови. Ако ит техничарите работат добро цела група до сега ќе беше пробиена.
Не ме чуди воопшто. Затоа и толку долго време се влече работава. Вајлд, ајде. Прва ќе се појавам таму. Сосем доволен период е до идниот викенд. Дајте да мрднеме од мртва точка муабети од форум на улица.
Не можи. Енкриптирањето е можност која се гаи и изучува и унапредува оти е битна за комуникација во корпорации, државни проблематики, дипломатија, разузнавање. То не го менваме. Шо можиме да смениме, е да фаќаме криминалци, еден по еден, кои тие алатки ги користат за вршење криминал.
Твое право е да мислиш што сакаш нели, тука сме сите за да дадеме свое мислење. Но постојано го негираш тоа дека секој лично си носи одговорност за тоа што го постира, тоа дека тие што ја искористиле фотографијата треба да бидат казнети постои само во нашите глави, но таков закон нема,не постои. И реално каква опција би требало да постои за сликите кои што ги пласираш пред цел свет никој да не може да и напрваи download или screenshot,такво нешто е невозможно, што ако сликата ја презел и некој од Африка/Америка и ја постирал и тој? Закон постои само доколку сликите ти се украдени од телефонот без твое знаење, или те сликал некој без твое знаење,тоа се вика злоупотреба. Пред да се сликаш гола и да се пракаш на дечко ти, пред да објавуваш секакви слики треба да знаеш дека не живееме во свет на истомисленици каде што сите размислуваме правилно.
Не дека нешто драстично би се променило, но до сега јас не се сеќавам да сме имале ваков протест, барем до пред скоро време. Со ова им даваме дознаење дека се' ни е во ред, никаков револт не искажувавме. Сега ако излеземе на протест, ќе сфатат дека веќе почнува да избива незадоволството, револтот од нас спрема надлежните попрво, бидејќи менталитет нема да смениме, ќе сфатат дека сме свесни што се случува. Кога ќе се расчуе за протестот, овие што се надлежни ќе излезат со изјави дека работат на случајот, можеби и ќе работат, можеби само за да смират ситуација, демек еве преземаме нешто ( знам дека ќе е второво). И знам дека нема да им е сеедно на дебиливе од Јавна соба кога ќе видат дека можат да бидат откриени. Макар што, и јас сум песимист за ова, знаејќи ја нашава држава, ама ништо не губиме.. А се' додека не се донесе закон за сексуално вознемирување, вака ќе е. Па да почнеме со тоа барање пред се'.
Наивна си. Може да ги дознаат нивните идентитети, преку IP, иако имаат прокси. Бар тоа е базично. Ама не сакаат.
Што трескаш зелени, интерпол ќе се замара со група во Северна Македонија со 4к члена што споделуваат газови. Па такви има мал милион на платформата, они неможат исис и канали за шверц на дрога и оружје да банираат па ќе се потегнат за ова.
Треба во групата да влезат жени Јас од вчера ги реметам со гифови стикери и слики И уште еден двајца Телефоните мислам ќе им прегорат
Прво се правиш дека знаеш што е енкриптирана после викаш да ги најдат преку IP, ауу што се немало тука ахахах...
Ти имаш среќа што не те тртеле па да споделуваат видеа од тебе. Затоа и вака се трескаш. Да ти се десеше ќе те прашав на вага газови vs. ISIS групи што ќе ти беше побитно и повредно. Дали гзот или ножот. Башка тропаш безвезе околу енкрипцијата. Живееме во Македонија, не Авганистан.
Наводно, приведени биле двајца. Организаторот/Администраторот осеќам дека никогаш нема да се фати и да одговара пред закон, како и многу други ,,бели мечки" од таа група. Овие што биле приведени, најверојатно се пиуните во шахот.
Да беше ставена ќерка на некој политичар или пратеник на власт се ќе беше експресно средено. За обичните смртници немаат уво. Језиво е ова. Околу 8 илјади членови тоа е се манијаци и педофили. Испаѓа дека секој втор е умоболен. Страшно.