Ти повнимавај што праќаш тука на членовите по ПП. Кој те издал и зошто. За мене не се замарај, јас бутнав една група вчера, сега ми потврдија. Поздрав.
Да но изгледа ти живееш во Авганистан со знаењево, IP неможе да се најде поради тоа што платформата е енкриптирана а тоа за газовите може тебе ти е побитно а не у интерпол каде што веќе знаат дека постојат илјадници такви групи и неможат да сторат ништо. Постојат само 2 решенија: Тастање на членови или глобално google и apple да ја банираат апликацијата.
Ланец е и баш заради тоа е добро. Си се знаат меѓусебно, сигурно секој знае барем десетина од четот. Кога ќе го објават идентитетот од тој еден, ќе си повлече со себе и други. Зошто сите сакаат да изиграваат јаки фраери, ама никој нејќе цела одговорност на него да е.
Порака - лажно претставништво - нивен инстаграм профил - IP. Реков постои начин да се дојде до нивна адреса, не реков дека нужно преку ,,телеграм" и јавна соба се влегува во трага. Толку ти фаќа црпката.
Порака - лажно претставништво - нивен инстаграм профил(ако доброволно го споделат) може, но со IP не може.
Не праќам ништо по членовите кое не би го кажала и јавно. Ако ми хинтуваш дека ме брчел некој, слободно.
75% доброволно споделија, ич не се секирај ти. Си ја знам јас работата. Вчера бутнавме една група со екстерна помош.
Не сум јас тука да ти судам, уживај. Хинтови не праќам, директна сум и знам дека знаеш на што мислам. Поздрав.
Тоа баш и правев муабет со маж ми рече мвр треба во интерпол да се јави тие таму да истражат за да ја бутнат групава. Ама нашиве не многу се замараат...
Еве чичо Заев се огласи. Сега ќе бидат "the good guys" демек, откако веќе се споделија преку 200 профили, девојки и видеа во групите каде претстојував. Така оди тоа. Вчера криминалец, денес спасител.
По се' што се пишува на форумов, гледам дека имаме мажи што се поголеми феминисти од некои жени. И овде има жени што можам да ги ставам во ист кош со говедава од групата. Ама не, вистинскиот маж не е феминист, така вели нивниот другар што сега е баниран. Вие што ги обвинувате жртвите, извинете, ама не сте ништо подобри од силувачите, да бидам послободна. Еднаш кажав и повторно ќе кажам дека со неписмени луѓе можеш подобро да се разбереш отколку со полуписмени.
Луѓе стојте!! Штотуку добив инфо дека и невладини планираат да организираат протест. Најверојатно можеме да се споиме со нив.