Имам 2-3 screenshots од идиотите што ме заследија откако се најдов во групата, ако е од помош тоа, пишете ми ќе ви ги пратам.
едно нешто ми е сомнително. обајвени интимни фотографии и броеви од женски личности, наводно од нивни поранешни интимни партнери. но, откаде во толкав голем број? сигурно не се повеќето бивши толку глупави да не знаат дека нема да ги фатат и казнат. мислам дека ова се дела на професионалци. она што јас мислам дека се случува е дека самите социјални мрежи каде членките си ги имале објавено фотографиите, дури и со подесувања за строга приватност, им ги поткраднале и пратиле за објава во такви експлицитни групи, а имањето на нивниот телефонски број е лесна работа бидејќи социјалните и други мрежи обврзно бараат број кога примаат членка. понатаму, не мора ни да се објавени интимните фотографии на мрежите. сите апликации за социјални мрежи бараат дозвола за пристап до вашите фотографии и сл. податоци од смартфон и сите притискаат ДА за дозвола иако реално тоа се однесува на сите податоци и самата апликација може да ви ги скенира сите фотографии и прати на нивниот сервер, заедно и со податокот кој е вашиот мобилен број. така да, мислам дека ова е координирано неконтролирано превземање на податоци. и да ги тужите социјалните мрежи, тие ќе извадат дека сте се согласиле за користење, но нема да можете да докажете дека не сте дале согласност и за интимните фотографии. најсигурно, не држете интимни слики во смартфонот и не давајте на никоја апликација за ништо согласност. според мене, тоа е најсигурно.
Ако е група тогаш јас праќам, а гледаат сите, не само ти...така? Ако јас споделам слика, а ти направиш принтскрин тогаш отиде приватноста. Се согласувам со Камелија дека како год да е поставеноста на некоја апликација, ако дејствувањата на нејзе се спротивни на законот, тогаш постојат инструменти да се спречи активноста. Да не заборавиме дека лани ова време малолетничка си го одзеде животот поради фотошопирани фотографии на оваа апликација. Заташкано како и се до сега. Апелирам до сите родители на форумов да разговараат со своите деца на оваа тема. Не битно дали е поставена слика на телеграм, вибер, инстаграм, не битно дали е фотошопирана или не, не битно дали децата веќе направиле грешка и имаат таква слика... предупредувајте и/или оправајте ја ситуацијата. Мора да знаат и дека не треба тоа да го прават, а и ако некој го направил за да им нанесе штета, решение има.
Од кај ви де информацииве дека мвр требало во Интерпол да се јави, само ќе Ви кажам дека појма немате и кога не знаете закон не ширете дезинформации
ако имате конкретни информации кој, како и зошто ја направил конкретната група и зошто посочената социјална мрежа го толерира нејзиното постоење, ве молам објавете факти. јас си искажувам мое мислење и сомневања. има за тоа истражни органи. никого не терам да верува и се согласува.
Е то никој не го сфаќа... Дека меѓу нас се престапниците, дека ги знаеме и им веруваме. Човек со кој се дружев на работа, добри десет години, ни во еден момент не се посомневав во ништо сомнително кај него... за еден ден, да го обвинат и осудат за злоставување на неколку девојчиња помали од 14 години. Во затвор е сега...
Посочената социјална мрежа постои за да толерира секакви и не санкционира никакви, рај за педофили, исламисти и останати. Толку. Никаква конспирација.
Нормално, за да се заштити власта од протести, а некои со висока функција што се во групата од кривични. Ќе ја забранат апликацијава, ќе се заборави сето ова за 1 недела (како и по обичај за нашиот народ) и тоа е тоа. И волкот сит и овците на број.
Зафатена сум сега, не читам. Пак избегна да одговори на прашањето дали е исправно да споделува лични информации некој со 8 000 други „луѓе“?
Па нели баравте да реагираат? Еве реакција. И пак не бива. Не бре, не можам да сфатам што барате? За понатаму, пишав наназад, може да одговараат за детска порнографија, кај малолетниците. За другите има шанси да се извлечат, и не само поради тоа што Власта рака сака, туку поради законските ограничувања. Казните не очекувајте да бидат затвор или големи.