Е многу се радувам што ќе има протести за ова! Треба жена на жена да си помагаме, а очекувам и од мажи ова да биди поддржано, ради тоа што треба нас да нѐ сметаат за еднакви со нив и ради овие што им го ругаат машкиот род. Промената почнува од самите нас!
Направи скрин од девојките што се објавени таму и барај ги на инста прати им да си знаат. Ама неможам манијациве да ги разберам. Како може толку многу да се возбудуваат на слика?
Законот за заштита на податоци се однесува на компании, државни инститиции, фирми. Кога пример аплицираш за кредит во банкна оставаш лични податоци, кога наплакаш со картичка, кога се зачленуваш во бибиотека, кога аплицираш за работа секаде оставаш лични податоци и во овој случај твоите лични податоци не смеат да бидат злоупотребени бидејки им се доверени. Но во случајов ако ти го дадеш бројот на некој познаник, и тој познаник на некој друг и тој друг го злоупотреби, нема логика твојот познаник да одговара затоа што го споделил бројот со некој друг. Нема логика да постои закон со кој ке се забрани размена на броеви и адреса со трето или четврто лице. Ти не си приморан да го споделуваш твојот број со другари, познаници и слично,и ако се случи нешто кој е крив, другарот што го споделил твојот број со некој трет или ти што си го споделила со другар ти? Девојката бара од мвр заштита на нејзината приватност, а профилот го отворила за над 10 000 следачи. Вие сакате да измислувате закони каде што ги нема никаде во светот. Едноставно барате невозможни работи. Вие сами не се заштитувате а после барате мвр да ве заштити.
Можеби и треба женска група да се направи така да се споделуваат слики од мажи па да бидеме еднакви.... Шега настана, ова мора да се казни, иначе ќе им премине во навика постојано вака да прават, а тука е и психичкиот момент, како таа личност после од кога ќе и се случи вакво нешто ќе продолжи понатаму...
ЕДУЦИРАЈ СЕ !!! немало закони,а особава или нема прогуглано или незнае да прочита .Од вакви неписмени си патиме.
Многу ја тупиш. И упорно ти и како тебе го оправдувате сето ова шо се случува во група од 8000 болни луѓе. Се запнавте само за тоа, слики се објавиле јавно, се праќале, исто цело време верглате. Не можите да видите пошироко малку. Срамота.
Да таков закон нема. И не туку измислувај топла вода. И девојката на видеото сама кажа дека на одделот за сајбер криминал и кажале дека во нејзиниот случај ништо не можат да и помогнат, законот важи само за малолетници кои од непромислени работи и не созреаност си направат беља. Девојка на 28 години е доволно зрела за да знае кои се негативните и лоши страни на социјалните мрежи,и нејзино право е да одлучи како ке се експонира,и секако да си преземе одговорност.
А си размислила за тоа дека фактички и ти би имала прекршок? Буквално сите имаме споделено со некого во приватна порака мемиња(нечии фотографии), плус едитирани, плус за мајтап. Темата македонски јавни фаци ти е ТЕЛЕГРАМ сама по себе. Буквално истото се прави, се споделуваат скриншоти од нечии сториња и профили и се коментираат и омаловажуваат, ама пошто се работи за Мелитка, Плевнеш или не знам кој - не се важи, така? А ова за Телеграм, Телеграм ви е најмал проблем искрено. Сте размислиле за тоа дека кај апликациите кои не ги енкриптираат податоците вашите интимни фотографии може да ги гледаат еден куп чичковчи од девОпс на сервер, да си ги коментираат меѓу себе, да си прават што сакаат, да си ги споделуваат по олд скул методи, даркВеб итн ? Плус трета страна може да дојде до нив или самата апликација да ги продаде на некој што сака да ги купи. Пред се е потребно да се едуцираат сите(не само младите или девојчињата) за безбедноста на интернет, што, кој и на каков начин може некој да ги злоупотреби нивните податоци, како одредени постапки кои можеби некој ги прави и несвесно може да влијаат на некого и да се воведат добро обработени закони за заштита на корисниците. Инаку ништо чудно и јас да се најдов во групата. Пред десетина дена ми ѕвонеа и со скриен и од два броја - така. Кренав само на првиот, после одбивав и ги блокнав броевите што ѕвонеа така, па прекинаа. Не знам дали има врска со групата, а искрено несакам ни да знам.
Не е решението да ја забранат апликацијата, тогаш на друга мрежа ќе се префрлат. Што правиме со луѓето кој поради работа комуницираат на таа апликација.
Напишаното твое гласиии од предходниот коментар. Не измислувајте закони кои ги нема никаде во светот. Да те просветлам има многу земји со закони против булин или сајбербулинг од вакви како тебе. https://criminal.findlaw.com/criminal-charges/cyber-bullying.html
Како бе МЈФ била Телеграм? Се читате ли? Тие особи сами се нафатиле да се во очи на јавност прво. А, второ комично е да споредуваш групи на болни мажи што дркаат на 12 годишни и жени во МЈФ шо е тема класична селска чешма муабет.
Од реакции фајде нема. Ова започна пред една година, и што направија од тогаш конкретно? Ништо. А слободно можеа да стокмат еден закон со дебели казни, кој ќе ги штити сите не само малолетниците. Ама побитни работи имаа изгледа.