Треба измени во КЗ. Еве нека тужат за клевета и нарушување на честа и угледот. Нека си земат добри адвокати, ќе ги удрат по џеб, може ефект ќе има.
Пуштајте линк да се пуштаме сите да ги истераме од групата, и дали постои можност некако од членовите во групата да се бришат сликите?
За да одговараат кривично мора да се инкриминира во КЗ, инаку најизменуван закон кај нас, ама некој треба да ги предложи тие измени.
Значи не треба да лефтнуваат. Така ги спасуваш да не се откријат кои се, ќе се додадат во "другата" група. Треба да се пријават.
Па наводно со новиот закон ќе се криминализира сексуалното вознемирување и во ралност и онлајн. Не знам дали некаде го има нацрт законот па да го разгледаме. Ако го најдете постирајте линк.
Пазете како се сликате, еве Саше нема да ве земи за жена Од целава ситуација, ова најмногу ме трогна, што не' не бендисува ала Саше. Само за жал не е свесен дека сега тој е ,,бележана оФца" .
Добро бе, дали овие имаат 2 грама памет?! Леле туго несреќо, земјо Индијо За Заев ова е закана по живот https://lider.com.mk/makedonija/zaev-prijavi-deka-dobil-zakana-po-zivot-samo-kurshum-za-tebe/ https://makedonskivesnik.com/skopski-aerodrom-gostivarcanec-zakani/ ,,Смрт за курви,, не знам што е. Повик за линч? Да го прашаме Заев? Имало дело, загрозување на сигурност- член 144 став 4 од Кривичниот законик. И сега постои или не постои такво дело?
Тоа што некоја не се облекува по мој вкус, што за мои или нечии очи е вулгарно, кич, смешно е една работа, ствар на мислење и вкус. Тоа дали е нешто премногу за на интернет според некој, не треба да им даде за право на одредени психопати да ги преминат границите на човечно однесување и не значи дека некој треба да си дозволи да прави неморално, не етичко или кривично дело. Туѓото однесување, не ослободува од одговорност при незаконски постапки. Значи силувачот ќе си одговара сеедно дали силувал гола, или забулена жена. Сеедно дали "си го барала" таа или не, НЕНОРМАЛНО И КАЗНИВО Е СИЛУВАЊЕТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА, РЕПРОДУЦИРАЊЕТО НА НЕЧИИ ФОТОГРАФИИ... Но, исто така постои стил на однесување и облекување и кој доколку е не соодветен за одредено место боде очи исто како новогодишна елка во сред лето. Сепак тоа е личен избор поради кој се сносат последици ама во ПРИВАТНИОТ ЖИВОТ на одредена особа. Мене лично, кога некоја не е вкусно облечена, го претерала ми боде очи, но тоа не значи дека ќе дозволам и поради тоа ќе оправдам ако истата биде омаловажувана, линчувана, етикетирана или силувана. Но ако некој ми личи на кловн ќе бидам искрена и ќе му кажам во лице, нема да му аплаудирам и да го тапкам по рамо.
Вратив на некои вакви, ама после сфатив дека нема разбирачка. Еден со: ако не прдиш, не смрди и прашуваше оти од него не објавиле слики. И му влегувам на профил сите слики од детето негово голо. Како да се разбериш после дека ќе го боли ако и јас го објавам неговото дете. Се изначитавме глупости.
Да така едноставно е, ти ќе речеш на фирмата со која работиш дај кај нас еве не знаат како да се справат со проблем па да земеме цела организација се што имаме да префрлиме на друга апликација И друго прашање до тебе еве ако ја забранат телеграм, не постојат други апликации кај што можат да праќаат? Наједноставно решение е сите репорт на групата и ќе ја снема!
Со безмозочни амеби не можеш да се разбереш. Исто како што не можеш да се разбереш со некои членки на темава.
Не сум ја заслужна за ова ама кој и да е Алал да му е. Ќе влезам сеа во српскана Таму има да ги спамам И репорт јадат