Не е проблемот до телеграм туку до колку сакаат властите да превземат нешто, а во случајов тоа е многу малку. Телеграм користи e2e енкрипција само во secret chat - тоа е таен разговор помеѓу двајца, а не помеѓу 5000. Значи во групниот разговор ја нема таа "невозможна" енкрипција тоа е само во secret chat, прочитајте на страната од телеграм и ако не разбирате како функционира не мора гласни да сте не ширете дезинформации дека готово штом е телеграм нема откривање, знам дека добра намера имате сма ограниченото информатичко знаење кое го имате ви е премногу гласно. Точно, телеграм сами нема да ги дадат броевите и адресите на корисниците, но од мвр може да се приклучат во групата, да постават honeypot link од типот кликни и види слики од таа и таа, и со тоа да им ги добијат адресите. Понатаму пола од членовите се неписмени и се зачленети со име и презиме и нескриен број. Значи начини има, не се за џабе вработени информатичарите таму, само очигледно иницијатива и желба нема.
Од самиот корен да се пресече тоа. Закони и едукација. Поголема посветеност од страна на родителите, поголеми рестрикции за малолетни по социјалните мрежи. Мене искрено ме плашат и колку вулгарни зборови и изрази користат. Ќе и го напикам, ќе и го раширам, у уста ќе и го дудлам. Морници ме лазат, какви испревртени умови постојат. Зрела била за 14 години. Такви мисли не му доаѓаат на нормален, ни па такви изрази не кажува нормален. Да мислиш на секс секоја минута од денот, и секој/а што ќе го/ја видиш да го фантазираш не е нормално. Тоа се психолошки случаи, манични или пак нимфомани. И голем дел од нив произлегле од порнографијата и од нејзината достапност. Прв пат со тоа се стретнав на свои 12 години, а реално некои и многу порано. Не е нормално дете на тие години да гледа и ужива во секс. Една од најголемите зависности е порнографијата и сега им преминала во нешто што секојдневно им ги окупира мислите. Не знам навистина. Јас изгубив надеж дека нешто ќе се смени. Се надевам сите девојки ќе ја добијат потребната психолошка помош и поддршка од родителите. А гниди, гниди и ќе си останат.
За жал, од денес да се почне со едукација и промена, за да има видливи резулатати треба да поминат години и години. Некои од нас нема ни да го дочекаме тоа...
И да се надоврзам, бидејќи начини има откриј ги тие што се админи и тие што споделуваат слики (бидејќи групниот чат нема е2е енкрипција сликите се уште таму!!! Не се бришат освен секој од тие 5 илјади морони да ги избришат пораките, а тоа да го направат и полицијата која треба да влезе за да ги открие кои се) Значи можат да се откријат и понатаму строго да се казнат и да се посее страв меѓу манијаците, а не тие сила си зедоа па уште и детско порно гадовите лабаво си бараат. Нека не не' лажат политичарите не е доволно бришење групи, нема смисла блокирање на телеграм. Начини има, но тие ништо не прават. Мора да ги натераме да прават.
На долгорочна стаза- 400 да приведат. Показна вежба. Правете притисок по невладини, мвр да го вклучи интерпол во ова, пошто меѓународно стана. Интерпол би требало да знае како.
Ако дете е удрено од страна на родител или наставник, истите тие гнаси велат дека заслужило, а има и што велат дека треба да се искрши од ќотек. Да не биде разгалено де. Кога ученик опцу професорка, а другар му го снимал, тогаш пресврт од гнидиве. „Па што, не и` посакал нешто лошо!“ „Што, наставниците да не се цвеќиња за мирисање?“ Сега за овој случај, сите држат лекции по морал, особено гнасиве. Не сите, ама добри над 90% држат. „Што бараш да се сликаш гола?“, „Ти ма најде да зборуваш за скромност?“ и така со ред... Начинот на размислување е поврзан со начинот на воспитување. Верувам дека сите што им држат лекции по морал на жртвите, ги тепаат своите деца за да ги воспитаат како членката што би си ја искршила ќерка и` од ќотек доколку се најде таму. А поголемиот дел од нив можеби и се/биле членови на групата.
И така ќе се вртат во магичен круг... Џабе ја бришат групата кога они веќе имаат слики, видеа, податоци за голем број девојки...
Можеби најдобра опција е да се објават јавно со име и презиме, цела листа, па нека пробат да зборат со женски после.
Постојано ќе излегуваат нови групи, и на други платформи и тоа до бескрај ќе оди, си земаат и се' поголема сила, поголема моќ. Пред 6 месеци инцидентот како глупави некои дебатиравме дали си го барала или не си го барала, што барала во javna kujca. Ништо не се превзеде вистински тогаш, канцерот се врати, но проширен. Сега сме загрозени и ако не сме голи, и ако сме на плажа, и ако сме по фармерки. Ова беше очекувано, бидејќи проблемот е до нивните болни мозоци, а не до жртвите и какви слики имале. Повторно сме замолчени ни викаат дека ја избришале групата и со тоа треба да сме задоволни, и наводно 4ца биле приведени. Но нема поента ние со тоа да сме задоволни се' дури не видиме со наши очи строги казни за мнозинството од тие членови. Но тоа не го гледаме. Што гледаме? Гледаме нови групи дури и српски, гледаме отворено барање на детска порнографија, ќе гледаме уште еден куп групи и нови платформи. Што гледаме друго? Гледаме еден голем шамар за нас жените во оваа држава и гледаме дека не сме почитувани, ислушани и безбедни. Со ваков тек на настани само прашање на време е кога ќе почне бројот на силувања и напади во живо да се зголемува, бидејќи очигледно се' им е дозволено онлајн па зошто да не и офлајн.