Штетата е веќе направена. Останува да се надеваме дека што поголем број од членовите ќе приведат и ќе одговараат за нивните постапки.
Добро, а тие што ги превземаат фотографиите кој им дава за право да ги објавуваат со броеви, адреси, навреди, сѐ спакувано, на сајт со намера да ја омаловажи и понижи личноста за чии фотографии зборуваме, а уште полошо им ја загрозува безбедноста. Повеќе од очигледно е дека со намера се прави сето ова. Што кога на некое чиче во групата што ќе види дека е блиску до некоја од девојките му текне да ја нападне или силува? Овие ли се тие последици за кои зборуваш? Пак ли жртвата ќе биде одговорна за силувањето?
Парична казна, јавно име презиме и затвор, посебно за детска порнографија, па се останато. Па в затвор можи ќе пробаат како е од назад тие малку. Тогаш можи малку ќе се приберат. А со затворање на група само, ништо нема да се постигни.
Абе, цел ден мислам, во насока воспитајте ги децата. Можеби и не е лоша идеја, зошто некого би штителе а некого воспитувале според пол. Значи станува збор за омраза. Revenge porn, одмазднички муабет со каква крајна цел ? Да се оцрни некој, да му го заебат животот. Кој тврди дека само мажи го прават тоа? Нема некоја што би сакала да и се одмазди на некоја, оти и го ,,украла,, дечкото? Нема некој кој би сакал да се одмазди оти не му ,,дала,, или му раскинала? Не праиме овде муабет дека некоја постирала ваква или онаква слика негде, праиме муабет за етикетирање и плакатирање во една теоретски бесконечна група со публика. Кога ќе пишеш нечиј идентитет и контактни податоци, тој/ таа е ставена на отстрел. Нема простор за никакво релативизирање, загрозување на нечија безбедност е и мора законски да се санкционира. Во меѓувреме едуцирајте, и машки и женски, дека не постои такво нешто како -сама си го барала.
Денес многу женски срца се скршени. Ах Саше, што ни стори со коментаров. Нема да заспиеме вечерва од грижа што ниедна од нас нема да земеш за невеста.
Браво што ставија крај на групата. И овде на форумот влегуваа членки во групата што не ги прави ништо подобри од останатите. Наводно со добра намера а всушност гледање сеир и задоволување на љубопитност. Доколку би се санкционорале војаерите и тие добронамерните од овде кои влегле таму би требало да сносат одговорност. Правилно е да се остави работата во раце на надлежните органи а не поединци да глумат борци за правда. Уште еднаш голем револт изразувам кон таквите групи и се надевам во иднина ќе се донесат закони со кои истото ќе биде соодветно санкционирано.
Ја затворија групата баш погодно пред да стигнат да ги откријат кои се тие што шират слики, каква случајност за малку не стигнаа и за малку нема да се казнети. Иако навистина има некои што се приклучуваа за озборување и од љубопитност што дефинитивно не е океј, многу (особено од форумов) се приклучија бидејќи очигледно ништо властите и одговорните не превземаат, да превземаа ќе беа казнети уште минатиот пат и не ќе се осмелуваа лесно пак да прават групи. Сега се постигна апсолутно ништо. Групата се избриша за да никнат стотици нови. Нивната злоба и гадост продолжува, како и нашата немоќ. А властите не' прават неписмени. Да, сигурно 18год девојче можеше да го открие Вирус минатиот пат, ама цели тимови информатичари не можеа. Јеј, ура за нашата власт.
Уште пред да се отвори групава, во Скопје циркулираат слики, видеа и информации за девојки. Еве, конкретно да ви кажам, за една девојка од Скопје, која што имаше експлицитни фотки што ги праќала на дечко, се проширија со брзина на светлината, па и кај дечко ми на вибер. Од секогаш го имало ова, и никогаш не било превземано нешто од страна на институции, девојките остануваат оцрнети, оговарани, зборувани.... Оваа ситуација излезе од контрола, затоа што секакви педофили, манијаци, вклучително и полицајци и вработени во Мвр (ова ме шокираше кога дознав) на едно место се собрале и си играат гадна игра со човечки животи. Најмал проблем се фотките од девојките, да останело на тоа само... Проблем се телефонските броеви, адресите, и слични податоци поради кои дикретно се загрозени девојките. Инаку, јас имав цел лажен профил на инстаграм, со слики превземени од фејсбук (неколку што биле видливи од profile picture), ама со лажно име и податоци. Сликите не се воопшто провокативни, дури иронично е што се пререгулар слики. Се јавив да пријавам, и нормално ништо не можело да се превземе. Повеќе делуваше коа запнав сите што ги знам да пријават директно рипорт на инстаграм, по што профилот беше избришан. Но, да имаше мои лични податоци, ќе беше друга прича, имаше да спојам небо земја да го најдам тој позади профилот и да ги преземеам сите можни правни средства. Целава работа, не е споделување на порнографските содржини (има еден куп сајтови за тоа), туку до намерно направен систем за злоупотреба на лични и приватни информации, и мислам дека ако така се гледа на групата,само тогаш ќе може од правен аспект да се превземе нешто. Исто, се согласувам за тема едукација. На сите. Како дел од сексуално образование.
Болдираново: далеку од тоа дека влегле со цел да гледаат сеир и да ја задоволат љубопитноста. Не дека немало такви, напротив, ама поголемиот дел од нив се приклучиле со цел да дознаат кои се тие, особено администраторите. Лесно е да се рече да се остави работата на надлежните органи, напротив, ама дали функционираат институциите кај нас? Не, напротив. Прво, надлежните не се ни замараат, второ, во групата имало членови и од надлежните и ставале слики од нивни колешки. Кога надлежните не само што не се замараат, туку се и соучесници во ова, тогаш мораме да ги земеме работите во свои раце. Друго решение нема.
Ова е уште еден пример колку длабок е овој проблем кај нас, оваа омраза и сексуализација на жените. Мене другарка рандом да и' текне да ми прати nudes од некој тип ќе и' се развикам за како мисли дека е океј да ми праќа такви работи и многу ќе ми се смени мислењето за неа. Ама ние си прифаќаме дека се шират. Не е ова конкретно за тебе туку општо за сите, како сте во врска со некој кој со другарите ок им е по вајбер да си праќаат рандом nudes од типки како вас ви е ок тој да има другари што тоа му праќаат како им оди муабетот "Еј брат што праиш?" - Нишо еве ти слики од Стојна излегле види.
Од правниот факултет Јустинијан во Скопје, нудат бесплатна правна помош за сите девојки кои се жртви на ова! Да го рашириме ова кажувајте по другарки.