И колнам и плачам и се чудам дали и како ќе продолжам понатаму, знам не сум единствена, нит прва, нит последна, ама стварно не можам веќе. Што им е во главата на тие не знам како веќе да ги наречам што уништуваат туѓи животи...
Мислам дека треба да ги објавиш да кружат во јавноста, сепак и тие сами се зачлениле таму и дале пристап на нивните информации зар не? Зошто да не ги знаеме?
Ке продолжиш и ќе бидеш силна.Тоа ти е направено од особи кои ти завидуваат или лечат комплекси што не се сотебе.Глава горе и не се плаши.И да ти е тешко и да плачеш не дозволувај такви бедни особи да ти го уништат животот.Тие и така немаат свој.Ако немаш подршка приватно еве тука сме да помогнеме.Да се истажиш да се охрабиш и продолжиш понатаму.Во било кое време.
ај вака Хакер програмер било што да се јави бидејќи сите страни шо ги најдов бараат пари.А ја пари за ова неам хахаха Ја на еден најдов id adress ама неам као да го tracknam Све е со пари а и не сите страни работат. Таа прошлиот пат шо ја користев за телеграм везе неам која е пошо ја искрено хакер не сум. Ја си копам од триста страни и си ја пробувам среќата.. сама не можам, ако некого го бива и е сериозен нека помогне.
Побарај стручна помош ако не можеш сама да се справиш психички, со тек на време се ќе се заборави но во моментов најважно е да го зачуваш здравиот разум и трезвеното размислување..
никаква казна не е доволна за траумите што си ги претрпела.. Остани силна. На многу повисоко ниво од нив си. Побарај помош, разговор со психолог.
И жените имаат секс. И жените сакаат секс. И жените уживаат во сексот. Ама тоа не значи дека со секого би општеле. Тоа е проблемот со ваквите 'изроди' Што мислат дека ако некоја има секс, дека мора и со нив да сака. Тоа мажите се 'ебачи', а жените 'курви' е само во главите на оние луѓе кои мислат дека машкиот пол е повреден од женскиот. Дека мажите имаат право да ги поседуваат жените. Проблемот не е само во сексот, проблемот е во искривениот поглед на нерамноправност меѓу половите. Во потребата на дел од мажите да имаат контрола врз жените. А тоа се учи. Децата не се раѓаат со мисла: Јас сум машко и ќе и' наредувам нејзе оти е женско. Од дома учат, од на школо, од околината. Проблемот е во моќта која некои веруваат дека ја имаат и им следува, а не во тоа дали и со колку си имала секс.
Ќе продолжиш силно и храбро понатаму, ќе си го живееш животот исполнето, среќно, со многу љубов, нешто што тие не можат па затоа прават вакви работи. Човек кој има здрав разум, емпатија, радост во животот и љубов не би се занимавал со вакви работи. Тие очигледно немаат, имаат само фрустрации, гнев и комплекси поради што животот им е празен и патетичен. Сакаат да не' донесат и нас на тоа ниво, не им дозволувај да успеат. Продолжи си го животот со крената глава, нив треба да им е спуштена не тебе.
Треба самоубијста да се случуваат за на овие ретардите умот да им дојде да покренат нешто за заштита на жените освен затварање на групава или ? За овие од групиве и жените што ги бранат овде на форумов раце имам дигнато.Се гледа до колку се.