Епа и ја барам страна или помош Сите се плаќаат Не можам само ја да се замарам. 20,000 души се А имам три испита да спремам. А неќам да дигнам раце а не можам се сама
Вака ќе продолжиш: Ќе ја кренеш главата,и нема да ја неведнеш пред луѓето. На луѓето никогаш неможеш да им ја затнеш муцката,тие затуцаните секогаш ќе јадат вафли. Биди јака и бори се,слабаците нека не те поразуваат со нивните клошарски игри. Ти ќе бидеш победник они ќе останат лузери.
Едно знам, се бориме со нешто многу закоравено, со генерации... Луѓето уште викаат "браво царе" ако бебето е машко, а само "нека е живо и здраво" ако е женско. Уште под секоја објава за политичарки и нивната работа се пишува сексистички коментари, неповрзана со работата. Уште на иста позиција во иста фирма се различно платени мажи и жени. Уште има фамилии кои имотот го делат само на синови. Голема е работава. Не знам, дали нешто ќе се смени или ќе излезе во друга форма. Голем дел од овие типови не се препознаваат со своите токсични воспитувања, затоа и има девојчиња што загазиле. Ние овде можеме да пишуваме со саати за едукација на децата, но овде не станува збор само за деца и возрасни се во групите. Најверојатно треба да помине време за да се свести некој народ, а можда и нема. Утопија е да има потполно безбедна средина, ама ова ги минува границите.
Сите сакаме фин, поштен ама испаѓа дека е уствари смешно човече шо си е член на Јавна соба. Овие од Јавна соба не заслужуваат жена да ги погледне, ама озбилно. Толку запечени.
Мизерии, па уште и го шернуваат. Па и мажи кои ги сметав за разумни. Што се постои, едно барем е јасно, се открија кои какви се.
Да видам дека бил дел од нешто такво или си разменува со другари од рандом девојчиња низ град ни 5 минути не ќе останам повеќе со него. Така треба да правиме за да го смениме бар за нијанса општествово, бар за нијанса да се осетат казнети за такви нарушувања што прават. Ама не, како и со Фросина случајот така и за ова, на крај нема дечкото да е крив шо е во такви групи туку девојчињата шо се сликале и сега тие слики во искушенија ги носат кутрите машки.
Дигни ја главата горе. Гледаш колку поддршка има од огромен број на луѓе. Цела фемина е со вас, буквално на никоја не и судиме, игнорирај ги овие 2-3 глуперди на темава што живците на сите ни ги кинат. Сте биле помлади, сте верувале на погрешен човек, нешто кое сите сме го направиле некојпат во животот. Е сега не сме биле сите несреќни за да ни ги овековечат грешките со слики. Ако до пред некое време фрчеа само негативни коментари за девојките, гледаш сега дека ситуацијата оди каде каде подобро. Не дека нема да има кретени кои ќе си останат такви цел живот, туку дека светот се опаметува и дека ќе си најдеш човек што ќе те сака и воопшто нема да му е битно што некогаш си била млада и си погрешила. Ништо срамно не си направила, едноставно така гледам на работите, човечкото тело е сечие исто и апсолутно мене како човек не ми менува дали те имало или те немало во некоја соба. И не само тебе, на сите девојки што се таму. Или си човек кој има памет во главата, или не си. Тоа ми е битно. А верувај не сум единствена, гледаш ли тука колку жени го поддржуваат ова. Па и машки кои апсолутно не се замараат со тоа кого го дејтала девојката пред нив. Следам и на твитер што се случува, вријаат и машки и апсолутно се согласни дека станува збор за група на манијаци и психопати. И да знаеш дека луѓето што не им е битно дали си или не си споделена во некое дувло треба да си ги чуваш во животот. Ако некој има проблем со тоа што ти си жртва и не си ништо виновна верувај дека не ти треба во животот. Отфрлај ги и бриши ги сите што коментираат поинаку. Јас веќе одамна го направив тоа. Ти посакувам се најубаво, ќе биде подобро.
Постирајте ги тие сељаци, да ги видат сите, да ги знаеме кои се, да не и се згреши на некоја да недај боже фати за дечко таков инцел. Да се најдат од другата страна на жигот малку.
Ова е срам за машките кои покажаа која мизерија се, а не за девојките чии слики се најдоа во групата.
Само што таа ништо не погрешила. Кога си интимен со некој, очекуваш дека како што ти внимаваш на неговата приватност, дека и тој ќе внимава на твојата. Дека нема некогаш, ако се налути за нешто, да те направи мета на закани од цела држава. Никоја не би помислила за партнерот со кого дели кревет дека е способен за такво нешто. Веруваме дека сме процениле добро, дека оправдано веруваме. И таа доверба во блискиот ти прави да се чувствуваш сигурна. Ова што се случува на Телеграм е школски пример за социопатија. Тотално отсуство на резонирање за последиците кои ќе следуваат доколку ја изневери таа доверба на таков вулгарен и нечовечен начин. Како воопшто да не се работи за човек од другата страна. Како да е предмет. Можете да замислите прво какво би ви било разочарувањето доколку вам ви се случи? Некому кому сте верувале во еден период од животот, буквално ве фрлил под возот. Не... не беше грешка јас што имав секс со него. Тој е 'згрешен', затоа што човек без емпатија, не е човек.
Па да, најбитно е што мажите сакаат. Најбитното е тоа, какви жени сакаат, такви треба сите да бидеме. Послушна, гласот да не и го чуеш. Добро да пуши, ама прв пат во уста да го става. Невина, ама секогаш кога ќе му се присака да му дава. И манџи како на мама да прави. Што има да излегува во град, ќе излегува он во град до доцна и ќе е*е јебачици, битно девојчето дома му е послушно. Да има гз и добро да го тресе, и цицки нормално, да има што да фатиш. Ако сака да ослабеш, ќе ослабеш фала богу, така сакаат мажите слабички. Ама немој и во цицките да ослабеш. И ако сака да се боцнеш, усните да ги направиш поголеми малце, така да му личи убаво, ќе направиш, па маж е, он така сака така и ќе биде бре! Ма све што сакаат мажите, ќе земеме ќе се обликуваме за нив, очи ќе си извадиме една со друга која е попоштена, они нека се среќни.
Не го мислев во тој контекст Валјд. Верувала на погрешен човек, односно таа не е крива што верувала, крив е тој што ја злоупотребил таа доверба. А грешка не мислев дека сама си е крива па сега плаќа за грешките, туку го употребив во контекст дека сите сме бирале погрешни луѓе во животот. Се надевам добро ме сфаќате што зборувам, прсти би си пресекла пре да оцрнам девојче што ништо не е виновно за нешто.
Те разбрав јас тебе... ама нема секој да те разбери. Затоа надополнив. 'Грешка' може различно да резонира кај различни луѓе.
Мене искрено ме плаши помислата на тоа колку ,,мажи" членуваа во групата. Тие се нечии сегашни или идни партнери бре. Жално е што од сите нив 3,4 наводно уапсија. И не, нема да сум задоволна ако само тие одговараат. А знаејќи кај живееме, нема ни тие
Жално е и што имаат жени кои ги подржуваат таквите ако не се и дел од групава.Се ежам од некои што иовде осудуваа.Некој кој е жртва доволно му е и еден коментар од тие злоби да прочита и да посегне по живот.
Идто на Отац Перверзије ( админ на српската група) https://t.me/@id934930374 Бројчето ете го.Кој го бива нека бара и нека каже што напраил. Пошто учам не можам моментално со тоа да се бафтам.