Инаку, end-to-end енкрипција на Телеграм има само со опција Secret chat, и тоа одбираш кон кој контакт, што не е случај со разговорите во групите. Тука некои членови упорно тврдевте дека не можат да се најдат корисници заради оваа енкрипција.
Многу се нервирам. Уште повеќе ќе се нервирам низ темиве на форумов кога ќе читам како дечкото или мажот ја навредил премногу, ја удрил, ја акнал од ѕид, ја изневерил, а таа прашува дали ја сака. А бе ваквите не треба да жена да допрат, да зборнат со жена не треба, не треба да им се обрне внимание воопшто. Стварно беспомошно да се осети човек. Сопрузи се на жени, татковци на деца. Толку ли не си го знаат партнерот со кој делат кревет? Или ова се дешава кога се останува во брак заради комшиите, заради што се нема поддршка од најблиските, заради децата на кои патем со останувањето во брак им се дава порака дека е во ред ова. Може да пишете на темиве за поддршка, ама ако останувате со насилници, во врски и во бракови, тоа многу повеќе ќе влијае на ќерките и синовите одколку напишан коментар на форум. Да не испадне на крај дека сте многу либерални ама ќерката завршила со насилник или синот станал насилник.
Многу им припишуваш, ова се дечки, можно е и девојки како на времето со спреј што пишуваа по ѕидови и улици, пораки од типот "онаа е курва". Што е толку тешко апликација да симнеш, па ти требаат програмерски вештини? А и да ги имам, сигурно ќе се занимавам со вакви исфрустрирани и долни потези.
Ќе продолжиш гордо со крената глава, затоа што ти не си таа што прави зло. Не си наштетила никому, чиста ти е совеста. Ќе бидеш горда затоа што си ЧОВЕК имаш совест, и не ти треба СТРАВ КАЗНА И СТАП за да не штетиш никому.
Инаку, секоја девојка која минува низ тежок период независно од Телеграм или било што може да ми пише. Отворено ми е сандачето. Не сум психолог, ама добар збор на секој ќе му дојде добро. Како што кажа @KateKane поголем дел тука сме за поддршка и никој не би осудувале, посебно некој што завршил на вакви гнасни места. Не сте криви воопшто.
@Feminka22 која е српската? И ја да влезам и да спамам со гифови, амебиве да се уништат до крај. Поддршка за секоја жена, девојка низ се што поминува. Не се откажувајте, се поблиску сме до целта.
Ја затворија групата, демек уапсиле неколку членови. Колку е вистина, никој не знае. И така. Ни ги замачкаа очите повторно. Повторно ќе се заборави за 3 дена, и ништо нема да се среди. А вакви групи ќе никнуваат пак и пак, се додека не се реши проблемот од корен. И кое е решението? Протести? На кој начин да им се објасни на такви манијаци и психопати, за конечно да разберат? Не знам. Не сум паметна веќе. Ама гневна сум. И тоа многу.
Протести. Да се вклучи еуропол да се гони све по список. Да се процесира судски админот од лани, и сите лански членови што се фатени. Годинава не може 4, барем 400 да ги најдат. Поише од 4, женски од форумов за 1 саат работа најдоа. Судење со камери. Барем пред суд камерите. Пресуди соодветни на делото. Асап. @WildMk се слушаме?
Или ќе станеме цивилизирано, демократско, здраво општество или да се забранат сите порно сајтови, социјални мрежи, апликации и незнам уште што. Ќе си бидеме Северна Кореја и така очигледно тоа заслужуваме додека не ни се развие свеста
@spacegirl92 знам дека ти е тешко и дека не ти е сеедно и има причина за тоа. Ти не си виновна за ова што ти се случило, туку тој што ја злоупотребил твојата доверба. Мој совет до тебе е да продолжиш понатаму со крената глава и од едно уво да ти влегува, а од друго да ти излегува. Не дозволувај коментарите од луѓе со коефициент на интелигенција под нулата да допрат до тебе. Разговарај со стручно лице и тоа може да ти помогне.
Што мислите за контактирање на славни личности како Јелена К и слично без влакна на јазик чиј глас допира додалеку за да не стивне ситуацијава
Премиерот дома може да планира. Ние сме со друг план, се надевам. Ако не сте сите на платен список кај премиерот. Затворена, отворена, небитно. Судска разрешница. https://www.change.org/p/јавно-обви..._combo_share_initial&utm_term=tap_basic_share
Се слушаме, се слушаме. Јас сеуште стојам на тоа дека треба протест. Во наредниве 10тина дена, вака или онака ќе се организираме. Дури и да нема поддршка од никој, јас сум за излегување. Се надевам уште некоја ќе ми се придружи. Гласот на сите треба да ни го чујат. Мојот сам ќе се изгуби во шумот.
Ќе има барем 50 жени од форумов ако не па сигурно. И тоа е најминимална бројка, може ќе сме илјадници кој знае. Верувам дека барем на 1000 жени ни е смачено од овоа тероризирање.
Да направиме едно анкетче, да гласаат тие што планираат да излезат, да видиме колкава заинтересираност ќе има, што викате?