Се што сакам е да се разоткријат сите мочковци и да бидат внесени како sex offenders. Сакам регистар онлајн и јавен во секој град, кој бил педофил и кој силувал или пробал да силува. Да знам знаеш кај да не одам, кај да не си го барам?
Нејзе не и смета споделување туѓи слики со лични информации - се додека нејзините не ги споделат со нејзини лични информации.
www.registarnapedofili.mk Постоела странава у далечната 2012, се прашувам зашто не постои и денес. Едит: ми ја отвори конечно
Абе Јуле, се е тоа во ред. Или не следиш или не ти е јасно. Листи со име, телефон и локација се споделуваат. Сликите колку се автентични, колку се злоупотреба, колку се монтажа не знам. Листи за отстрел се прават.
Леле колку е "паметна" девојкава, браво Добро до толку сме отидени што не можеме да разбереме дека ако видиме број на туѓа кредитна картичка истиот ако го злоупотребиме стануваме деликвенти. Ако најдеме туѓ новчаник, не треба да го собереме со се парите како што обично правиме, туку треба да го пријавиме во полиција како изгубен, инаку се сметаме за крадци
Ама како дошле до тие податоци? Некој им ги дал. Јас сум згрозена, и ја споделив и потпишав и петицијата, ама еве и апелирам секоја жена да се обиде да се заштити. Не давајте ваши податоци на секого оти не знаете какви психопати се. И повеќе едукација и разговор со ќерките, не само со синовите. Запрено е силувањето? Не. Исто и ова. Затоа мора да се работи на короенот од каде што потекнува проблемот.
Тоа и е целта на неа и таквите ко неа, да им се улижуваат на мажите. Не се они како другите девојки, ептен различни и посебни. Ама со таков став баш само таков ропак ќе привлече и ќе заглави со него, па после ќе си ја чука главата зошто не ја почитувал.
девојки што може да е ова, страв ми е да отворам и не јс отворив пораката ми стои во request да не сум и јас мета на тие хиени?
Отсекогаш сум мразела подлизурковци како оваа Адриана. До толку глупости да пишуваш само за да му се допаднеш на маж?! Неверојатни ликови! Па уште и ако свиркањето и тоа ако ни се обратат со „маче“ сме го сметале за сексуално вознемирување, сме биле некои по кој никој никогаш не се свртел! @Bezimenka90 не само што ќе заврши со сељак (мислам на човек со лоши манири), туку и ќе им дели памет на жените што сакаат да се спасат од лош брак. Таквите коментари најчесто доаѓаат од девојки/жени кои не смеат ни да им писнат на дечковците/мажите и тие тоа си го прифаќаат како нешто нормално. А таа очигледно е една од нив штом не и` пречи свиркањето и обраќањето со простачки изрази. Да бидам искрена, мене со „маче“ да ми се обрати некој ми е простачки. @crimson, @deskarada, @cooll таа и таквите како неа не си се погледнуваат себе, ама затоа зборуваат за други. Ако ЈК објави таква слика, не мислам на сценска облека, тогаш таа и таквите како неа го фалат нејзиниот вкус за мода, како таа е дива, како таа е ѕвезда. Ама ако обична девојка објави таква фотографија, тогаш како можела таа да објави такво нешто, дали е нормална и сл.
Гнасни работи. Се споменуваат деца, невини жртви, ама да не бидеме наивни и на наивната игра дека има многу кои им е разоткриен "бизнисот". За секаква осуда се оние кои ја направиле групата и тргувале со имиња. Проблемот е во родителите, и на двете страни и во сите возрасти од 5 до 105 години. Колку треба да не му обрнеш внимание и да не го сакаш своето дете за да го одгледаш во створ кој е женомразач за да така третира жени? Што гледал тој човек додека растел? Го сакале ли родителите? Па згора и да напастува дете? ДЕТЕ? Барале слики од деца? Би го задавила! Колку треба да не ја сакаш својата ќерка за да има потреба да праќа слики за импонирање и потврда? За да нема самодоверба и да ја билда на некој си чика со немиен? Зошто и значи толку многу? Гушната ли е некогаш? Сите сакаме внимание, претежно сме сексуални суштества што е нормално да бараме мејтинг партнери, нормално е да се однесуваме некако. Ама не е нормално да праќаш дикпикс на рандом жени, како што не е нормално да праќаш вулгарни слики од себе на лик што го знаеш 5 дена преку чет. Комуницираме со телото и изгледот многу! Да не беше така, немаше да има цела гранка во психилогијата која го проучува ова. Проблемот го гледам во сите засегнати страни, а најмногу во семејството, те родителите кои допуштиле да одгледаат такви луѓе. Жена сум, разбирам. И се тргнува од дома, пак ќе речам и секогаш ќе стои тоа. Се додека родителите нема да си ја бркаат работата како што треба ќе има дебили што викаат дека си го бара, ќе вреѓа жени зошто може е латентен педер (не мислам да навредам геј поплација, ама јакиве мажи ова ги вреѓа и сакам да ги вреѓа) и ќе вика ако не мрднела лисицата со опашката или како и да беше. И ќе има девојки што ќе мислат дека голиот задник мора да е најгол за да е забележан, за капка внимание (за тие со занаетот не коментирам, малце повеќе е лошо да се протињаат ко жртви зошто се разоткриени па срамот е голем, и токму ради нив вистинските жртви не можат да ја добијат својата правда). Суров и беден станува светов. Можеш да не направиш ништо и да те прати манијак опсесивно и да завршиш на анкета за спас со такви кои во просек вадат голи слики барем два пати на ден. А ти не си направил буквално ништо, знаете ли каква деградација е и колкав психилошки импакт има врз останатите вистински жртви? Под плаштот на наивноста создаваме уште поголема наивност со кревање на хајв, па не го гледаме вистинскиот проблем.