На „Телеграм“ се шират интимни фотографии

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од black-angel, 26 јануари 2020.

  1. Bojjjannnnnnnn

    Bojjjannnnnnnn Нов член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Да се срамиш шо си дел од машкио род:tmi:
     
    На Summerbaby му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.825
    Допаѓања:
    163.203
    Институциите треба да се праведни сега.
    Први на отстрел тие што барале слики од деца! Први!
    Нека ги исфилтрираат бизнисменките.
    Децата и вистинските жртви на прво место!
    Лудаци има на двете страни. А родителите што допуштиле малолетни деца да се експонираат без контрола треба соодветно да се казнат за запоставување на малолетник или да одат на советување.


    П.С. Мене Ана не ме допре. Извинете. Ама не.
     
    Последна измена: 29 јануари 2021
    На Milobebence, BloodElf, ImOk и 24 други им се допаѓа ова.
  3. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Не ме чуди ич тоа, за жал. Ама сега кога отворив да видам кои ја лајкнале, видов и една што ја знам што става такви полу голи слики, а сепак ја поддржала во тоа што го има напишано. Еве не знам како? Како ќе и биде нејзе некој да ја објави, да и се јавуваат, да и пишуваат такви манијаци и педофили... Штом има објавено такви слики, а ја поддржува во напишаното, дали тоа значи дека земала сè во предвид пред да ги стави на инстаграм сликите и нема да и биде ни малку гајле ако се најде во таа група? Еве стварно не знам...
     
    На ALISA0000, WildMk, Purplelilac и 5 други им се допаѓа ова.
  4. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Леле девојкава. Ја имам неколку пати читано и повеќето работи што ги пишува се со цел да добие лајкови и да придобие внимание од мажи кои и викаат дека така треба правило девојче да размислува, девојка за пример, различна од другите и слично.
    Еве едно браво за неа, ако сака и лајкче ќе и ставам, за нејзиното его ми е.
    А доколку се отвори нејзиниот профил, дури и кај неа можат да се најдат фотографии во бикини. Ама може заборавила да ги избрише пред да нè благословува.

    Предлог група за на било која социјална мрежа: Експонирање на сите мажи/момчиња кои биле членови и се возбудувале на мали девојчиња, оние кои ширеле фотографија што не им била лично ним пратена, сите оние кои клеветеле и измислувале лаги, што вознемирувале девојки по телефони, социјални мрежи, и сите потенцијални педофили. Нека видат нивните мајки, татковци, баби, дедовци какви изроди израснале.
    Не верувам дека нивните за ова ќе ги тапкаат по рамо, особено кога станува збор за детска порнографија. Барем малку да се долови чувството на ранливост и нападот на своја кожа.
    Мислам дека додека јавно не се напишат имињата на сите, нема никогаш ова да престане, секогаш ќе има нова апликација, нова група, нови членови, нови потенцијални жртви. Стравот од тоа да бидеш разоткриен е единствениот начин да запре сè ова еднаш засекогаш.
    Еве и да се донесе некаков закон за заштитување на жените во вакви ситуации, мислите дека тоа ќе делува кај нашите патријахално воспитани мажиња? Оние кои се учени дека можат се да добијат поради алатот во нивната долна облека? - НЕ! Кратко и јасно.
    Не, не сметам дека овој проблем ќе се реши со бришење на апликацијата Телеграм, којашто, патем, се користи од многу фирми кај нас и служи како средство за комуникација на многу луѓе. Секогаш ќе си најдат начин. И што ако се изгласа закон, се оди на суд и се добие случајот кога жртвата доживува панични напади, напади од општеството, од најблиските и буквално целиот живот и се крши на парчиња во секунда. За што? Поради нешто што го направила во акт на љубов и занесеност? Па зарем не треба да се верува во оној кој ни покажува најчиста форма на љубов? Зарем во секоја личност што ќе ја запознаеме треба да се сомневаме дека еден ден, доколку сме биле понесени од чувствата и сме пратиле слика, би можел тој да ја рашири со оваа наша чудесна, уназадена, смрдлива маса на луѓе што ги викаме сограѓани, со луѓе што осудуваат жена поради начинот на кој се облекла, а тој што ја силувал и ја претепал не се ни споменува?
    И патем, за сите оние што се премногу паметни и осудуваат, не секогаш таа што праќа слики сака тоа да го направи, туку едноставно е приморана доколку сака да го задржи саканиот. Можеби звучи изопачено, но многу девојки тоа го прават, се прегазуваат бидејќи не сакаат да останат сами, секој различно го перцепира и живее животот, не осудувам. И не кажувајте дека никогаш не сте биле вљубени и не сте направиле нешто што саканиот сакал вие да го направите, затоа што не само што тука ќе излажете, туку сами ќе си се излажете, што е многу полошо. Еве, размислете.

    Единствено нешто што ми е мило што излезе како добра работа од целокупново патешествие е тоа што многу жени кои биле жртви во едни вакви ситуации, се решиле да проговорат. Можеби анонимно, но сепак собрале доволно храброст да го искажат она што долго ги мачело. И не само оние што биле дел од грозоморнава група на неандерталци, туку и оние кои биле на било каков начин малтретирани од припадниците на машкиот пол, од најразлични старосни групи.
    Доколку некој го прочита ова и веќе го сторил тоа што требало, т.е. проговорил за ужасната судбина, би сакал да му кажам, секоја чест. Тоа е една од најхрабрите работи што некој би можел да ја направи.
    А оние кои сè уште се плашат да кажат на најблиските, да пријават, би сакала да им ги посочам сите овие девојки коишто пишувале на претходните страници, кои ќе ви бидат најголема поддршка и заштита понатаму и нема да ве осудат за било што. Доколку проговориш има шанса да заштитиш некоја друга потенцијална жртва. Кажи го со име и презиме цел свет НЕМУ да му се смее, а не тебе што единственото нешто лошо што си го направила е тоа што си се родила во ваква вукојебина.
     
    На Ivan4e04, LadyD, eliesaab и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.825
    Допаѓања:
    163.203
    Сфаќате дека ова не е борба мажи вс.жени, туку борба против закоравените и примитивни умови?
     
    На sparklie, RoseRain, smooch и 37 други им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.825
    Допаѓања:
    163.203
    Леле мелодрамиве, те молам...
    Бидете реални аман.
    Се родила во ваква вукојебина?
    А ако беше во Америка немаше да се деси?
    Дај бе малце...
     
    На ImOk, Emotional123, Frosty! и 4 други им се допаѓа ова.
  7. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Да, вукојебина, точно. Бидејќи нема кој да ги заштити доколку се случува ова. Не дека во Америка не може да се случи ова, само различно се дејствува, додека тука за една недела ќе биде бутнато под тепих. А сите потенцијални педофили ќе си направат нова група и ќе коментираат малолетни девојчиња.
     
    На WildMk, Bezimenka90 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.281
    Допаѓања:
    259.168
    Ана и не треба да те допре.
    Мене ме допреа децата, детската порнографија.
    Тоа ме боли и сум гневна. А за другите, пишував, некој си ги дал тие податоци и сега еве, психопати се сладат.
    Ама тоа е проблем, пред се на родителите, ама и на наставниците. Општеството мора да одигра поголема улога, да се вклучаат повеќе и да се препознаваат ваквите појави порано.
    И кај момчињата и кај девојчињата.
     
    На BloodElf, Dzevelekova, Tajnaotrovna и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Bojjjannnnnnnn

    Bojjjannnnnnnn Нов член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    И да сте жртва нема сила која ќе докаже дека тоа на сликата сте вие ако нема лице а и да има лице има напредни фотошопи кои лесно можат едно лице да стават на друго тело. Ако тие можат да ги објават и вие можете да негирате дека тоа сте вие
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.825
    Допаѓања:
    163.203
    Заеднички е проблемот, а не поделба жени против мажи.
    Родителите потфрлаат. И на 28 години макар имало "детето".

    Токму тие Јуле најмногу ме погодија, децата. Дајте деца! Алооо... 14 годишни тенденциозно барале???

    Сексуалноста е нормална, здрава, добредојдена, ок е, луѓе сме. Ама еве сакам да влезам во умот на тие што праќаат и бараат голи слики и мажи и жени?

    И не сакам да се деси невините жртви да станат "исти" со тие што си терале бизнис, ама сега пустото искочило.
     
    На christinnn и JuLleE им се допаѓа ова.
  11. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Машки
    20210129_011331.jpg

    Кажано е сѐ. Нема син или ќерка, едукација е потребна за сите деца.
     
    На ALISA0000, AngIv, Dzevelekova и 3 други им се допаѓа ова.
  12. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.706
    Пол:
    Женски
    А кој ќе верува?
    Кога вас машките ве бранат а женските не газат?
     
    На marija305, WildMk, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  13. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Е така, пак женските се криви, а?
     
    На LovelyGirl3 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.706
    Пол:
    Женски
    Не ги ставам во ист кош.
    Темава е за тие "домаќините".
     
    На WildMk, cresa-jagoda, mode-kristina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Не треба ама во темава се зборува за машките кои беа во групата, аман сфатете веќе еднаш!
     
    На Ambrosia, Ivan4e04, smile:) и 13 други им се допаѓа ова.
  16. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Мислам дека барем во темава можете да се воздржите да не баратe #notallmen да се додаде на секоја објава. Повеќе од јасно е на кои машки се мисли.
     
    На Ambrosia, Ivan4e04, WildMk и 13 други им се допаѓа ова.
  17. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.706
    Пол:
    Женски
    Џабе кажуваш.
    На некои и да им нацрташ на лист пак ќе тераат по свое.
     
    На WildMk, cresa-jagoda, Limpan и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Чекај, чекај сега ќе почнат и жртви тие да бидат.
     
    На WildMk, smile:), cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  19. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.706
    Пол:
    Женски
    Вторава слика не чини.
     
    На Dimi_ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.272
    Допаѓања:
    189.688
    Теоретски ок звучи. Супер родител бев теоретски. Сега се плашам, оти ниеден родител не е семоќен, ако живее во општество. Општественото окружување не дефинира малку повеќе. И сеуште мислам како би можела да го пораснам детето во тегла, без интернет, без социјални мрежи до 18.
    Мене а претпоставувам и тебе, ни било релативно ок, израснати во некој меур, во некоја цивилизирана средина. Ама сега излезе сиот примитивизам на интернет и се дешава цивилизациски судир.

    Дали твоите вредности се правилни- апсолутно.
    Дали постои начин твоите вредности да станат универзални, затоа што се правилни- тешко.
    Само закон може да спречи палење на вештерки, свеста се гради после.
     
    На MeowMeow, WildMk, Sky-butterfly и 8 други им се допаѓа ова.