Неалкохоличен замастен црн дроб или Non-alcoholic fatty liver disease NAFLD

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Cosmic Girl, 23 октомври 2022.

  1. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема ваква тема на форумов.

    Дали сте запознаени со оваа болест на црниот дроб?
    Дали можеби вие или некој друг ја има оваа болест и какви се вашите/нивните искуства со неа?

    Ја отварам темава за да споделиме искуства и информации, но и за да ја подигнеме свеста за неа. Ова е болест што се повеќе се јавува кај луѓето, особено во западните земји.

    Се работи за болест на црниот дроб каде што се насобираат, натрупуваат масти во црниот дроб.

    Во раните фази обично не предизвикува некоја поголема штета, но може да води до сериозни оштетувања на црниот дроб, па и цироза, ако се влошува.

    Како што кажува името причината за болеста не е конзумирањето или злоупотребата на алкохол. Но штетата за овој орган е слична како и при конзумирање на големи количини алкохол.

    Причината може да е различна:

    - зголемена телесна тежина и гојазност
    - покачен холестерол и/или триглицериди
    - резистентност на инсулин
    - дијабетес тип 2 или состојба на пред-дијабетес

    Симптоми:

    NAFLD обично нема очигледни симптоми. Ако и нешто се осети обично тоа е:

    - замор
    - болка или нелагодност во горниот десен дел од абдоменот

    Кај некои луѓе може да дојде до неалкохоличен стеатохепатитис кој е агресивна форма на замастениот црн дроб и се карактеризира со инфламација на црниот дроб. Ако прогресира може да дојде до стварање лузни на црниот дроб или цироза и црниот дроб да престане да работи правилно или да откаже.

    Можни симптоми на напредување на болеста и цироза се:

    - Отечен стомак (пивски стомак кажано народски)
    - изразени, зголемени крвни садови под површината на кожата на стомакотк или попуштени капилари како пајакова мрежа на кожата кај ребрата
    - црвени дланки
    - зголемување на слезината
    - жолтило на кожата или на белките во очите.

    За да се дијагностицира се проверува преку крвната слика каква е состојбата на црниот дроб и неговите ензими (аст, алт, ггт, и други параметри) и преку нив и се контролира. Со прави и ехо-преглед од страна на гастроентерохепатолог или интернист.
    За да се дијагностицира треба да се исклучат сите други можни дијагнози и болести на црниот дроб (како хепатитис или автоимуни болести) но и болести на другите органи како на пример тироидната жлезда.

    За оваа болест нема посебен третман.
    Може да бидат препишани одредени медикаменти, но најбитно е да се регулира исхраната и да се намали тежината.
    Исто така битно е да се намалат и токсините кои одат до црниот дроб за да се олабави од стресот, така да се внимава и на лековите што се пијат.
     
    На IJAE и Angie1432 им се допаѓа ова.
  2. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    2.499
    Пол:
    Женски
    Ме стави сега во мисла, бидејќи откако се породив два пати проверувам крвна слика и на два пати ми се покачени ензимите на црниот дроб (што е за право претходно не сум ги проверувала, бидејќи во лабораторијата каде што правам крвна слика тек сега ги вметнаа во испитувањата), а не пијам и воглавно внимавам на исхрана, иако во бременоста зголемив внес на месо поради недостиг на железо. Имам резистенција на инсулин како резултат на синдром на полицистични јајници, а објаснувањето од матичниот лекар ми беше дека може се да биде, ако сум прележала жолтица, од терапија со лекови и суплементи (а јас само Фемибион и Хеферол за железо)...
    Дефинитивно ќе си закажам преглед на интернист, но дали може и ендокринолог да ми даде мислење, секако треба да одам на контрола за инсулинот? Кај истиот имам прегледано и тироидна жлезда и ми била во ред.
     
    Последна измена: 23 октомври 2022
  3. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Битно е колку долго се покачени АСТ и АЛТ. И дали цело време се покачени кога правиш контрола на крвта или само после болест, т е. пиење апчиња заради температура, болка и сл.
    Ако се цело време покачени, дури и кога си здрава и тоа трае година, односно години тогаш треба да се направи дополнително испитување.
    Ендокринолог ти е само за жлездите.

    Прво од матичен на интернист. Тој прави ехо, го гледа црниот дроб. Прави подетална крвна слика за параметри кои се битни за функцијата на црниот дроб. Интернист може да те прати да провериш и хепатитис. Се проверува преку крв и со тоа се гледа дали не е тоа причината за покачувањето.
    Ако се исклучат тие дијагнози се оди на гастроентерохепатолог.
    Јас кога бев ме виде уште еднаш на ехо и ме прати да проверам на институтот за имунологија дали немам некое автоимуно заболување. И тоа го исклучив.
    Така да остана само оваа дијагноза, заедно со покачениот холестерол.

    Триглицериди немам и немам покачен лош холестерол а имам одлично добар холестерол. Значи доволно се движам и трошам, но лошо се хранам. И стресот ми влијае, поточно стилот на живеење, пошто и од многу стрес и замор сум забележала дека ми се влошува холестеролот. Планирам да одам на кардиолог за да го средам и холестеролот, ама за сега почнав само со промена во исхраната и движење.

    Изгледа сепак и хормоните имаат некоја улога, поврзани се работите ама тоа зависи од случај до случај.
     
    На IJAE и MeowMeow им се допаѓа ова.
  4. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    2.499
    Пол:
    Женски
    Благодарам, доста корисни совети ми даде, а баш се мислев деновиве околу ова. Можно е да е моментална состојба, како што ми спомна гинекологот, бидејќи пиев неколку суплементи за железо, од Флорадикс, до Хеферол и Тотхема на два пати, во бременоста и после, а и удрив на месо јадење. Замор вообичаено и намалена физичка активност последниот месец од бременоста и отпосле си го зеле данокот, но сепак ќе проверам на доктор за секој случај.
     
  5. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Нема на што :)
    Види како ќе ти биде откако ќе помине некое време, на пример после период на доење (ако доиш) и откако ќе се вратиш во нормала.

    Инаку за да не дојде до замастување или ако веќе го имаш овој проблем, треба да се избегнуваат мрсни меса, свинско, чварки, изнутрици, сувомеснато и конзервирана храна.

    Инаку за железото јас на син ми му давав прво 500 мг ц витамин па после пола саат свежо цеден сок со power juicer од цвекло, морков и лимон (и по желба други овошја како портокал и јаболко). И ова секој ден без исклучок.
    Инаку соков е добар и за црниот дроб и за холестеролот не само за железото. Може да си направиш од кило цвекло, неколку големи моркови и еден лимон сок со соковникот, ќе си го чуваш во фрижидер и си пиеш од него секој ден по една мала чашка. Еден литар сок ќе ти трае на пример за два-три дена.
     
    Последна измена: 23 октомври 2022
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    Сопругот има NAFLD..ама памет нема. Тоа е лошото. Некогаш и АСТ и АЛТ знаеа да му бидат поткачени. Холестерол и триглицеридите му се редовно поткачени, не плафон, ама не се под граница. Последно на систематски му рекле дека е крајно време да преземе нешто околу состојбата на црниот дроб којшто е замастен доволно ама сепак не презема. Зборува како, да треба, мора..ама ништо. Башка што е фармацевт и добро му се познати некои работи и многу препарати знаеме што може да му помогнат, тој си е статус кво.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WetWetWet

    WetWetWet Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2022
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Пијам оние од Силимарин од Белупо и ги намалувам
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.575
    Liver Care oд Health Aid
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RedLotus

    RedLotus Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2022
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    34
    Да запознаена сум бидејќи ја имав.
    Матичната докторка по крвната слика виде и се посомнева за ова. Ме препрати на понатамошни испитувања и се потврди.

    Пиев одредени медикаменти ама немаше некои преголеми резултати и ми беше препорачано итно намалување тежина.
    Една од причините зошто почнав да намалувам и да водам голема грижа за тежината е и оваа.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    2.852
    За замастен црн дроб најмногу помага Силимарин (го има како чај или во таблетарна форма) и козја сурутка , најдобро би било од домашен производител ако можете да најдете.
     
    На Cosmic Girl, RedLotus и TrinityNeo им се допаѓа ова.
  11. TrinityNeo

    TrinityNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2013
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    834
    Пол:
    Женски
    Покачен билирубин,боцкање и отекување на јетрата и жолтило на очите може да биде и од Гилберт синдром кој е наследен и најчесто се пренесува од таткото.
    Секако како што кажа погоре сиело
    Само сурутка и силимарин и стресот на нула
     
    На Cosmic Girl и RedLotus им се допаѓа ова.
  12. RedLotus

    RedLotus Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2022
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    34
    Е ама стресот да ми е на нула, за мене лично ова подразбира да одам да се преселам некаде во пештера по планинине:)
    Нема работни и домашни обврски, кулирај си сама со себеси.:D

    Точно е дека се неопходни промени на режимот на исхрана и намалување на стресот. Еве мене додатоци од типот на силимарин не ми помогнаа, ама па и не пазев на ништо од наведеново па затоа може и не ми помогнаа многу.
    За ова со сурутка убаво е да се знае, само каде да се најде некои препораки ако знаете со @Sielo❤️
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    И мене со силимарин не ми беше доволно. Мислам дека кај мене стресот е најголем проблем. Зошто и кога припазував на исхраната и пиев силимарин, не беа добри резултатите. Стресот одма ми ја влошува состојба. Недела две напор, стрес, многу работа, малку сон и одма ги гледам последиците...уште ако јадам и тоа што ми е при рака место тоа што треба, тоа е рецепт за катастрофа..
    Стресот да го контролираш е најтешко.
    Инаку многу убава сурутка има во млекара Малеш. Јас купувам од таму ама искрено не сакам сурутка. Ја пијам измешана со малку јогурт, за да не ја осеќам. :D
     
  14. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Имам некое килце плус, ама не многу.
    Кај мене постои и хередитарен фактор, зашто татко ми има проблеми со црниот дроб. Ама па он ич не пази што јаде и пие...така да не е неалкохоличен замастен црн дроб, само е замастен. Моите резултати беа полоши од неговите, а он има 75 г. Значи дупло од моите години и не пази како мене што јаде, пие, пуши, јаде мрсно..
    Да се чудиш. Затоа сега се ставив на построг режим. И со храна и со движењето.
    Во план ми е контрола на кардиолог за холестеролот, да видам што ќе ми рече. Ако треба ќе почнам и со лекови за тоа..
     
    На RainbowButterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    има лек за ова?
    мајка ми има вишок килограми и секогаш в крвна слика-замастен црн дроб.
     
  16. TrinityNeo

    TrinityNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2013
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    834
    Пол:
    Женски
    Силимарин апчиња или чај .сурутка козја ,кравја.алое вера гел ,омега 3 .маслиново масло и лимон по 1 лажичка наутро и вода многу .
    Најбитно исхраната да се смени тесто .благо.месо газирано не и пешачење колку може
     
    На SunnyGirl2 и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  17. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Веројатно ќе треба да ги намали вишокот килограми.
    Мојот доктор ми рече дека ако се добие оваа дијагноза нема терапија што го лечи, во смисла дека нема апчиња кои магично ќе те излечат туку лекот е во стилот на живот и исхраната.
    Поточно за овие пациенти колку помалку апчиња за други болести пијат, толку подобро. Зошто и најсекојдневните апчиња за болка му пречат на црниот дроб. Треба да го детоксицираш дробот, да го одмориш од токсини..
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Гастроентерохепатологот ми рече дека нема потреба да исклучувам леб (компир, ориз) од исхраната. Може да се јаде во умерени количини особено интегралниот леб и ориз.
    Но, не треба лиснато тесто, пржено тесто, маргарин, свинско, чварки, црвено месо, изнутрици, сувомеснато и конзервирана храна, масни млечни производи...
    Јаглехидрати може ама природни, а не од слаткиши и кондиторски производи.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.