Насловот кажува СЕ. Знам еден човек кај едни роднини го среќавам (нивни пријател) кој најблаго кажано чудно се смее. Онака, гласно и налудничаво. Малку невкусно од моја страна, ама човекот (здрав, прав) ко мрднат делува кога се смее. Познавате вакви ликови?
Една школска се смее како ненормална. Незнае нормално да се насме, што почне да се смее вие како да снемува воздух и наеднаш ќе вдише. Освен тоа и многу гласно и е виењето.
Неколку личности. Толку гласо, нападно се смее еден од нив конкретно, што ми се чини онака зема замаф, зема воздух и гракнува. Од такт ме вади. Повеќе пати ми се чини како да се смеј и со сила и тоа ужасно, ужасно ме нервира. Другите двајца ми се слатки и се смеат гласно, нападно ама и во исто време смешно. И неможам да не ја споменам комшивката која се смеј заразно, ако таа ја слушните да се смеј - сите ќе се смеете.
Има такви луѓе кои испуштаат awkward и creepy звуци додека се смеат. Дали не се свесни, или пак, не успеваат да го контролираат, не знам. А не знам ни колку е учтиво да го коментираме ова, особено ако се работи за второто.
Јас добивам такви испади јбг шта чеш Кога ке почнам да се смеам никако да престанам, ама екстра гласно
И јас се смеам гласно знам дека понекогаш е тоа можеби чудно, некому можеби делува нападно, еве се пробувам да го контролирам, но ретко ми успева И што е најинтересно (знам дека на сите ви се случува ) баш кога треба да прекинам, да се смирам, од срце ми иди таква смеа и глас... да се чудиш Сепак најчесто добивам коментари дека се смеам слатко и заразно, но во себе знам дека оние кои не мислат така премолчуваат и не го коментираат моето смеење.
Еднаш бев на гости кај бившиот и таму беше брат му со неколку другарки. Едната од нив кога се смееше испушташе ептен чудни звуци, не знам ни како да ги опишам, како да земаше воздух ама притоа и писнуваше некако, како завивање или не знам што. И тоа многу гласно го правеше. Стварно чудно и језиво по малце. Мислев одпрво дека нешто се зезаат и дека намерно прави некои такви крици но потоа забележав дека така се смее. До ден денес ми е чудно, мора да станува збор за некој проблем затоа што навистина ненормално и непријатно звучеше.
па...дечко ми е еден од тие луѓе што поседува ваква чудна појава и во исто време смешно ми е и поцрвенувам од срам пошто кога ќе се насмее сите гледаат во нас. Тие чудни звуци никако не се опишуваат. Кога го запознавав со мои другарки во случај да почнеше да се смее го штипев силно за да престане да го прави тоа амаааа што да правам таков е, дел од него е и ќе си го прифатам