Хоби е нешто шо го праиш у слободно време, и те релаксира. Гејмање една две партии е у реду, саат два ПРЕКУ сила, али гејмање 100 саати, коцкање бе, кладење, тоа се зависности. Дај и алкохолизам и пукање у вена да стаиме хоби дека е. Хоби као хоби, шо ми се гнаси се лов, до негде риболов, таксидермија, собирање предмети и уметности од психички болесници, собирање или цртање порнографија... И овие шо пратат и собираат све што е Аниме, ми се малку бљак.
Било какво коцкање, спортска пишување, у секунда станувам од маса. Победно нешто нема. Гејмање само ако мине повеќе од саат на ден. Семеен човек мора да пази на хоби.
Јас и мајка ми сме многу големи љубители на животни, а татко ми е ловџија која иронија. Ама не дека ми е татко, стварно е прекрасен човек и сопруг и татко. Е сега кај него е повеќе ради спортување и излегување во планина, сака и он животни и ловџиското куче го гледа како домашно милениче, дома ни е, лови само диви свињи кога се дозволени. Инаку и јас ловот како спорт го презира и не знаеш колку зборев да не се занимава со тоа, ама џабе, цело друштво се и повеќе излет тераат него лов. Инаки гејмањето ради рекреација и гејмање за бегање од реалноста се две различни ствари и кај мм е второто и затоа сметам дека е огромен проблем. Намалено е од порано и секако преоритет сме му ние, ама нешто мора да страда во сличајов, да не сме ние, неговото здравје и сон страда и да можам со закон би забранила.
И мојот е гејмер (емоџи што си пука во глава), на истиот став сум како тебе, се би пишала и јас од збор до збор.
Гејминг, риболов, играње карти/board games опсесивно, гледање аниме и собирање све шо е такво. Фујјјјј
Готвење може во хоби да спаѓа, доколку било кој маж/жена наоѓа задоволство во тоа и го прави од релаксација, забава. Откривање нови рецепти, играње со различни вкусови, експериментирање со различни кујни од светот, посветување внимание на текстури, комбинации, декорирање на порција, па фламбирање, мерење на идеална температура на зготвено месо… сето тоа баш може да е хоби. Мене лично не ми е некое хоби, готвам оти треба и мора да се јаде а познавам луѓе кои навистина го имаат како хоби. Инаку на темава, gambling ми е на прво место како најлошо оти не го ни сметам за хоби, па дури и кладилниците. Не би имала проблеми со ништо ако маж има хоби, се дури не е претерано и веќе преминува од хоби во опсесија поради која би страдало семејството (нешто што би одземало премногу време и пари). Сум видела гејмери што буквално маргинализираат се друго во животот освен игрите, тоа е претерано.
И мм е вид на гејмер... Среќа не се занесува да купува не знам ти каква опреама иако да го прашаш радо би. Сеа не ама порано со дотата ми идело да го задавам со глушецот Ама се роди ќерка ни и негде 7-8м бепе он си игра кога дојде да му го влече глувчето и толку беше дота дома Сеа ни лаптоп од неа не смее да уклучи Затоа пак или игра на телефон или гледа филмови некогаш до степен да не ме ни регистрира шо зборам. Да 1000 пати сум сакала да му го фрлам од тераса... А коцкање ,но но но. Кладилница пак ич ,да ми виси со саати на телефон да види гол дали ќе даде некој аууу. Имав еден бивш таков. Мм ни фудбал уствари никоаков спорт не гледа фала богу. Не можам да го поднесам тоа извикување дома као навивање
Мојов е по риболов, сум пробала и јас. Ама претежно на принцип фати - пушти оти не ни има опрема да лови поголеми риби за јадење. Има ловено и поголеми за јадење на соодветни локации и шо знам, не ми е ред флег ако е во мерки на нормалност. За лов некое слично мислење имам. Мада кога ќе помислам дека најголемите болни љубители на животни се најужасни луѓе, си викам има и бетер.
Мене поголем проблем би ми било, возрасен торко да купува златен Хари Потер од фејсбук страни, отколку да се занимава со лов и со риболов. Гејмање, во граници на нормала е ок, ама ако премине во зависност и не му остава простор за други работи во животот, тогаш е проблем. Коцка е за лечење. Таксидермија гуглав што е, и се искринџав. Дефинитивно не. Магионичаски трикови ако знае, би ми бил интересен, ама пак не од тоа да живее и да збира пари по плоштади, туку ако е само хоби. И онлајн тролање ми е црвено светло, што мака треба некого да натера да е трол, да креира профили по твитери и редит и да тригерува други луѓе и да си се смее зад екран и тоа да му е интересно. Мислам дека и ова не е хоби колку што е за на психолог. Посматрање птици е океј, постојат и специјализирани двогледи мислам за ова. Има луѓе се интересираат за различни видови на птици, ја искрено не сум љубител на врапци и клукајдрвци, ама во глобала не ми смета ако некој гледа убавина во нештото.
Со некои хобиња не сте ми јасни, не знам што може да пречи ако човек оди на риболов да се релаксира или да посматра птици, да гледа аниме, да собира некои стрипови или да е колекционер на фигури, не гледам ништо лошо во тоа човек да ужива во нешто со кое буквално не му смета на никој друг. Напротив баш е интересно да разговараш со луѓе кои имаат хоби и кои се страствени за нешто, оти најчесто се луѓе со интересен карактер. Сега нормално ако е опсесија и ако нема пари за леб, а купува опрема е проблем, ама ако нешто некому му прави ќеф… Јас глефам аниме и цртам аниме и многу ми е забавно. Исто и гледа Хари Потер и имам еден куп работи поврзани со серијалот, не дека сум во заблуда дека сум дете него едноставно ми буди спомени и ми прави убаво на душата. Брат ми пример собира инструменти, свири на неколку, има и плочи и се што е поврзано со музика, не знам зошто свирење повремено @theowndemon ќе те карам за ова Мислам дека свирењето генерално е многу убаво хоби. Искрено мене човек без хоби би ми бил досаден човек, општо сметам дека луѓето кои не се интересираат за ништо посебно, макар тоа да е и гледање серии како хоби ми се некако без душа и карактер, предрасуди иам за луѓе кои не се интересираат за ништо во животот. А некој со кого сум во врска да ми рече не ми се допаѓа твоето хоби и сметам дека си возрасна за тоа и се осуди да ми фрли дел од колекцијата, апсолутно ќе мо биде црвено знаменце.
Абе не е повремено мојот ick и е стрикно за гитара. Мојот ick е за оние шо не надраснале бидување во локален бенд на 30+ и многу често му е един извор на финансии. И ова го забележав кај тие кои гитара му беше примарен интерес и хоби. Другите буквално имаат живот надвор од гитара. Зато и велам нелогично ми е и мене гитара свирење да ми е толкав ick кога и јас имам креатовно хоби и други инструменти и не ми сметат. Ама мислам дека имам запознаено одреден тип мажи со одредени personality traits шо гитарата им била поќе ко опсесија и един интерес и ги перцепирам поинаку. Ситуацијата шо ја опиша пример, не е нешто шо би ми напрајло ick пошто имав сличен fling/бивш. ---- Таксидермија од читање коментари сфатив дека е лошо оти инаку не знаев. Изгуглав. Ију. Нешто слично ако ловење му е хоби ми е. Мене насилство врз животни и општо убивање ми е многу опиплива тема и многу брзо можи да ме фрли во лошо расположение. Така да ако неговото хоби ме прај мизерна веројатно нема да трајме. Мислам да, не е мое хоби ама дефинитивно ако улови ќе донеси дома. Неќам да видам. Неќам да конзумирам. Неќам да знам процесот ама фактот дека ќе станам свесна дека е ради него одма ick points ќе добие. Ако препарира животни, сигурно ќе сака и дома да има. Нема реалност каде јас можам то да го видам. Одма ќе добие ick points. ---- Сакам уште да прокоментирам за назад шо се спомна дека готвење пример не можи да е хоби. Апсолутно можи. Има голема разлика меѓу да знајш да прајш нешто за преживување и да немаш уживање од процесот. И да прајш нешто зошто уживаш и целосно, со љубов, да се внесиш во нештото и во процесот на праење.
Лов, да убива животни за забава ми е многу чудна активност од која сакам да стојам подалеку. Исто така, таксидермија од секогаш ми било wtf? Дури погадно од лов, не разбирам навистина, а искрено не сум ни запознала некој што го прави второво. А во однос на другите хобија, мислам дека нема ништо лошо ни во гејмање ни во собирање фигури. Малку се претерува со тоа што сѐ се смета за ick. Ако некој сакаш ќе го поддржуваш во тоа што му е хоби и го обожава сѐ додека не штети никому. Можеби па вие не сте креативни луѓе ако превртувате очи на секоја ситница што не е нешто ко фудбал. Уствари кога ќе размислам, најлошо хоби од сите наброени: да дреме на форуми ко редит, фемина кајгана итд и да пишува мизогинистички постови.
Искрено кога би имал доволно финансии, би се испробал со собирање на инсекти, да ова е релативно лесно хоби и без финансии, ама мирисаат особено ако собирате живи примероци и сакате да имате добро зачувани примероци. Гејминг е океј, играм мајнкрафт веќе 14 години, неам намера да престанам да играм. Цвеќарство е интересно хоби, особено правење на аранжмани со свеж цвет, ама во исто време е многу скапо хоби особено ако сакате да си играте со ретки или егзотични цветови. Градинарство е мех, освен ако немате добри финансии за да не морате да се бафтате у бавчата туку да можете да си напраите мини-стакленик. Неам друга работа ќе требам у слободно време абе бегај таму.
Се гледа дека е америчка табелана, на улица во Мк да прашаш мислам дека од нормално хоби најмногу има рибари. Чмаење по кладилници не е хоби, болест е. И од 40год надоле гејмери. Мене ниедно хоби не ми смета се додека не ме инволвира или афектира мене.
Поминавме период на криза баш поради гејмање. Мм е човек што знае да се занесе во онлајн игри, не коцкање туку некои што се играат во тимови, па не знам што. Е еднаш во врска имаше таков период, да се "губи" со денови, на работа и играта само. Втор пат откако се роди ќерка, со месеци, часови и часови врвеше пред лаптоп. Откако сфати колку битни нешта пропушти со детето, избриша се, прибра лаптоп и нема вклучено. Искрено 20-30 минути, па и час во ден нека е релаксација за играње. Се повеќе од тоа на маж 35+ со фамилија посебно еве од искуство ми е црвена зона.
Ама појќето не ја сфативте листата па се фативте зошто коцкање е подолу. Се работи за хоби што го прави мажот неатрактивен - не ти е привлечен да го гледаш. Гејмање затоа е прво . Одма го засмислувам несреден, ненаспан, неистуширан, со маицата од завчера на него. Нели, стереотипи. За коцкар стереотипот е среден во казино, па може да е привлечен ко маж. Настрана кое е поштетно хоби/зависност, јасно е. И како е множина од хоби?
Чување гулаби. Лов. Спортска. Фудбал како единствен интерес во животот. Ама најмногу од се ми пречи немање хоби. Ако ни чита, ни планинари, ни сака филмови и музика, ни прави нешто за себе.