1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неа Врасна - Аспровалта (Грција)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Lili.lili, 13 јули 2011.

  1. Lili.lili

    Lili.lili Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Драфи Феминки сакам да прасам кк е во Неа Врасна а доколку некој знае мозе да ми казе и за аспровалта зато сто то се оддалецеи 500 м каква е плазата да не е премногу пусти ии мислам сепак мозам да најдам гиро сувенири дукани ;) :)
     
  2. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Не сакама да не навредам, ама некако мн си возбудена околу Неа Врасна, а сепак постојат мн поубави места. Неа Врасна е пред се одморалиште за фамилијарни луѓе нема многу кафичи и диско, гиро има и дуќани со сувенири. Сепак, биди внимателна да не ти речат дека ќе бидиш сместена во Неа Врасна и да те сместат Во Врасна. Да бидам појасна, Врасна , Неа Врасна и Асправалта се едно до друго споени. Сепак Врасна е најстара и попуста меѓу Врасна и Неа Врасна има една суводолица, и е доволно еден дожд да истури и ако си сместена во Врасна не ќе можиш да се капиш наредните 5 дена, дури бне се исчисти водата, бидејќи цела кал и водаод суводолицата се слеваат в море и има струи кои ја носат покрај плажата. Ако си сместена навистина во Неа Врасна е подобро, поживо и посредено и плажата е поубава, нема камења во водата. Сепак најскапо и најубаво е во Асправалта и поскапо таму има многу продавници и голем парк, бидејќи ова градче е општина и има постојани граѓани. Трите одморалишта, селца ,гратчиња не знам како да ги наречам, имаат една мана,местоположбата им е кон отворено море и морето никогаш не е мирно, малку посилен ветер и веднаш се празнат плажите бидејќи се прават огромни бранови, што на краците за разлика од тука не е чест случај. Сепак бев само реална бидејќи сум била многу пати таму и на викенд и на одмор, и ти посакувам убав помин, и очекувај повисоки цени и секако постабилно време и голема гужва(србите се прселени таму и пола Македонија бидејќи е поевтино) и секако ти посакувам убав помин.

    Пс. Доколку одите сос опствена кола, тркнете до Ставрос на прошетка и Олимпијада, посететего археолошккиот локалитет во близина на Олимпијада, каде што е родена Олимпија мајката на Александар Македонски и на некој километар од таму можете да посетите прекрасна дива плажа со бел крупен песок и крастално чиста тиркизна вода за пливање без морски ежови(ги имамногу во Олимпијада, зтоа избегавајте ја за одење на плажа).
     
  3. Lili.lili

    Lili.lili Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    На мене не ме интересира бас забава сепак одам со родителите :D И секао ке одиме со сопствен превоз и ке се просетаме до олимпијада и ставрос
     
  4. liliput22

    liliput22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    380
    Пол:
    Женски
    ЛИЛИ и јас идам таму се глеаме :D сега еве во недела.и точно дека е фамилијарно место ама убаво е.Аспровалта е бликсу и има кај да се шета,уживај!!!
     
    На Lili.lili му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lili.lili

    Lili.lili Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    њиуу јас одам на 22 и се надевам ке се видиме
     
  6. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Добро го опишавте местото.Јас само би додала дека кога бевме во Неа Врасна пред 6-7 год.ми падна мрак на очи кога видовме дека нема ниту еден банкомат,па одевме во Асправалта на банкомат.Инаку,немаше ни такси во Н.Врасна.
    Како и да е ,убаво да си поминете,сепак море си е море. ;)
     
    На lolyta777 и Lili.lili им се допаѓа ова.
  7. Saxobeat

    Saxobeat Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    99
    Јас бев минатата недела убаво е за фамилјарни луѓе прекрасни нема многу кафичи плажата е циста водата исто јас си поминав најубаво :*
     
  8. lovemebaby

    lovemebaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    174
    Многу е убаво во Неа Врасна.До сега сум била два пати со моите и многу сме задоволни.Бевме сместени во куќа до плажа и има многу убаво шеталиште со паркинг.Единствена маана е водата не е баш најбистра за разлика од краците.Нема да зажалите ако отидете :)
     
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Прв пат во Неа Врасна. Мене ми се допадна, екстра е за фамилијарни одмори, одмор да истераш во буквална смисла на зборот-плажа, сонце, вода, кревет :D нас тоа ни требаше и супер ни беше.
    Прво ако некој се одлучи да оди во сопствена режија, цените на апартманите се движат од 40 до 60 евра за една ноќ. Плажата е песок со камчиња, не е многу ситен песокот, нема многу гужва на плажата, нема галама, водата е чиста, бистра, топла, просто не ти се излегува, интересни беа брановите, за тој што ги сака како мене на пример супер ќе си помине ;)

    Местото е мирно, нема некое големо шеталиште, чат-пат ќе се најде некоја продавничка за сувенирчиња...затоа па Асправалта ( многу е блиску) е сосема различна. Плажата беше преполна, пред со млади, ќе се најде и по некој залутан фамилијарен пар, има кафичи од кои трешти гласна музика, позабавно е таму во споредба со мирот и тишината во Неа Врасна...зависи кој што љуби. Шеталиштето е поголемо, има повеќе продавнички за се` и сешто...ама и скапичко е...ќе си речеш-еј види ова 7 евра на пр. а кога ќе удриш математика ќе си сфатиш дека дома за тие пари не би го купил истото :!:

    Што се однесува до храната-водата се купува-пакет вода со шест шишиња- 1.55 евра ама не е ладна, ако сакаш ладна тогаш за литро вода ќе си платиш од 0,80 до 1 евро, гиро од 2 до 2,50 евра, останата храна е за 2 до 3 евра поскапа од кај нас...затоа препорачувам ако се може од дома да се носи поефтино ќе поминете.
    Еве и сликички од плажата во Неа Врасна
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_1383.JPG
      IMG_1383.JPG
      Големина на фајлот:
      287,9 KB
      Прегледи:
      4.238
    • IMG_1375.JPG
      IMG_1375.JPG
      Големина на фајлот:
      217,7 KB
      Прегледи:
      4.236
    • IMG_1379.JPG
      IMG_1379.JPG
      Големина на фајлот:
      397,8 KB
      Прегледи:
      4.236
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    имам одено и во двете :)
    последно бев во асропвалтаа :)
    многу со сакам местото плажата е супер има и кафичи и ноќен живот и се за убав одмор :)
    пред повеќе од 6 год бев неа врасна и памтам имаше многу медузи :tmi:
     
  11. The.Princess

    The.Princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    146
    Летово бев во Аспровалта.. Охх леле поубаво -здравје.. Значи знам дека има стопати поубави плажи од таму ама и оваа мноогу ми се допадна.. Не бев во градот сместена туку понастрана во Hotel Angela и беше најнајубаво.. А за градот е прееееекрасен.. Многу органициран, подреден, педантен, со прекрасни места.. И овие Неите шо се во близина на Халкидики не и стојат на малото прсте на Аспровалта оние ги знаете: Неа Потидеа, Неа Моуданиа, Неа Врасна, и уште милјон други.. Бев на враќање во Неа Подидеа и Неа Моуданиа и не дека нешто којзнае што видов.. само пустелии и бродишта на сред пат :puke: :puke: па дури и трактори, ама за плажата немам зборови.. Само онака самиот град ми е занигде..

    (И јас како и секогаш летнав оффтопик..)

    Значи Аспровалта е прекрасен град и доста организиран.. На двете страни од автопатот има паркиг бесплатен и тоа километарски долг.. Кога влагав во Аспровалта од таа страна - на лево е запуштениот дел кај што луѓето живеат во куќи, ова онаа.. а надесно е нели паркингот па има супермаркети, слаткарници, места за ручек и такви работи.. А додека одиш по оваа страна има посебни патчиња кои водат кон плажата или кој туристичкиот дел од градот.. Е кога ќе го поминеш главното патче од овие патчиња стигаш до една огрооомна фонтана и одма до неа има местенце за по едно сокче.. Има рингишпил, место за кај децата да скокаат во вода во едно балони, има најразлични работи.. А има и од оние „продавниците“ со ѕрангулии, ланчиња, сини очи, нараквици, обетки, оние магнетите I :l: Greece ова она.. Се таквите.. Значи во нив има се што ви душа сака: Од разни бижутерии, шешири, магнетчиња ситнурии за спомен, се до фустанлии и бунди.. Има буквално СВЕ.. А вакви продавнци има колку што ти душа сака..

    А за плажата нема потреба да прајме муабет.. Се нај нај.. Чиста вода, убава музика, ама све шо треба, па дури и паркче во близина со 300 детски работи за искачувење (замоци, кули, куќи).. И многу „сладоледарници“ И хотелчињата во близина (не)многу скапи.. Најубав од сите е Sant George (Сент Џорџ).. :inlove: :inlove: А на плажа сретнав и едни Битолчани, ама ако почнам за тоа да расправам, зајдисонце ќе ме најде, ќе го сместиме во друга тема.. Знам дека ви здосадив затоа ќе прекинам :lol: :lol:
     
  12. the-girl1

    the-girl1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    664
    Многу е убаво.Имам одено 2-3 пати.Т.С. преубавоооо :D
     
  13. AmericanGirl

    AmericanGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    8
    Јас сум била во Аспровалта,прекрасно е.Плажата е песочна и ми се допадна.Водата е плитка и е чиста,немаше медузи и морски ежови.Нема да зажалите ако отидете :)
     
  14. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Јас бев во Неа Врасна во 2005год. мислам. Убаво беше. Бев сместена во апартман во прв ред. Секое утро се будев со преубав поглед. Плажата е преубава ама во вода одма иде длабокото... на два-три метра одење одма е длабоко. Тоа не ми се допаѓа само. А за ноќен живот не ми текнува како беше зашто тогаш бев мала и со моите бев на одмор. Не одев по клубови, само се шетав покрај обала. :D
     
  15. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    И јас бев во Неа Врасна минатото лето и имам само пофални зборови. Плажата е преубава, морето исто така, не е воопшто скапо, ние бевме трети ред сместени, што значи за 2 минути на плажа бевме. И да си сместен во последнит ред, пак за 5-7 мин. пешки се стигнува на плажа. Аспровалта е на помалку од 1 км, ние одевме пешки по плажа, а и со кола, за 2 мин. си таму. Ставрос е на другата страна, на 4-5 км мислам дека, исто убави плажи најдовме и таму.
    Ноќен живот..дискотеки не ни барав, а не ни видов. Таверни, кафичи, раздвижено е, а во Аспровалта нешто повеќе е раздвижено за разлика од Неа Врасна.
     
  16. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.677
    Допаѓања:
    12.536
    Пол:
    Женски
    Сум била и на Неа Врасна и на Аспровалта. На аспровалта беше прекрасно долга плажа, музика, млади луѓе,чиста вода, а во Неа врсна единствено нешто што не ми се допаѓа е тоа што кога ќе флезиш во водата одма доаѓа длабоко иначе се друго е супер. Инаку кога веке сте таму би ве посоветувала да одите на Ставрос, преубава плажа, водата е плитка и до 100м од брегот,претежно се наши, јас грци и не видов на плажата најбројни беа србите и по некое македонче,градот исто така преубав, полно со продавници, може да најдите се што во треба,храната е ефтина се на се е преубаво ^_^
     
  17. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Јас незнам колку години по ред одам со моите родители, роднини и пријатели, читај голема група - со 3 4 коли на одмор во Неа Врасна.
    Си одам и со друштво и со дечко ми ама со моите во Неа Врасна ми е задолжително, ми иде нешто како збогување со летото, на крај од август или почеток, едно 10 15 дена зависи кога сум расположена да им се придружам, и толку убаво, мирно, тивко и фамилијарно место - не може да не ми се свиѓа, или да помине една година да не го посетам.
    Го знам исто како родниот ми град, демек па нешто големо е, а исто и со Аспровалта и со Ставрос, пошто секоја вечер, или Аспровалта или во Ставрос шетаме, пошто Неа Врасна е прилично мало место, нема некое си големо шеталиште, т.е воопшто нема, ептен е кратко со некое ресторанче, шопинг стандард секој ден по некој партал, со оглед на тоа колку најмногу е ефтино и има добри парчиња да си најдиш. Работи што ги имам купено од пред неколку години - уште ги носам, а не се марка, посебно работите и алиштата за по плажа и одмори, абе од 1 до 10 10ка им давам, местава се идеални за шетање навечер, иако морам да признаам, гужвата малку ме гуши, не сакам толку гужва, ама нема пискање и урлање, како што ка
    ав фамилијарно место е, за разлика од Аспровалта каде има повеќе млади, има поголем избор на кафиќи и шеталиште со многу бутици и продавници. Овде е малку соленко, не е баш ефтино - како во Ставрос.
    Во Неа Врасна што се однесува дали е скапо или не, ќе кажам дека не е ефтино - а и мене не ми се свиѓа храната воопшто. Пица е 8 евра - а е мала, празна, мрсна и нема мирис ни вкус на пица. Гирото е 2 евра или 2.30 зависи во кој ресторан ќе седнеш, и не е вкусно како она во Солун или на краците во Грција што го прават. Кога идеме тука, носиме прилично многу скара. месо, кашкавали, чајни, кулени, мајонези, маргарини пива, вина ракија од дома сите, значи идеме натоварени, пошто како што кажав нас храната не ни се свиѓа, и ептен кога на крајот ќе снемаме, си седнуваме во ресторан, гиро или некоја салата со скара со пивце.
    Единствено што купуваме секој ден е леб, кој исто така е поскап од кај нас, и е многу вкусен мора да признаам, посебно оние пупките за сендвичиња - абе ги отепувам, секогаш си идам здебелена од одмор. :D
    Смештајот ми е смешен во врска со цените најискрено.
    Секогаш седеме во првиот ред, на татко ми пријател ни ги најде вилите пред многу години, и секоја година е реновирано и се поубаво - нормално, па со тие цени за смештај може секој месец ако сака да реновира. |(
    Апартманите се движат 60 евра од вечер, сите 3 - 4 апартмани ни се еден до друг, под голема сенка, на неколку метри од морето. Имаме голем двор, со зеленило и скара пошто секој ден и вечер си правиме скара, салатичка, пивце, абе мераци, ама мене кога би одела на одмор со дечко ми многу ми е ова 60 евра од ноќ тука, кога во Албанија, во сличен апартман само без двор и скара, плаќаме смешни 23 - 25 евра. :| Секако, исто во прв или евентуално во втор ред.
    Но, татко ми е емотивно приврзан за Неа Врасна заедно со прјателите, па така да покрај нив фино лепо секоја година и јас си искористувам екстра одмор, ол инклузив! 8)
    Шо убаво ми иде кога знам дека не мора да си ги пазам парите, и да пресметувам дали ми се доста, да ги организирам, ни да се мачам да мислам што за ручек, ни па за вечера, тука се ми е на тацна.
    Плажата на Неа Врасна е многу убава, голема, широка и чиста со ситен песок. Навистина е голема, со оглед на тоа дека никогаш не е до крај полна.
    Има многу Срби и Македонци, Грци баш и нема.
    Водата во морето - ми е претопла мене. Татко ми се шале - одам под вода и наместо да се оладам, јас се потам. :D
    Не ми се свиѓа што многу брзо иде длабокото и често има бранови, ретко навистина ретко морето да е мирно совршено за пливање. Исто е и во Аспровалта, само што тука има многу повеќе лежалки, кафиќи на плажа.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Wild-girl1234

    Wild-girl1234 Активен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Да прашам тие што отишле оваа година... колку се плака од вечер? И лесно ли се наога со кола?
     
  19. canary

    canary Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    60
    Не сум била само јас шо одам ваму повеќе години со ред. Да бидам попрецизна од прилика некаде 13 години со ред. И тоа по неколку пати во годината. Среќа што во последниве, еве колку... 5 години да речам одиме само во август, ни доаѓа како одмор пред школска година, работа... Иначе сме оделе и по 3 пати во годината, по 10 дена, абе преку светила ми е :lol: Пред 3 години само сменивме на друго место бевме и пресреќна бев ко којзнае кај сум отишла. Ај да не сум офф...
    Неа Врасна е преубаво место за фамилијарни луѓе. Како што спомнав, јас таму одам со семејството. Мало местенце, убаво уредено, ресторани со добра храна, најубаво гиро на цел свет, широка убава плажа со лежалчиња за уживање... Мене лично таму не ми се допаѓа тоа што на вечер е многу мирно нема каде да се оди, нема кафичи шо работат касно туку се се гаси во 1 часот, дури и фонтаната надвор :D Морето е супер, ама многу е длабоко, може да се погоди да има многу бранови пошо е на отворено море. Медузи нема воопшто да видиш, добро може некоја само ама нема многу, комарци ич. Предност е што Аспровалта е многу блиску, можеш да одиш и пешки до таму да прошеташ, да смениш малце од монотонијата, а исто и Ставрос е блиску ако си со кола можеш и таму да одиш, тоа е веќе поголемо место со ресторанчиња, продавници, бутици, пристаниште... Многу сакам да менувам локации за на одмор кога се работи, ама татко ми сака вакви "пензионерски" местенца за да се изнаодмори и да се изнаспие од работа и се :D Ова ко шо е тивко, таман му доаѓа.
    Иначе ние кај шо ќе одиме во апартманиве, се прв ред и 45 евра во денот плаќаат моиве ама се знаеме со газдава пошо во истите одиме сите овие години и ај кај не ке се запознаеш и слика моја и од сестра ми чува човекот во продавницата. :lol:
    Искрено смачено ми е од местово, ама барем малце ќе сум со семејството и ќе поуживам :) Кој ќе оди убаво да си помине. А со мене ќе се видите во август ко ќе одам :lol:
     
  20. Wild-girl1234

    Wild-girl1234 Активен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Ај за брз одговор.. може ли да се најде соба од околу 25е?