За 30 може, има и преку агенции кај нас. Е сега, каква-тоа не знам... Од оваа агенција секоја година имаат многу понуди за Неа Врасна http://vesnatours.mk/podkategorija.asp?cnd=2&strana=1
јас и семејството имаме одено преку оваа агенција Весна турс,морам да кажам дека се многу поволни,љубезни и оранизирани.Во најмала рака студиото во кое ќе бидете сместени нема да биде подалеку од 4-5 мин од плажа,а најблиското на самата плажа. Неа врасна како место за одмор со семејство е одлично (доколку не се погоди фамилија со бебе или мало дете до вас) !!!! Ако отидеш нема да зажалиш се надевам не е многу сменето од пред 2 години,од кога бев јас.Може не е преполно со кафичи ама има и каде да се прошета и каде да се седне на пица...Во глобала фино е али само под услов да одиш со родители,зашо за со друштво би био и повеќе од тапа. п.с. Весна турс + Неа врасна = вистински фамилијарен одмор
Јас бев и преубаво си поминав.Бев одма до плажата во Неа Врасна.А навечер се шетав и во Аспровалта,поголемо е,а инаку има и во Неа Врасна за шетање,сувенири,кафичи,ама е повеќе за семејни луѓе
Ѓавол да не ве лажел со Весна-Турс. Се случуваше неколку години по ред да одам на викенд во Врасна, и бев секоја година сум била сведок на кавги помеѓу клиентите и госпожа Весна. Незадоволни и бесни луѓе, еден дури се залета да ја тепа... значи до тој степен. Луѓето кажуваа дека, едно кажува, а друго прави. На сликата една вила, а ги сместува во друга. Во мизерни услови луѓе... Тоа шо го видов беше страшно... Едни си уплатиле за трокреветна соба, ги сместила во двокреветна... Весна секоја година е под ризик да биде истепана Инаку, Аспровалта не е скапа воопшто, да одговорам на прашањето на ТеаБ. Онака нормални цени за Грција, ништо невообичаено.
Ич неактивна темата. Од толку избор барав насекаде и по краци последна одлука Неа Врасна планирам за прв пат годинава. Најдов еден апартман сеа уште да букирам само. Некој што бил во последно време да ми каже за вода , плажа каква е? Ноќен живот не ми треба, секако сме со мало дете. И Ставрос колку е блиску? За Аспровалта читав дека по шеталиште ептен била блиску и за пешки.
Бев пред две години на почеток на септември и не беше лошо. Само многу дуваше на плажата и имаше бранови, а и пред тоа слушав дека таму стално дувало. Мислам @mariz истото го кажуваше.
Ние бевме Vrasna Beach, тоа е одма до Неа Врасна поблиску до Ставрос..бевме во Август и ептен дуваше и тогаш, ни рекоа на такво место се наоѓа и затоа си дува често. Плажата имаше тука ситен песок, ама на почеток тревки, а баш до водата на некои места имаше камчиња.. па ке офкате додека стигнете до вода Еве некои слики во спојлер.. Спојлер: Врасна
Неа Врасна или Неи Пори? Некој да каже што бил на двете места? Од утре ќе одам по агенцииве па не знам за што повеќе да гледам. Каде има повеќе за шетање? Плажите? Кој не му е тешко нека пише, фала.
Јас би рекол Неа Врасна, иако за прв пат одам годинава. Пиерија секогаш ми е на втор план, па затоа тие места таму, Лептокарија, Паралија, Неи Пори... се случува да ги посетам единствено за некој продолжен викенд или некое кратко одморче, како и на еднодневни капења. Ни на крај памет не би ми паднало дека некогаш јас ќе одам во Неа Вранса, поточно одам во Врасна Паралија што е веднаш до Неа Врасна, но се случи. После све тоа што прочитав за тој дел и тие плажи, фактот дека често има бранови (сакам бранови) а сепак чиста вода, во посета доаѓаат делфини, ме убеди да одам таму. Доста време барав смештај, ова од агенцииве не баш ми се допаѓаа, и случајно налетав на пост во српска група, во кој Срб го предложил Hotel Odyssea, кој, кога кога ѓи погледнав сликите, веднаш ми се допадна. Човекот, кој го предложи смештајот, ми објасни се во врска со истиот, ми даде контакт mail, контактирав и букирав, пред тоа прочитав искуства на trip advisor, grcka info, и сите беа позитивни па се одлучив за таму. Добив соба со поглед на море, прилично ефтино. Се надевам дека се ќе биде во ред.
Може да ми дадеш контакт каде што си резервирал? Бев вчера по агенции и веројатно и јас за Неа Врасна ќе одам, само смештајот кои ми го нудат е многу лош за мене.
Ако одиш неа врасна оди во свит хаус огромна куќа со многу фини домаќини со многу убави соби за чистота неможам збор да кажам почисто е од хотел огромни тараси со масичка столчиња има и чешмиче на секоја тараса јас презадоволна сум. Само не одевме преку агенција таму дирекно бевме И во неа врасна го има најубавото гиро само не на плажата туку повнатре
ајде некој што бил нека каже иако ги прочитав мислењата ... каква е водата ... плЖата ... дали е за со бебе ...
Водата е топла, а плажата е ситен песок. Во Аспровалта ми е поубаво. Има повеќе за шетање, има кафиќи. Со бебе би одела.
Јас лани бев Аспровалта, и имаше еден куп луѓе со бебиња, а сестра ми со две деца беше во Неа Врасна. За со деца е 5ка и на двете места нормално да си носиш чадор или пак да си земеш лежалки си чадор затоа што таму нема природна сенка. и јас здравје Боже со деца таму би одела
се мислам за таму или за прв крак ... читав дека има бранови ? и дали сте биле во септември? и кое е подобро аспровалта или неа врасна?
@didisi Јас бев Август на почетокот, од 12 дена 3-4 имаше бранови ама ништо страшно не беа, мене ми е подобро Аспровалта, има повеќе продавнички, повеќе кафичи за седнување, поживо ми е некако, инаку и двете места се многу блиску едно до друго, одејќи по плажа ќе стигнеш за 20 минути
Бев и Аспровалта и Неа Врасна и никогаш повеќе натаму. Зборам од мое лично искуство не ми се допаднаа плажата местото,водата пред се многу ветрови дуваа абе да те однесат. Затоа Неи Пори имам отидено што се вели сто пати и со бебе и со поголем дечко,и не би го менувала за ниедни пари,Плажа имаш огромна,шеталиште лулашки има и мини вовче кое те вози до Платамона. Сум била и Калитеа и Полихроно Пефкохори Неи пори ми е во срцето и пак таму ќе одам се мислев за Калитеа годинава гледав и апартмани и повторно истото место го одбрав вила Сент Џорџ Неи пори Атлантик кавадарци