1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неа Врасна - Аспровалта (Грција)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Lili.lili, 13 јули 2011.

  1. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.731
    Допаѓања:
    55.490
    Пол:
    Женски
    Стапив во контакт со една вила, смештајот им е многу добар и цената ми одговара.
    Ми бараат 80 евра капар, дали знаете колку провизија земаат нашиве банки за таа сума?
    Исто прв пат вака онлајн договарам па се надевам нема да излезе нешто што не треба.
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    5.914
    Допаѓања:
    135.480
    Пол:
    Женски
    20евра обично, мислам комерцијална малку помалку.
    Види на букинг,, само неа врасна и врасна паралија има горе доле пристојни цени, тука немаш провизја за аванс кога ќе ти помине free cancelation. Ние годинава ќе одиме врасна паралија, 360е за 7 ноќи со 2 деца. Гледав други места поради мислењава со брановите и ветровите ама за оваа цена никаде неможам да најдам. Како биде така, може некој делфин ќе видам бар :)
     
    На lost123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lillypad

    lillypad Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2013
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки, имаме резервирано со дечко ми за во Аспровалта на 30ти август. Може ли за инфо:
    Како стојат цените на лежалките, на храната, видов дека имало доста места за шетање и јадење и дека е интересно место за парови. Благодарам :sun:
     
  4. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Убаво е ние лани бевме во неа врасна ама секоја вечер пешачевме до асправалта има дуканчиња многу кафичи и ресторани али најубаво гиро има во неа врасна во поседион
    Ние лани бевме во почетокот на септември лежалка беше 3евра со кафе и вода
    Мирно место за психички одмор убава вода чиста лани и делфини искочија
     
  5. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да кажам искуство за Неа Врасна.
    Смештај во вила плаќавме 50евра од ноќ.
    Бевме во втор ред од плажа.
    Местото е мирно. Плажата е ситни каменчиња, бранови ние кога бевме немаше, само последниот ден.
    Единствено не ми се допадна што е веднаш длабоко. Неколку чекори и над глава ти е, малку е лошо за деца.
    Комарци немаше.
    Аспровалта е блиску, на 10мин по шеталиште, има луна парк.
    Исто и Ставрос е во близина 7км мислам беше.
     
    Последна измена: 17 август 2018
  6. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.101
    Допаѓања:
    37.575
    Пол:
    Женски
    Баш оваа недела свекрва ми беа и кажуваше дека веднаш е длабоко, пред неколку год кога бевме беше плитко на почетокот. Кој знае зошто се променило
     
  7. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Претходно не сум била, прва година ни е ова. Незнам дали цела Неа врасна е длабоко или само на некои делови. Ние таму каде што бевме, беше длабоко.
     
  8. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.101
    Допаѓања:
    37.575
    Пол:
    Женски
    Не знам они во кој дел биле, ама исто така било длабоко. Неколку пати имаме одено и во стариот и во новиот дел на Врасна и секаде си беше плитко и убаво,чисто, ситни камчиња. А свеки кога беа викаше гадна вода, бранови, длабоко. Баш убаво местенце за релаксација беше, зошто вака се променило
     
  9. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Водата беше чиста и немаше бранови барем ние додека бевме. Само длабокото им е маана.
    Во Аспровалта мислам дека е плитко. Исто и во Ставрос.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Ај јас како тазе тука отидена да си пишам. Вторпат сум тука, мислам сум била првиот пат пред 14г и сум била многу мала ама моите викаат речиси се останало исто. :rofl:

    Неа Врасна сум отидена. Местото е како да кажам малце онака пензионерски и досадно. Плажите не се по мој вкус, кога ќе видиш какви убавини од плажи има по островите овие не ти се по ќејф. Со мали каменчиња се и некако несредени, делуваат пусто, како Претор да си отиден. Kyklades ми е најубава, најсредена е и супер музика пуштаат. :DВодата од мој аспект е речиси ужасна. Во денот ако имаш среќа 2ч да погодиш дур нема бранови и е почиста супер, но после цел ден огромни бранови што носат прљаво со нив. Првпат годинава да не ми е мерак у вода да влезам некаде, а иначе од вода не сум искачала. :doh: И морето како да нема ич сол у него, на други места цела кожа бела ми била, па и да пробаш малце од водата :rofl:, се те печело од сол. Тука не бре, дури пазам да не случајно се напијам, толку е прљава што ми е страв вирус стомачен да не закачам.:?: А и одма е длабоко, ич нема плитко. Никој не се осмелува во длабоко да оди, цело време медузи вадат.:x
    Цените се поефтини према други места, спрема острови на пример ептен е поефтино, скромно место за просечен Балканец е. (waiting)
    Има многу пензионери дојдени, а и фамилии со мали бебиња, се чудев кај тука баш ги донеле бебињата од милион подобри места. :|
    Ставрос е убаво да се прошета, од десната страна од Неа Врасна е, убав впечаток ми остави тоа. Ова ако сте со кола обавезно да одите таму.
    Лево е Аспровалта, вечер тоа ќе се шета, немам уште мислење за тоа. Ако седиш само у местово ич не е интересно...

    Годинава испадна така да 5 до 12 и нема кај да се оди па дојдов тука сплет на околност. Не ми напраи некој ќејф ни местото, ни плажите. Има многу подобро од ова. Пак не би дошла, а и 7 дена за тука се премногу, па да се зезнете со 11 ко јас. :D
    Убаво е што има Лидл во близина, па има можност убаво благо секој ден да си купува човек.:rofl: Хаварија од наши е таму, на каса се турканици. :whew::rofl:
    Комарци врие, без Аутан да не сте дошле. Додуша мене ме касаат само, дома никој друг не се пожали. Ама ако сте склони кон убоди од комарци обавезно Аутан.

    Не знам, може е ствар преференции ама ете мене не ми се допадна, некои се многу задоволни. Сепак втор крак и островите на Грција и тамошните плажи према ова се голем луксуз и рај. Плус тука на секој чекор имаш Македонци и Срби што мене лично ме нервира зошто се жива некултура. :doh: Странци речиси ич нема.:D

    Сепак ако сте за мирно и поефтино место, не сте ко мене перфекционисти и по малце пребирливи (ко за плажа со целосен песок што сум) слободно дојдете тука. И ако не ви пречат бранови зошто секој ден ги има.:!: А и делфини ќе си видите, има често. :D
     
    Последна измена: 8 август 2019
    На duffi, Animali и Doozy им се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    @Dream-Girl мене па Неа Врасна ми е останата во многу убаво сеќавање, прекрасни одмори си имаме минето таму. Да, точно, 10 дена е стварно многу за таму, ќе се спуваш буквално. Ама па Ставрос и Асправалта се блиску и тамаМ да пополниш време. :D

    Малку ме замисли сега со длабоково, јас баш не го памтам така, можеше да се оди до подалеку... ама сигурно немам добри 10 години отидено натаму, ништо чудно да се сменило, Медузи имало секаде и секогаш, а најголемите ги имам видено на краците. :whew:

    А со цените како се? Гиро, сендвич, пиење, коктел, пивце... Знам дека е поевтинко од другиве места.

    Вие одевте во Лидл или во тие локалните маркетчиња? Гледам има Дисконт маркт отворено на излезот од градот, не се сеќавам дали го имаше тогаш.

    И ние годинава фаќаме натаму, немаше ништо слободно на другите места, а мене не ми се траскаше да патувам некаде подалеку... што вика дм, следна година од февруари ќе си букираме одмор ако сакаме по желба и на раат да си бираме каде. :D
     
    На Dream-Girl и Animali им се допаѓа ова.
  12. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.510
    Допаѓања:
    144.224
    Дузи ние бевме на викенд сега скоро.
    И сосем океј е. Не е до толку лошо де, зависи што бараш. Мирно е, ама околу има за шетање.
    На плажа лежалка со кафе беше 3-3,5. За цел ден. Е длабочко е, ама не е толку страшно, и нормално водата е позеленкаста. Ама ако сте со кола можете да фатите према Олимпијада има прекрасни плажи. Има една Бабилон мислам беше, ептен убава е.
    Додека годинава во Полихроно, на сред ден ни рекоа дека ако сакаме да продолжиме треба да нарачаме пак кафе.А таму ручавме, пиевме кафиња, овошна салата итн.
    Па си собравме партали и продолживме на друга плажа.

    Гиро беше од 2,5-3.Порција беше 7е. Најубаво беше и најголемо на крај на Неа Врасна. Мислам беше 2,70 внатре со ѕаѕики.
    Имаше некои понуди со готвени јадења од 5е нагоре. Некои понуди со салати со сосем пристојни цени. Лидл има во близина.
    Т.е на излезот беше некаде на магистралата.

    За други цени Дримка нека каже. Јас тоа запомтив.Слаба сум со бројки.:D
     
    На eli25, Dream-Girl и Doozy им се допаѓа ова.
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    @duffi топ, фала ти на инфо.

    Ние одиме со желба за пензионерски одмор, јадење, спиење и бањање. :D Дм за чудо се нафаќаше и подалеку да одиме (пример, на некој од островите), но толку сум измрцварена периодов, реков нема шанси подолго да патувам.

    Знам каде е Лидлот, но за жал, не сме со кола, а мислам за да стигнеш треба да се приклучиш од автопат. Можда сум грешка, ако знае некој точно, нека каже. Ама прочачкав на мапа и го најдов овој Дисконт маркт, што исто ми е скроз ок. Дури и брошура најдов, како прав супермаркет фрик.

    Блиски мои беа во околина на Олимпијада на одмор и сликите се навистина прекрасни. Ми покажаа и слики од ова Вавилон/Бабилон и побаравме понуда за таму, но не добивме, па резервиравме тука.

    Гледав јас да докопам нешто на Аирбнб или на Букинг, се наоѓаше по нешто, ама сепак одлучивме преку агенција највеќе ради превозот. Во секој случај, далеку од лошо, имаш море, плажа, промена на локација... мислам оке ќе биде. :)
     
    На Dream-Girl и duffi им се допаѓа ова.
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Јас многу се извинувам што касно враќам, вчера кога прочитав бев на враќање накај дома у кола и реков дома ќе вратам кога ќе дојдам и сега ми текна еве. :$

    @Doozy медузи вриеше последниот ден пред да си одам, цела плажа со медузи што ги вадеа луѓе беше. Длабоко не се ни осудувај да одиш, на почеток седи си, никој не одеше во длабокото јер све и свашта имаше натака...Еве ти баш слика од завчера.
    IMG_20190809_135816_995.jpg


    Веќе никој не ни влезе да се избања, катастрофа беше до нас пливаа (во ФМЌ може да ме прочиташ ако сакаш таму баш пишував) . Во поглед на плажа јас стварно ич не сум задоволна. Лицето од чисто ми се исфрли со ситни бубулички дека нежна кожа имам, се ради прљава водата што беше. :envy:

    За цените. Гиро мене исто ми беше најубаво на крај таму на плажа кај што ти рече @duffi ама исто убаво ми беше и кај плоштадот на почетокот. Таму ми беше хотелот и поблиску ни беше да одиме таму.:D Коктелите беа 5-6евра, кафе зависи до 4 евра со лежалки на плажа за цел ден седење, пица, сендвичи имаше се до кај 5 евра. Не е ич скапо. Е да Лидл е на автопат, татко ми сабајле рано како голем шетач одеше и пешки. Ама нас не ни беше толку далеку, на почеток на Неа Врасна бевме баш, а ако си на крајот тешко да отидеш до таму, дури и вака 30мин одење имаше. Во Лидл си одевме со колата ние, таму пазаревме само.

    Се на се досадно место е ама ете за пензионерски одмор го бива. Аспровалта не ми се допадна, исто е ко ова, а и премногу спарно и премногу луѓе имаше, не се дишеше таму, Неа Врасна е посвежо. Ставрос ми се виде најубаво. Штета што не сте со кола.

    Убав помин. (fingers)
     
    Последна измена: 11 август 2019
    На Doozy и duffi им се допаѓа ова.
  15. Sungold

    Sungold Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2017
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Аспровалта е прекраснааа
     
    На molikaMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lenysto

    lenysto Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2019
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    здраво дали некој има контакт за сместај во врасна ништо не можам да најдам а сакаме да одиме во недела..
     
  17. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    15.779
    Пол:
    Женски
    Тепам досада па реков ај да пишам за местава.
    Лани кога тргнавме со дм на викенд ни се расипа колата, требаше Калитеа да одиме крај јуни беше последните 4 дена. Ама поради колата мораше да се вратиме, и смештај на букинг најдов само за Аспровалта, по пристапна цена, да не е изгор, околу 150-160евра плативме за 4 дена 1-5јули. Бевме сместени Апсорвалта скоро на крајот веќе, ама веднаш се излегуваше на шеталиштето околу 150-200 метри низ една уличка одевме. Првиот ден бевме Аспровалта на најблискта плажа до апартманот. И вечерта само до лидл, да пазариме нешто ситно. Утредента одморени, да најдеме убава плажа, ама скоро сите се исти нема некоја разлика, земаш пијачка лежалката ти е гратис цел ден. Вечерта излеговме на јадење и да прошетаме, без да заприметиме сме стасале до Неа Врасна и тоа на крајот веќе по шеталиштето, кога видов на локација колку сме испешачиле не ми се веруваше. И утредента колата и Неа Врасна, повеќе млади имаше за разлика од Аспровалта, плажите и кафичите беа посредени, ама толку спарно и топло не ми било не знам од кога, ете различно сме го доживеале местото со Дримка, мене Аспровалта ми беше по свежа, бидејќи немаше толку гужва и секогаш дувкаше некој тивок ветар. Не знам колку вода испив тој ден, од топло.
    Четвртиот ден кога требаше да одиме дома бидејќи го напуштавме апартманот во 10, отидовме Ставрос мене реално тука најмногу ми се допадна, најсредено беше за разлика од другите места, Бабилон плажата ми се допадна највеќе.
    Е сега да е длабоко длабоко е, имаше многу семејства со деца, па децата не влегуваа во вода кога имаше бранови, ама нас само еден ден во Неа Врасна не дочекаа бранови. Медуза една не видовме, иако пливавме прилично длабоко со дм. И не слушнавме никој да се пожали. Претежно се смејства со деца или пензионери, и 4-5% млади луѓе по плажите, дали друштва или парови.
    Цените се поефтини за разлика од другите места во грција, имаше многу мирни тивки плажи ако сакаш да одмориш без гужва. Измеѓу секој кафич со лежалки имаше место да поставиш сопствен чадор и пешкир.
    Ваљда за медузиве и брановиве зависи и кој период одиш во годината.
     
  18. TheDreamGirl

    TheDreamGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2021
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    Преубаво ми е во Неа Врасна, мнооогу подобро од Калитеа, Каликратија, Полихроно, Афитос, Паралија па и да не ја спомнувам....
     
  19. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    7.729
    Пол:
    Женски
    Во Грција ако одам на краците, само на вториот крак преферирам. Чисто заради плажите кои се подобро позиционирани.

    На првиот крак, иако е попопуларен, на брегот што гледа кон вториот плажите се полоши, помали, и побрзо паѓа сенка попладне на нив. Не ме интересира ни смештај, ни градот, ако плажата не му убава и сончева. Конечно за тоа плажирање одам на море. :D
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.727
    Пол:
    Женски
    Најдовме со дечко ми за следниот викенд евтино сместување за Неа Врасна. Има нешто овој период таму што да се прави? Толку пари имавме, нешто евтино баравме, а пристојно место за спиење.