1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неа Потидеа

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од femina11, 20 јули 2011.

  1. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Ке може да ми пишете ваши искуства за ова место? Размислувам да одам оваа година,па се двоумам.Ми рекоа дека е мирно местенце и дека водата е убава.Добро ке ми дојдат информации од луца кои биле таму.Ние сакаме да одиме само јас и дечкото,па пишете ми за местово.
     
  2. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Сум била во Неа Потидеа пред неколку години, премало место, шеталиштето е една улица на која има максимум 3 продавници(за сувенири) и неколку таверни. Се сеќавам и на еден кафич. За плажа и море нема коментар - убаво!
    Нема ноќен живот, нема лудувања, мирно местенце со постари луѓе :) Доколку сакаш одмор во вистинска смисла тоа ти е полн погодок.
     
  3. irena85

    irena85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    НЕА ПОТИДЕА

    Оваа година сакаме да идеме во Неа Потидеа на одмор, бил ли некој ми треба инфо дали е добра плажата и морето.
    Благодарам
     
  4. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    954
    Пол:
    Женски
    Јас бев во Неа Потидеа пред 2 години,водата и плажата се предобри,водата е бисер.Ама местенцето е мирно,значи нема ноќни клубови,нема лудување :D Мене баш ми е местенце за одмор во вистинска смисла на зборот ;)
     
    На diksonce му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Maci12345

    Maci12345 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    11
    Ајде уште неколку коментари дали некој од местото некој ден отишол до Солун колку е блиску дали може да се шеташ кај каналот со бродовите?? :) и уште нешто дали сте сретнале таму такси или автобуси како градски што си плаќаш карта за до солун или со таксито си плаќаш? :D:D
     
  6. kika-s

    kika-s Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Значи вака до лани сум идела секоја година на одмор во Неа Потидеа заедно со моите.Местото е прекрасно, се наоѓа на првиот крак и е многу блиску до Солун значи кога тргнувате од Солун накај халкидики тоа е првото гратче.Многу е малечко, точно и е по прилично мирно место за релаксирачки одмор.Има една уличка на која излегуваат сите да прошетаат навечер и тоа работи до кај 12 саат мислам таму имате продавници за сувенири,облека,неколку ресторанчиња,гиро,палачинки и има такви играчки за деца да се возат билијард, нешто ко компјутерници за играње итн..Луѓето накај 7-8 најкасно се прибираат од плажа ке се средат и навечер ке искочат ке прошетаат по улицата а потоа се е тивко ии мирно.А да на крај на улицата имаше нешто како забавен парк хм има за возење коли еден брод мислам и уште нешто ама за мали деца.Инаку местото е полно со семејства и постари луѓе но за викенд се полни и има неколку барови на плажа со лежалки и таму има музика едно друго така да не е дека преку ден на плажа не може да си поминеш убаво..друго може да идете да се качите горе во гратчето, јас сум била само еднаш но колку што се сеќавам океј беше има неколку ресторанчиња аптеки итн..Во местото одма кај плажата има иеден маркен мислам дека тој им е најголем и има све и свашта а цените се онака, зависи..Накај 3 саат на пладне повеќето си одат дома на ручек и тогаш водата е најубава за бањање дефинитивно.
    Иако постојано се жалев од ова место откако отидов во Торони( на вториот крак) видов што е вистинска досада, тоа е ужас одвај 1 ресторан 2 кафичи без народ..така да Неа Потидеа е совршено место..Башка навечер има неколку кафичи кај што може да се искочи знам има еден кафич се вика Кариби и е цел дрвен во форма на брод.Мој совет сабајле рано на плажа уживање цел ден потоа на ручек/гиро и остатокот од денот пак на плажа и навечер можете слободно да си отидете во некој кафич да си поседите онака ако не сакаш забава до сабајле и лудување ова е одлично место.И секако луѓето се префини и да не те знаат некои ти викаат здраво..и гратчето е секако многу чисто.на некој начин се два дела едниот од почетокот до кај маркетото и таму има кафичи продавници лежалки на плажите а понатаму е помирно.Инаку идам 7 години на тоа место и сум приметила дека во последно време е многу актуелизирано (2-3 години) и го дознале македонциве па почнале да идат, а порано ретко дека имаше македонци..плажата е топ водата мераци!!!
    а за заливот сум била и таму шетавме еднаш со татко ми интересно е имаше доста бродови знам имаше и брод-кафич интересно е да се види убава глетка.
    Ако се одлучиш да идеш, убав помин и пиши како било но доколку сакаш повеке журкање и забава галама бука ондак не би ти го препорачала:)
     
  7. Maci12345

    Maci12345 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    11
    Фала ти многу ми значи мислењево јас планирам да одам со мајка ми и некои колешки нејзини значи они се пре забавни за шега и такви работи но ми кажаа земи си лап топ досадно ќе ти е ова она.. лап топ секако ќе носам но повеќе ми се оди ради плажата а не ради журки али сепак викаш има продавници за облека и некој парк таму биљард мислам дека ќе е добро но далеку од забавата во Парајлиа :/
     
  8. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Потидеа, Моуданиа, охохооо ги има милјон... :D Водата е прекрасна, како во базен ама градот некако... :|
     
  9. Maci12345

    Maci12345 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    11
    Ај објасни ми повеќе за ова што викаш дека може да одиме да се качиме горе во градчето :wasntme: не ми е јасно некако значи кај што има плажи тука е таа улицата со продавници а плус некаде горе градче :wasntme: :wasntme: ај објасни ми :D :D
     
  10. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    И јас бев во Неа Потидеа прелани. Доколку некој сака одмор во кој ќе се одмори максимално (психички и физичко) нека оди во Потидеа. Местото е баш како што го објасни некоја од девојките погоре. Водата кристално чиста, плажата е ситен песок и многу чиста. Секоја вечер ги чистеа отпадоците. Исто така предност е што е на почеток на кракот,а другите градови надоле по кракот се многу блиску и може да ги посетите и нив доколку сте со кола.
    Инаку како што е гратчето насредина има автопат и гратчето е поделено на два дела. Долниот дел како што се вози надоле е поубав и плажата е многу убава.

    Може на google да си видите слики.
     
  11. girl.heart

    girl.heart Активен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    4
    Бев лани во Неа Потидеа и сум презадоволна! :)
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  12. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Јас следната недела сум Неа Потидеа. Сум била и претходно и едвај чекам пак да одам, не е како во Кефалонија и како Крф и општо на островите ама за криза како што е сега и како што се скапи тректите и бензинот, тамам е.
     
  13. diksonce

    diksonce Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ве молам доколку некој има контакт за пристојно сместување во Неа Потидеа
     
  14. macamaca24

    macamaca24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    дали некоја од вас била во хотелот голден бич во неа потидеа,и каква е услугата таму? размислуваме со дечкото да одиме таму,сакаме да одмориме во вистинска смисла на зборот,во мирно местенце како ова.и како се движат цените одприлика? благодарам :)
     
  15. macamaca24

    macamaca24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    ?
     
  16. orhidea25

    orhidea25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Може ли да ми кажете каква е плажата овде? Дали е плитко или веднаш иде длабоко?
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Веднаш е длабоко. Односно на почетокот е така, а како одиш надолу до крајот на плажата е по израмнето. Немој да очекуваш ситен песок на некои делови е со ситни каменчиња, а на некои има и песок. Искрено не ти го препорачувам местово, лани беше катастрофа. Контејнерите не ги празнае со денови и неможам да ти опишам колку смрдеше цело градче! Катастрофа, плус цените се малку високи за тоа што го нуди местово, освен 5 ресторанчиња и 2 продавници нема ништо друго. Тапа е!