Инспирирација да ја отворам оваа тема добив од филмот Gifted. Постојат деца кои стварно се надарени и гениј во одредена област на многу мала возраст. Од тука се поставува прашање како родителите на тие деца се носат со тоа? Тие деца со голема леснотија отколку што е карактеристично за нивната возраст ги совладуваат предметите, и се многу креативни. Но за жал, најчесто тој потенцијал кај децата се "загушува" од нашиот образовен систем. Дали за тие деца треба да постои поинаков образовен систем,каде што дополнително ќе се работи за нивниот талент? Дали треба уште од мала возраст децата да се форсираат за таа област во која покажуваат голем потенцијал? Или сепак треба да се остават да бидат само деца, и да уживаат во детството? Кое е вашето размислување на оваа тема?
Интересна тема. На жалост, после само неколку реченици, низ глава ми помина прашање обратно од она кое е поставено. Односно, како родителите на деца со тешкотии во учењето се носат со истото. Секако дека првенствено акцентот би се ставил на афинитетите на детето и лоцирање на неговиот талент во конкретната област. Неопходна е соработка од страна на детето, но зависно од областа можеби и вложуваље на некои финансиски средства. Со сила не може ништо. Не знам најточно дали постојат работилници, додатна настава, кампови или приватни школи за одделни области. Дали и колку школото и државата го поттикнува и стимулира истото. Пред се мислам на стипендии и посебни програми. Неопходно е да се разграничи стимулирање, форсирање и притискање. Стимулирање сметам дека е потребно кај секое дете, независно дали поседува или не некој талент. Логички или моторички вежби преку песна и игра се добри за нивниот развој. Форсирање е веќе дискутабилно и претпоставувам прашањето може да се примени баш на оние деца со натприсечен талент во нелоја област. Вистинското прашање е кој ќе го процени истото кај толку мало дете. Родителите? Родителската љубов можеби би довела до необјективност, па на пример они веруваат дека детето има талент(а нема). Начинот на кој ќе се стимулира или во случајов форсира тоа дете за да не дојде до обратен ефект, односно одбивност, е подеднакво важен. Верувам за вистински пристап кон детето, иако е твое, потребно е насочување и совети од лица со искуства во овие области. Талентот и негово реализирање е потребно да биде и уживање. Вистинскиот начин на кој ќе се оствари сето тоа, односно да биде успешен, мислам дека не е само во рацете на родителите.
Дали во Македонија има можност да се тестира некаде детето и да се префрли во понапредно одделение? Имам син кој е навистина преинтелегентен, сега е второ одделение ама е мноогу напреден.И учителката уште од лани вели дека детето е премногу напред за тоа што го учат,посебно е надарен за математика,во прво одделение додека учеа броеви и основи на собирање и одземање, он знаеше сложени математички операции, таблица множење и делење, сега знае и степенување и коренување, многу брзо памти и логиката му е страшно развиена, и сега веке наидуваме на проблем зашто тоа што го учат него му е прелесно и досадно.Каде можам да се обратам да го тестираат дали може да прескокне некое одделение?И колку е тоа паметно, од друга страна пак е моментот што е преактивно дете, едвај седи во место,цело време мора да се движи, 200 на саат е. Мислам дека во нашава држава немаме соодветен образовен систем за надарени деца, ниту кадар што би знаел да ги мотивира и насочи да остварат свој максимум, ако грешам поправете ме.
Прашај во училиштето како е постапката. Би требало да ти кажат. Инаку секогаш можело да се скокне одделение во погорните одделенија. Само што скокањето на одделенија прави проблем со емотивен и социјален развој. Детето одеднаш се наоѓа во средина со повозрасни и тоа не е секогаш позитивно за развојот. Имав двајца другари чии родители инсистираа на нивниот талент. Едниот скокна одделение во основно и на крај пукна на Факултет и не заврши факултет. Другиот го праѓаа на натпревари, одеше во Петница на летни школи и слично и е ОК снајден, ама не испадна нешто посебно „научнички дух“ или да е нешто специјално погоре од другите (и него му спласна амбицијата за повеќе во моментот кога родителите веќе не го притискаа). За успех во животот и користење на талентот не е доволно да се стимулира само талентот туку и другите аспекти на развојот на личноста. Во денешно време социјална и емоционална интелигенција се многу битни за успех. Ако сепак се работи за талент само за одреден предмет детето може да се стимулира со дополнителни задачи и слично. Пример за оние со „талент“ за Математика нека оди на Кенгур. Да се види до каде е со Математичката логика. Ако таму покаже особен успех тогаш ќе имаш доказ дека ете има нешто кај него па ќе бараш дополнителна стимулација. Инаку и мојот брзо сфаќа и лесно памти. Ама не сметам дека треба да го забрзувам образовно од аспект на скокање одделенија. Наставничката секако со група на деца кои имаат посебен интерес за математика работи во рамките на дополнителна настава (решаваат задачи од Нумерус на пример сега во 5-то, порано решаваа Математички приказни на компјутер до 3-то). Бидејќи му беше развиена таа логика се пријави за клуб по Шах во школо, па и тоа го тераше. Потоа проба со Курс по програмирање па сам сфати дека сеуште е мал за тоа па се повлече од таа активност. На оваа возраст мислам дека е многу побитно да им се развие љубов кон учење и истрајност и упорност да совладуваат и она што не го сакаат (да многу е битно зашто во светот на возрасните често треба да се истрае во нешто за да се стигне до целта), отколку фокусот да биде само на она што им е интересно.