Неверојатно талентирани деца

Discussion in 'Дете' started by iloveyou29, Oct 27, 2017.

  1. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Joined:
    May 14, 2012
    Messages:
    5,860
    Likes Received:
    32,473
    Gender:
    Female
    Инспирирација да ја отворам оваа тема добив од филмот Gifted.
    Постојат деца кои стварно се надарени и гениј во одредена област на многу мала возраст.
    Од тука се поставува прашање како родителите на тие деца се носат со тоа?
    Тие деца со голема леснотија отколку што е карактеристично за нивната возраст ги совладуваат предметите, и се многу креативни.
    Но за жал, најчесто тој потенцијал кај децата се "загушува" од нашиот образовен систем.

    Дали за тие деца треба да постои поинаков образовен систем,каде што дополнително ќе се работи за нивниот талент?

    Дали треба уште од мала возраст децата да се форсираат за таа област во која покажуваат голем потенцијал?

    Или сепак треба да се остават да бидат само деца, и да уживаат во детството?

    Кое е вашето размислување на оваа тема?
     
  2. danichap

    danichap Moderator Staff Member

    Joined:
    Jun 26, 2011
    Messages:
    16,532
    Likes Received:
    288,961
    Интересна тема.
    На жалост, после само неколку реченици, низ глава ми помина прашање обратно од она кое е поставено. Односно, како родителите на деца со тешкотии во учењето се носат со истото.

    Секако дека првенствено акцентот би се ставил на афинитетите на детето и лоцирање на неговиот талент во конкретната област. Неопходна е соработка од страна на детето, но зависно од областа можеби и вложуваље на некои финансиски средства.
    Со сила не може ништо.
    Не знам најточно дали постојат работилници, додатна настава, кампови или приватни школи за одделни области. Дали и колку школото и државата го поттикнува и стимулира истото.
    Пред се мислам на стипендии и посебни програми.
    Неопходно е да се разграничи стимулирање, форсирање и притискање.
    Стимулирање сметам дека е потребно кај секое дете, независно дали поседува или не некој талент. Логички или моторички вежби преку песна и игра се добри за нивниот развој.
    Форсирање е веќе дискутабилно и претпоставувам прашањето може да се примени баш на оние деца со натприсечен талент во нелоја област.
    Вистинското прашање е кој ќе го процени истото кај толку мало дете.

    Родителите?
    Родителската љубов можеби би довела до необјективност, па на пример они веруваат дека детето има талент(а нема).

    Начинот на кој ќе се стимулира или во случајов форсира тоа дете за да не дојде до обратен ефект, односно одбивност, е подеднакво важен.
    Верувам за вистински пристап кон детето, иако е твое, потребно е насочување и совети од лица со искуства во овие области.

    Талентот и негово реализирање е потребно да биде и уживање. Вистинскиот начин на кој ќе се оствари сето тоа, односно да биде успешен, мислам дека не е само во рацете на родителите.
     
    DAngel and iloveyou29 like this.