Серијава веќе нема смисла.Арас одеднаш како да станува психопат а Асја заљубена тинејџерка.Бахар се помалку ја прикажуваат а Дерин само прави глупости.Али претерува.Не знам каков ќе биде крајот ама беше поинтересна предходно серијава.
Во спојлер некој да ми прати што ќе биде со Нил, многу ми е мила, ама Селчук не ми е партнер и покрај тоа што го претставуваат како променет.
Спојлер И ова е нешто што не ми се допадна во серијава. Таква добродушна со идиот. Но, тоа е. Нил ќе биде со Селчук. И она ќе биде трудна од него.
Ја тепаше, ја кршеше, беше хоспитализирана поради него и само колку пати згрижена во амбуланта и тоа рокму од страна на Асија, се расправаа со полиции, забрани за пристап, а насилната жичка сеуште се чини му тлее, тоа се виде и кога беа на меден месец. Не ја удри, но изреагира луто при првиот проблем. Асија, пак ја поддржува врската, неразбирливо по мене, такво нешто од таков интелектуалец да се случи. Згора на тоа, има дете со друга жена, капак, ужас. И другава, докторкава, како кукла, убава, образувана и таа по Селчук. Сите по него, а тој и во одело е неугледен, несреден, нема став, држење, говор, како од улица собран, ама жениве луди по него, што Селчук ќе беше...
Заврши серијава? Ако да, како? Ја гледав во последно време, но не редовно и сега гледам не ја даваат веќе.