Доста фалена беше серијава на форумов, па ќе ја почнам и јас со гледање. Вака личи дека ќе биде интересна серија. Само дека е долга, се надевам нема во летниот период да ја прекинат неколку месеци, така не е интересно.
Ама пријателите попокварени од Волкан. На Асије и се прават пријатели, а знаат за неверството на Волкан и пред жена му глумат лудило.
Во другата серија и мене повеќе ми се допаѓаа глумците, Неслихан ми беше поубава како главен лик, а овде сега Дерин и Волкан се подобар избор вака за гледање од Мурат и Дамла. Само Дамла како глумеше, не знам дали ќе може некој како неа. Не знам, дали дека скоро ја изгледав серијава Добрина со слична тематика, оваа за сега ми е онака, не е нешто што не било веќе видено. Сепак, од се што се емитува на ТВ, само оваа серија ми е океј за гледање моментално, а може и со тек на време ќе стане поинтересна. Доста слични случки имаат со другата серија што беше, чим тие копирале од овие, требаше прво оваа да иде на ТВ, а после Добрина.