@nextredstyle Главната глумица е како џогер само стап-коски и коса какви вкусови, воопшто не е уба ни женствена
Прва беше Неверство снимана после онаа другата. Инаку мене Асја ми е маестрална. Џансу Дере како ја одигра улогата само. И си има посебна убавина. Мене ми е убава.
Знам да, затоа реков, требаше прво Неверство да иде, после Добрина зошто се гледа од тука се инспирирале со идеи за сцени. Не знам, не ми се допаѓала глумата на Џансу искрено. Добро и легнала улогата тука ама онака како глумица ми е мех. Вкусови. Од серијата Doctor Foster сцените ги прекопирале да се толку исти до детаљ, дури местењето на косата го преземала од глумицата Suranne Jones. Иако е римејк можеле да се малце покреативни... Зошто ми е гледана оригиналната, оваа уште не ме воодушеви нешто. Ама знам дека понатака експериментирале со сценариото малку, па затоа и давам шанса.
Овој Мерт(Ерен Вурдем) го гледав во друга серија Ветување(Söz) и таму многу ми се допадна.. тука воопшто не го сакам
Серијава вооошто не ми го задржува вниманието.Досадна ми е.Може се заситив од Добрина па оваа ми е така досадна за гледање.
Пропуштив 1ва и 2ра епизода. Може да ми каже некој како родителите на швалерката на волкан се познаваат со асија и волкан? Пријатели се?
Мајката на Дерин и е пациентка на Асија, имала срцев удар, она ја спасила. Ја викна на изложбата што ја организираше, таму ги запознаа мажите и се спријателија фамилијарно сега поради работата, нели Волкан е архитект, а другиот инвеститор, ќе работат заедно.
Асија е лукава, за разлика од Неслихан што беше наивна и простодушна, па сите ја влечеа за нос. Асија, барем според првиве епизоди нема да дозволи да заврши на улица (како што и се случи на Неслихан).
Јас ја гледам на Натабану со српски превод, до 10 епизода (турска) сум стигната, интересна е серијата, го задржува вниманието И се воодушевувам на снаодливоста и на трпението на Асија.
Да му се освети најпрво на Волкан што ја понижува цели 2 години и да се освети на жена му на Мерт која од сите другари од детството на Волкан, најзаштитнички се однесува кон него кога е неверството во игра.
Штета е серијава ја споредувате со Добрина. Ама може дека прво таа ја даваа, па гледате сличности. Темата е таа, ама оваа серија е врвна. Знам имаше голем рејтинг и доби доста награди, плус беше продадена во многу држави. Да ја гледате и не ја споредувајте, ниту пак Асја со Неслихан. Грев е.