Неверство и Добрина мене ми немаат никаква поврзаност со сценариото освен само заедничка ствар е што женети мажи имаат љубовница која се вклучува во нивните животи и се дешава хајка. Според мене Неверство ми беше 1000 пати подобра серија од Добрина. По модерна, поубава екипа на актери, глумата истотака. (Од тука првпат го дознав dyson стилизирачкиот сет за коса ) Глумата на Дерин е беспрекорна, скроз ја долови младата посесивно агресивна љубоморна швалерка која е спремна сè да направи да гази преку лешеви што се вика за да биде со човекот со кого е опседната. Моето мислење е дека Дерин не беше толку вљубена у Волкан, повеќе тоа нејзиното беше психолошко растројство. Инаку омилен лик ми беше Арас ќе се појави во втора сезона, и многу ми е криво што не завршија заедно со Асја, а премногу си одговараа
Не сум стигнала до таму со гледање, ама мене ептен ми се допадна психијатарот Тургај (вајда не му го згрешив името ) Многу е добар, а и ја сака Асија, има харизма, добар пар би биле, штета што не се заедно, а тој цело време е тука за неа и за Али.
Да и ја го сакав многу тој лик, ама кратко ќе глуми во серијата, ќе си замине за брзо. Мислам дека Дерја му го има фрлено меракот
Серијава ич не ми држи внимание за гледање. Колку и да пробував да и дадам шанса, не ми е ништо посебно, не знам зошто, а баш сакав да ја гледам после толку добри коментари тука. Особено последниве епизоди, се подосадна станува. Не се мачам више, ќе ја прекинам со гледање.
Интересна серија Асја му ја пушти змијата на Волкан нека се сомнева и мачи малку и он.Не ја оправдувам Асја што легна со Мерт не и беше потребно тоа умна успешна мена да падне толку ниско.
Може ли некој што ја гледал во спојлер да пише што понатаму ќе се случува, да знам дали да и дадам шанса за гледање оти некако ми е мех веќе.
Ве следам гледате серии од типот на Добрина, Ветена земја и не знам какви други со ужасно сценарио, а за ова серија која е одлична пред се, наградувана итн, ви е мех. Ништо лично, вкусови се во прашање, ама серијата е една од подобрите драми кои сум ги гледала, а имам доста серии изгледано, не турски. Врв е, за тоа како еден дом ќе биде уништен заради неверството на таткото. Тука е и приказната со Али, како детето понатака ќе го прифати и надмине и дали ќе го надмине разводот. Се фативте за Мерт, лик кој понатаму нема ни да постои во серијата.
Ќе згрешите ако не продолжите да ја гледате. Допрва следуваат интересни работи за гледање. Нема да кажувам многу детали, ама еве нешто за да ви привлечам внимание Спојлер Дерин и Демир имаат полубрат (Кој е откријте сами) Али ќе има проблеми во училиште поради кражби и кратко ќе оди да живее кај татко му Љубомората на Дерин, колку и да се обидува да ја сокрие, испливува на површина Дерин ќе биде исчезната, а Волкан обвинет дека ја убил Не треба да ги пропуштите зајадливите коментари на Џавидан кон Ѓонул Толку за сега, доста ви е
Спојлер Кој е полубратот? Од таткото ли на Дерин е? Мислам да не е оној наркоманот луд дечкото на таа со црвената коса пријателката на Асије? Кои беа Џавидан и Ѓонул?
Серијата е топ над топовите, посебно прва сезона. Само, ве читам сите упорно Асја, та Асја, жената се вика Асија
Сите на темава ја викаат Асја, затоа дадов добронамерна забелешка. Навистина сме и топ фанови на серијава ние две, и добро знаеме дека врска си нема со Добрина која не можат да ја прежалат членкиве Yargi изгледа само јас не ја загледав, ама знам дека ќе оди и во трета сезона. Мене моментално, опсесија ми е Aile, дури мал збор е да кажам опсесија, не можеа подобра серија да смислат Турциве
И давам шанса тогаш за гледање понатаму. Туку дали некој ја гледаше вчерашната епизода да каже што се случи во кратки црти, ја пропуштив.
Alie е единствената која не ми излегува на Тик ток и Инста и не знам што се случува, а се друго таму следам и немам желба да гледам. Да и дадам шанса а? Легендите на серијата