Вакви лигавешки размазенковци многу ми ништат епизоди. Особено кога ликот е тинејџер, а понашањето му е ко на тодлер.
Асија змија, конечно да има од двете страни негативци, и да не викам цело време леле која глупача, па кажи, што ќутиш.. Ама така и му требаше на Волкан, убаво му направи..
Ја изгледав првата сезона (која има 31 епизода) на Натабану и можам да кажам дека е врв серијава!!! Претпоследната епизода од прва сезона ме остави дури и во шок, не би да откривам, ама за сè има карма во животот, како велат тркалото се врти, само што понекогаш не плаќаат тие што ги направиле грешките туку нивните деца. И исто како велат секогаш вистината излегува на видело. Само жал ми е за Асија што цел живот страда поради други. А ако случајно не го научите каков е Волкан, последната епизода од прва сезона најдобро ќе ви покаже дека Волкан навистина е големо ѓубре, голем лажго и голем манипулатор. Дури ни Дерин не ја заслужува, а не па Асија...
Нешто во спојлер да напишеш Немам време да ја гледам на нет, навечер пред спиење фаќам на почеток и многу е јака серијава!!!
А кога дојде во вчерашната епизода таткото на Дерин кај Асија, зошто Асија кажа дека нема да ја пријави Дерин? Што направила Дерин дали сум пропуштила нешто?
Да, идејата за сценарио од таму им е, не е сокриено дека инспирацијата е од таму, но ете голем успех имала серијава и како римејк. Мене лично ни оригиналната серија не ми беше нешто, многу кратки беа епизодите, нафрлано се во 10 епизоди, ликовите беа исто полош избор од тука. Сценариото генерално едно исто, веројатно затоа и не ми држеше внимание зошто оригиналната ми беше гледана. Сепак повеќе ми се допаѓа кај турската верзија што подолги се епизодите, не е се натрупано и не се случува се до толку набрзина како кај Dr. Foster.
Не ја сака Спојлер Да ја сака нема да ја изневерува, затоа што на Мерт не му е прво неверство сега со Асија, а ниту последно. Со Асија само еднаш и толку, ама него ниту прво, ниту последно неверство му е...
Неколку пати случајно на Сител сум ја начекала серијава при менување на канали на Тв, значи полоша синхронизација немам слушнато... Ич не ми е некако погодена и не ми е пријатна за слушање Може дека сум се навикнала на Натабану да ги слушам оригиналните гласови
Десетина гласови ги синхронизираат сите серии. Исти гласови, синхронизираат повеќе ликови, плачат, се смеат, викаат, урлаат, пиштат, вриштат, потоа ,,глумат" деца преправајќи ги гласовите, во меѓувреме влегуваат од лик во лик со задебелување на гласовите итн.