Г. и г-ѓа Бенет се родители на пет немажени ќерки: Џејн, Елизабет, Мери, Кити и Лидија. Г-ѓа Бенет е опседната со тоа да ги омажи ќерките за богат човек, зашто по смртта на г. Бенет нивната куќа ќе му припадне на г. Колинс, нивен далечен роднина. На соседниот имот се доселуваат богатиот г. Бингли со неговата сестра, пријателот Фицвилијам Дарси, другата мажена сестра, г-ѓа Хрст и нејзиниот сопруг. На јавен бал, Г. Бингли е маѓепсан од Џејн и сериозно се вљубува во неа, додека, пак, Дарси одбива да танцува со Елизабет зашто мисли дека не е доволно убава. Елизабет случајно го слуша ова и ѝ се чини дека г. Дарси е многу горд човек. По балот, Џејн добива писмо од г-цата Бингли во кое ја поканува на нивниот имот Недерфилд. Притоа, Џејн се разболува и мора да остане неколку дена таму. Елизабет ѝ доаѓа во посета. Во исто време, кај Бенетови доаѓа на посета г. Колинс, наследникот, којшто планира да се ожени за една од сестрите. Тој ја запросува Елизабет, но таа го одбива; малку подоцна, тој се свршува со пријателката на Елизабет, Шарлот Лукас. Во селото доаѓа војската и Елизабет му се додворува на г. Викам, од кој подоцна ќе дознае дека тој се знае со Дарси и дека Дарси го лишил од богатството коешто нему му припаѓало по смртта на таткото на Дарси. На големо изненадување на Џејн, Бингли оди во Лондон и таа добива писмо од г-цата Бингли дека најверојатно нема да се вратат. ја имам прераскажано книгата зашто неможев да најдам на нет на македонски јазик Елизабет оди на посета кај Шарлот, а Колинс ги носи кај Кетрин де Бург, нивната заштитница. Таму го среќава Дарси, на кој малку време му треба да ѝ признае дека ја сака. Но Елизабет го одбива; го обвинува за несреќата на сестра ѝ Џејн, велејќи дека тој го набедил Бингли да ја остави Џејн, и за г. Викам, што го лишил од богатството. Малку подоцна, тој ѝ дава писмо во кое ѝ објаснува дека не е виновен ни за едното ни за другото. Подоцна, Елизабет оди кај нејзините тетин и тетка, Гардинерови и заедно со нив оди во Пемберли, имотот на Дарси, мислејќи дека тој не е таму и дека наредниот ден ќе дојде со сестра му Џорџијана, но тој изненадно се појавува таму. Кога Дарси и Елизабет почнуваат да се зближуваат, Елизабет добива писмо од Џејн во кое ѝ кажува дека сестра им Лидија побегнала со Викам. Лизи се враќа дома, а набрзо доаѓаат Викам и Лидија венчани. Лидија случајно издава пред сестра ѝ дека Дарси ги нашол и бил присутен на нивното венчање. Откако Лидија и Викам си заминуваат, кај Бенетови доаѓа Кетрин, барајќи од Елизабет да се откаже од љубовта што ја чувствува кон Дарси, но Елизабет одбива. Леди де Бург оди кај Дарси и му открива дека Елизабет го сака. Потоа и Бингли се враќа во Недерфилд и запросува Џејн, а Дарси ја запросува Елизабет. На крајот се венчаваат. http://imagecache2.allposters.com/IMAGES/153/985911.jpg ја прераскажав книгата зашто на нет го немаше прераскажано филмот http://www.youtube.com/watch?v=E-GjOrQI ... playnext=2 иначе филмов колку пати да го гледам нема да ми се здосади
bride and pedjudice-Гордост и предрасуди Си ја раскажала книгата, а не го знаеш насловот Pride and Prejudice... Насловов е многу важен.. вакви грешки друг пат не
Bride and pedjudice- невестата и предрасуди ја имам читано книгата, како дело за обработка ја имавме на факс
^ Базиран е на оригиналот, приказната е таа, само има и многу измени - имињата, местата итн. Го имам гледано, за тепање време арен е, ама сепак сум за оригиналот. Еден индиски танц, еден арап во мерцедес и индиска варијанта на англискиот јазик не можат никако да ги заменат типичниот англиски говор/акцент и чувството како да се наоѓаш во тоа време што се добива додека се гледа филмот. Ако сакатеда гледате филм и да му ја сфатите точната содржина и чувства и атмосфера и јазик и сите други работи, ви го препорачувам оригиналот.
Филмот што си го раскажала е Pride and Prejudice - Гордост и предрасуди според романот на Jane Austen и го имам гледано предобар е.А за овој Bride & Prejudice на интернет има поинакво објаснување. http://en.wikipedia.org/wiki/Bride_and_Prejudice