Сосем се согласувам. Јас за свадбата прв пат бев на шминкање. Нели професионални подлоги па траат повеќе. Сто пати реков сакам нежна шминка, а ко травестит ме направија. И закажале 20 души после мене. Се направи гужва, ја се изнервирав и си отидов. После дома 2 саати пробував да ја намалам шминката, а без моите шминки (бев преселена веќе кај вереникот), собирав шминки од тетки од деверица, од братучедки, кој што има по ташна. Сто пати се покајав што не се шминкав сама. И сега си ги гледам сликите и се каам што не бев на пробно шминкање. Денот ми се упропасти. Snow-Queen, post: 1252123 Е баш вака бев нашминкана, и не ми се свиѓа како стои на невеста. Ептен е несоодветно за бел фустан.
Имаш профил на Пинтерест? Пинувај за инспирација, сигурно ќе најдеш многу. https://www.pinterest.com/search/pins/?q=wedding makeup И кликај си на сликите што ти се допаѓаат, ќе те носат до изворните сајтови каде што има повеќе. Инаку, мене секогаш ми се допаѓа како ги шминкаат славните за Оскарите. Нежно, само колку да им се нагласат природните црти и да се истакне нивната убавина. Без маски. Може и кај нив да најдеш инспирација. https://www.google.com/search?q=osc...oTCImKsYiq_cYCFQH-cgod_DgMlQ&biw=1366&bih=677
Ми помина времето за редактирање, ама се сетив на Hala Ajam - ја следам на Facebook и ептен е добра. Сега, арапските жени имаат поинакви црти и им одговара појака шминка, ама еве можеби ќе послужи за пример.
Јас бев со многу едноставна шминка. Освен туш, имав малку сенка што ми ги правеше поблагоки очите. Косата ми беше пуштена, виткана на четки и фен. Си поминав прекрасно. Се чуствував многу природно и пристојно. Не бев најубава од сите пристутни, но дефинитвно бев најсреќна Се помина во најодличен ред, и така сите гости беа дојдени да ја прослават нашата свадба, а не да воздивнуваат на мојата убавина Добро, барем ден од нив, се надевам