Да ми препорачате место каде што работат добро? До сега маникир и надградба на нокти имам ставано само еднаш во афродита-с ама не бев баш задоволна па не сакам за свадба да идам таму , а за друго место не знам
(кај овие цветчето може да биде во иста боја со бидермаерот и машничката на младоженецот, не мора розева)
Идни невести една препорака до сите вас!!! Изборот на нокти е личен вкус на секоја невеста, но кој и како ќе ви ги изработи е многу битна работа. Од мое лично искуство ви препорачувам кај Дадар никако. Јас се одлучив за невестински пакет кај нив, но не сум воопшто задоволна. Жената што ги работи ноктите е некако отсутна и чудна, а за квалитетот на работата катастрофа - мене 2 нокти (гел нокти) ми паднаа пред самата венчавка, иако ноктите ми беа направени само 3 дена пред свадбата.